Во Австрија голема невработеност, а недостиг на работници


Во Австрија постои парадоксална состојба на пазарот на труд, бидејќи покрај големата невработеност како резултат на кризата со коронавирусот, на многу компании им недостига потребната работна сила. Во моментов во Австрија има повеќе од 410.000 невработени, а претседателот на Австриската стопанска комора, Харалд Марер очекува овој месец тој број да се зголеми за уште 80.000. […]

Познат идентитетот на убиената гостиварчанка, осомничениот во бегство


Познат е идентитетот на убиената гостиварчанка. Станува збор за Џ.И. од населбата Бањешница, а осомничен е нејзиниот 67-годишен сопруг Џ.И, кој е во бегство. Случајот го пријавил нивниот 33-годишен син, кој утринава околу 6 часот ја нашол убиената во спалната соба со повреди по телото.  Според првичните сознанија на Обвинителството, осомничениот со секира и нож […]

Во струмичко Василево децата ќе одат на училиште


Членовите на Советот на општина Василево дадоа согласност за организирање на настава со физичко присуство за учениците од четврто до деветто одделение во општинските основни училишта. -Деновиве во тек е анкетата со родителите на учениците кои се изјаснуваат каков вид на настава да посетуваат нивните деца и според досегашните резултати најголем број ја поддржале опцијата […]

Епидемиолозите ги предупредуваат Црногорците: Да се вклучат сите политичари, верски лидери, спортисти


  Откако вчера, втор ден по ред во Црна Гора беа регистрирани повеќе од 200 новозаболени до Ковид-19, водечкиот епидемиолог Бобан Мугоша предупреди дека епидемиолошката ситуација во Црна Гора е многу сериозна и оди накај драматичма. Мугоша кој е директор на црногорскиот институт за јавно здравје, рече дека анализите покажуваат дека речиси 30 отсто од […]

Каракачанов сака да ги блокира преговорите на Македонија со ЕУ


Бугарија ќе ја блокира првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ, ако мешовитата комисија не постигне согласност за отворените историски прањања, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов. Тој во изјава за ТВ 24 вели дека македонската дипломатија веќе три години откако е потпишан Договорот за добрососедство одбегнува решавање на проблемите и […]

РКЕ и ЗНМ ја продлабочуваат соработката


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) потпишаа меморандум за соработка во кој основен постулат е информирање на граѓаните за постапките и процесите за заштита на правата на потрошувачите за енергетските услуги. Целта на потпишувањето на меморандумот е да се направи платформа за соработка и обуки помеѓу […]

Маричиќ: Оваа структура на ВМРО-ДПМНЕ не ја интересира правда


Оваа структура на ВМРО-ДПМНЕ покажа на дело дека за правда не е заинтересирана. Три години господинот Мицкоски имаше подадена рака за многу законски проекти за реформа на правосудството, вели новиот министер за правда, Бојан Маричиќ за Дојче веле. -Секако, опозицијата има право да протестира кога сака и каде сака. Тоа е плод на нашата демократија. […]

Маж од Гостивар ја убил сопругата со нож и секира


Во Гостивар е убиена 60-годишна жена, а осомничен е нејзиниот сопруг, 67-годишен жител на Гостивар, со кого подолго време имала нарушени односи. Според првичните сознанија на Обвинителството, осомничениот со секира и нож ѝ нанел повеќе убодни рани по телото. Осомничениот во моментот е недостапен за органите на прогонот. Случајот е пријавен утринава околу 7 часот […]

Помпео: Постои значителна шанса дека високи руски претставници наредиле труење на Навални


Американскиот државен секретар Мајк Помпео тврди дека постои „значителна шанса“ високи руски претставници да наредиле наводно труење на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални. – Постои значителна шанса дека ова всушност потекнува од високи руски функционери, се наведува во транскриптот на Стејт департментот што изјавил Помпео за една радио станица. Помпео рече дека САД проценуваат како […]

Нови правила за Оскарите, Холивуд реагира


САД– Американската глумица ги критикуваше новите правила за Оскарите, оценувајќи ги како „крајно левичарски“. „Ова е срамота за уметниците насекаде… Можете ли да замислите да му кажувате на Пикасо што требало да има на неговите е**** слики. Вие, луѓе, го изгубивте умот! Контролирање уметници, контролирање на индивидуалната мисла… ОСКАР ОРВЕЛ“, напиша таа на Твитер. За да има право […]

