Во Грција уште 98 починати од корона вирусот и 1.383 заразени


Бројот на починати од Ковид-19 на дневно ниво во Грција и понатаму е висок, а во изминатите 24 часа се регистрирани 98 смртни случаи, додека пак намален е бројот на новозаразрени.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, регистрирани се 1.383 нови случаи, од кои 305 се во Солун, а 260 во Атина.

Приклучени на апарати, во грчките болници се 594 пациенти 18 помалку од вчера.

Од почетокот на епидемијата во Грција има 114.568 позитивни случаи на Ковид-19 и 2.804 починати.