Митреска за МИА: Банкарскиот сектор доволно силен да апсорбира евентуални загуби


Македонската економија, ковид-кризата, која е присутна веќе половина година главно ја минува во согласност со очекувањата на Народната банка, оценува вицегувернерката Ана Митреска во интервју за МИА, во кое истакнува дека банкарскиот сектор е стабилен и доволно силен да апсорбира евентуални загуби предизвикани од ковид-кризата, дека има зголемување на депозитите на месечна основа, а и […]

Новите антикризни мерки до крајот на следната недела – финансиска поддршка за најпогодените граѓани и фирми


Поддршка на приватната потрошувачка со ваучери и картички за најсиромашните, како и таргетирана поддршка на најпогодените компании од ковид кризата. Кон тоа се насочени новите антикризни мерки за стопанството и населението  што се уште ги дефинира владиниот економски тим. Пресметките за вредноста на мерките се уште траат, а нивната објава е пролонгирана за следната недела. […]

(Видео) Голем пожар во мостарско Крушево се заканува на куќите


  Голем пожар избувна денеска во мостарската населба Крушево. Состојбата е драматична, јавува Дневни аваз, додавајќи дека во гасењето учествуваат повеќе противпожарни екипи, на кои им помагаат и мештаните. Гасењето е отежнато од силниот ветар, а огнот се заканува да ги зафати и куќите. „Пожарто изби денеска околу 11.40 ласот и е од големи размери, […]

Димитров: Меморандумот од Бугарија засега не прави пречки во преговорите со ЕУ


Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров оценува дека Меморандумот на Бугарија во определни делови е многу навредилив и дефинитивно не е во функција на градење на блискост, пријателство и на заедничка европска иднина. -Не можам да кажам дека читајќи го и препрочитувајќи го дека немам проблеми со текстот. Имам големи проблеми, во определени делови е […]

Европската агенција за лекови го одобри дексаметазонот за лекување на корона вирусот


Европската агенција за лекови ја одобри употребата на дексаметазон за третман на пациенти заболени со Kовид-19 кои имаат проблеми со дишењето, отворајќи го патот овој стероид да стане втор одобрен лек за третман на Kовид-19 во Европа по ремдесивирот. ЕМА денеска објави дека лекот може да биде опција за лекување на возрасни и адолесценти на […]

Во Италија денеска најголем број новозаразени од мај – 1.907


  Италија регистрира 1.907 нови случаи со корона вирус во последните 24 часа, најголемо дневно зголемување од почетокот на мај, соопшти денеска Министерството за здравство. Уште десет лица починале од ефектите на вирусот. Последен пат слично зголемување на дневниот број на инфекции е забележано на 1 мај, кога имаше 1.965 нови случаи. Од почетокот на […]

Германското МНР не го коментира бугарскиот меморандум, историјата нека им остане на историчарите


Германското Министерство за надворешни работи одбива директно да го коментира бугарскиот меморандум за преговорите на Северна Македонија со ЕУ, но вели дека останува валидна формулата на премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов, според која историјата треба да им се остави на историчарите. Ваков одговор од германското Министерство за надворешни работи добиле од Дојче веле на […]

Османи: Не може да има разговор за идентитетските атрибути, но мора да има продолжување на сите обврски од Договорот за добрососедство


Имаме точно зацртана цел и стратегија што сакаме да постигнеме и по која цена сакаме тоа да го постигнеме. Целта ни е постигнување консензус по однос на текстот на преговарачката рамка и најдоцна до декември годинава да се одржи првата Меѓувладина конференција, а црвената линија ни е дека не може да има разговор за идентитетските […]

Франција во тревога – бројот на дневни инфекции стигна до 13.000


Франција објави невидени 13.215 нови потврдени случаи на Ковид-19 во последните 24 часа. Министерството за здравство исто така соопшти дека вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 се зголемил за 154 на 31.249. Тоа е највисокиот број починати во еден ден во последните три месеци. Бидејќи стапката на инфекција се зголемува секојдневно, најпогодените региони и […]

Нови 339 случаи на Ковид-19 во Грција, дополнителни мерки во поширокиот регион на Атина


Дозволено собирање на најмногу девет луѓе на отворено и затворено, откажување концерти и кино проекции во затворени сали, дозволени најмногу 20 лица на свадби, крштенки и погреби, задолжително работење на далечина за 40 отсто од вработените во приватниот и јавниот сектор, онаму каде што е изводливо, се дел од дополнителните мерки за областа Атика, поширокиот […]

Земјотрес со јачина од 5,3 степени регистриран на грчкиот остров Крит


Во морскиот дел јужно од грчкиот остров Крит, кусо пред 19.30 часот по локално време, беше регистриран земјотрес со јачина од 5.3 степени според Рихтер, согласно податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина. Засега нема информации за повредени или за причинета материјална штета.