Значително опаѓа посетеноста во Охрид и туристичките населби на брегот на Охридското Езеро


Одложувањето на почетокот на училишната година и убавото време ја продолжија сезоната на охридското крајбрежје, но посетеноста на градот и околните места забележително опаѓа. Изминатиот викенд во градот имаше солидна посетеност, оние што можеа го споија викендот со неработниот ден по повод националниот празник, но веќе сега градот ја добива онаа своја слика, карактеристична за […]

Он лајн средба на Бесими со претставници на ММФ: Целта ни е следните години растот да се дуплира


Кризата предизвикана од Ковид 19 и нејзиното влијание врз македонската економија, преземените пакет-мерки и новиот  што се изготвуваат во соработка со сите чинители во економијата, како и во консултации со Светска банка и ММФ, беа тема на разговор на првата он-лајн официјална средба на министерот за финансии Фатмир Бесими со Бергјот Бјорнсон Баркбу, шеф на […]

Во изминатите 24 часа 391 казна за неносење маски


Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 391 прекршок. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Испораката на вакцини против коронавирус во светот ќе биде историски предизвик, потребни 8.000 авиони


Англија – Испораката на вакцини против коронавирус во светот ќе претставува најголемиот транспортен предизвик во историјата, сметаат претставници на авиоиндустријата, пренесува Би-Би-Си. За да се дистрибуираат вакцините во сите земји ќе бидат потребни 8.000 авиони Боинг 747, соопшти Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА). Иако вакцината сè уште не е произведена, со исклучок на Русија, ИАТА уште […]

Бројот на заразени со коронавирус во светот надмина 28 милиони


САД – Бројот на заразени со коронавирус во светот надмина 28 милиони. Вирусот е потврден кај 28.029.608 лица, покажуваат податоците на порталот „Ворлдметерс“. Вкупно 908.050 луѓе починаа од вирусот, а 20.106.316 луѓе се излекувани. САД, Индија и Бразил имаат најголем број заразени, каде што има и најголем број смртни случаи.      2020-09-10 08:42:41, од Пандорка Арсовска-Гацова

Што им прави корона-кризата на Германците?


Германците се горди на тоа како нивната земја се справи со пандемијата, но во исто време секој трети смета дека Владата прави кризата да изгледа поголема отколку што е. Како соодветствува ова? На кој социјален тип припаѓате? Дали сте ​​„отворената личност“ за која космополитизмот и критичкото размислување се на прво место? Или се вбројувате меѓу […]

Новата учебна година во Италија ќе започне во понеделник со максимални безбедносни мерки


Италија – Новата учебна година во Италија ќе започне во понеделник, на 14 септември, со максимални безбедносни мерки и правила за спречување на ширење на вирусот Ковид-19, потврди италијанскиот премиер Џузепе Конте. – Интензивно работевме на повторно отворање на училиштата. Оваа година тоа ќе се одржи на нов и потежок начин, што е предизвик за италијанскиот систем, […]

Словенија го крати карантинот од 14 на 10 дена


Словенија – Експертскиот медицински тим што ја советува словенечката Влада предложи да се намали времетраењето на задолжителниот карантин од 14 на 10 дена. – Ризикот од заразување може да биде малку поголем, но оваа мерка ќе го намали притисокот врз словенечката економија, смета епидемиологот Бојана Беовиќ. Како што пренесува агенцијата СТА, овој предлог е поддржан и од словенечкиот […]

Ким Џоунс го наследи Лагерфелд во „Фенди“


Франција– По две години откако модната легенда Карл Лагерфелд почина, Фенди, модната куќа која ја водеше иконата веќе 54 години, официјално ја именуваше неговата замена. Британецот Ким Џоунс, уметничкиот директор на Диор Хом, ќе добие дополнителна улога како уметнички директор на женската линија на „Фенди“. Првата колекција на Џоунс ќе биде прикажана за време на […]

ФАЦ: Потребно ли е ново проширување на ЕУ?


Колку е сериозен процесот на проширување на ЕУ и дали земјите од Западниот Балкан треба да се надеваат дека тој ќе резултира со нивно полноправно членство. Оваа тема ја анализира германскиот Франкфуртер алгемајне цајтунг   „Дали Европската унија треба и натаму да расте или со оглед на својата внатрешна состојба е одамна преголема“, се прашува […]