Гостиварци наместо на улица против поскапената струја ќе се борат во институциите


Со краток марш и протестен собир пред седиштето на ХЕЦ Маврово, група гостиварци искажа незадоволство против одлуката за поскапување на струјата. Организаторите на протестот, напоменаа дека ова ќе биде последниот протестен собир, а барањата ќе ги остваруваат преку институциите. Седмиот по ред протест започна од корисничко енергетскиот центар Гостивар (КЕЦ) на ЕВН по што протестантите […]

Единствениот пратеник Македонец во албанскиот парламент го отвори проблемот со Преспанско Езеро


Продолжуваат реакциите по вчерашниот настап на Васил Стерјовски, единствениот пратеник од македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, на пленарната седница на албанскиот Парламент. Тој од министерот за туризам и животна средина, Бленди Клоси, побара, меѓу другото одговор за тоа што презема Албанија за еколошката катастрофа што му се заканува на Преспанско Езеро, како и […]

Новата пруга од Битола кон Грција зараснува во треви, возови уште нема


Иако пругата е обновена во јануари 2019 година до денеска не е пуштена во сообраќај. Уште се тестира. Никој не дава вистински одговор зошто е закочена работата   Анета Блажевска БИТОЛА – Џбунови со висока трева ја обраснале таблата поставена во индустрискиот дел на Битола, на почетокот од новата пруга Битола-Грчка граница. На таблата убаво […]

И Амал Клуни му сврте грб на Џонсон


Амал Клуни, истакната адвокатка за човекови права, поднесе оставка од функцијата специјална претставничка на Велика Британија за слобода на медиумите во знак на протест против намерата на Владата да го прекрши меѓународното право со донесување закон за внатрешен пазар. „Во жестоката осуда на заканата на британскиот премиер Борис Џонсон дека ќе ги прекрши британските меѓународни […]

Груби и Арифи ќе го развиваат Тетово


Перспективите и понатамошниот развој на Општина Тетово и поддршката од централната власт за проектите на општината, беа тема на разговор на денешната средба меѓу првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. Како што информираат од Кабинетот на првиот вицепремиер, Груби ветил дека ќе […]

Во Струмица пријавен случај на обљуба врз малолетно машко дете


Во СВР Струмица е пријавен случај на обљуба врз малолетно машко дете од страна на 16-годишник. Случајот вчера го пријавила мајката на малолетното дете. Од МВР денеска информираа дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Отказ за советник на поранешниот министер Чулев поради насилно и недолично однесување


По спроведената дисциплинска постапка од  дисциплинска комисија Министерството за внатрешни работи денеска му го откажа договорот за вработување на З. Ѓ. на работното место државен советник за полициски и криминалистички работи во Кабинет на министер, кој на оваа позиција беше поставен во периодот на техничката влада, кога на чело на МВР беше Наќе Чулев. Отказот, […]

Трамп сакал да го помилува Асанж во замена за информација за хакираните сервери на Демократската партија


Претседателот на САД, Доналд Трамп, се согласил да го помилува основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, ако тој открие кој стои зад упадот во серверите на Демократската партија во 2016 година. Ова денеска го соопштија некои американски медиуми, повикувајќи се на адвокатот Џенифер Робинсон, пренесе дописникот на МИА од Вашингтон. Според заштитата на Асанж, кој во суд […]

„Инвеститорски ден“: На Берзата склучени 339 трансакции, најмногу од јуни


На денешниот „Инвеститорски ден“ на Берзата склучени се вкупно 339 трансакции што е најголем број од јуни до денеска. – Вториот најголем број на трансакции на дневно ниво во овој период е 169, а просечниот дневен број на трансакции изнесува 62 трансакции, соопшти Македонската берза. Вкупниот промет од тргување во БЕСТ системот денеска надминал милион […]