Путин во ОН повика на укинување на санкциите со цел да се зајакне светската економија


Русија– Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека ставањето крај на „нелегитимните санкции“ против земји како неговата може да ја зајакне светската економија погодена од коронавирусот и да отвори нови работни места. Во говорот емитуван на почетокот на годишното заседание на Генералното собрание на ОН, кое годинава поради пандемијата се одржува виртуелно, тој ја истакна потребата од мултилатерална соработка […]

Фејсбук поради регулативи најавува можност за напуштање на Европа


Англија – Американскиот Фејсбук предупреди дека може да се повлече од Европа доколку ирскиот комесар за заштита на податоци спроведе забрана за размена на податоци со САД. Ирскиот комесар најави можност за донесување на таква одлука откако Европскиот суд на правдата во јули пресуди дека нема доволно заштита од пристап на американските разузнавачки агенции до податоците на Фејсбук. […]

Јубилеен концерт на „Синтезис“, специјални гости Влатко Стефановски и Наум Петрески


Групата Синтезис вечер со славенички концерт на плоштадот Мајка Тереза (плато пред МОБ), ќе го одбележи 25 годишниот јубилеј од артистичката кариера. Концертот почнува во 20 часот, а специјални гости ќе бидат Влатко Стефановски и Наум Петрески. Етно групата Синтезис во изминативе 25 години има одржано повеќе од 500 концерти на сите континенти и настапи […]

Продолжува собраниската седница за избор на заменици-министри


Собранието денеска треба да ја продолжи седницата за избор на заменици министри во Владата. Продолжението на седницата претседателот на законодавниот дом Талат Џафери го закажа за 14 часот, но, како што најави, можно е и пролонгирање поради заседавањето на Советот за безбедност кај шефот на државата Стево Пендаровски. Премиерот Зоран Заев вчера во образложението пред […]

Берлин против нови критериуми за Скопје, ЕУ испраќа помош од 120 милиони евра


Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, вчера оствари неколку средби со претставници на ЕУ, за прв пат откако е поставен на оваа позиција. Шефот на македонските евроинтеграции се сретна со неговиот германски колега Михаил Рот, чија земја претседава со Европската Унија до крајот на оваа година. Димитров и Рот разговарале за усвојувањето на преговарачката рамка […]

Се враќаат на работа родителите на деца до шест години, лицата кои користеа продолжено породилно и дел од хронично болните


Од денеска се враќаат на работа родителите на децата до шест години, лицата кои користат продолжено породилно отсуство и дел од хронично болните лица. Владата ја донесе оваа одлука пред две недели, откако се отворија градинките и дневните центри за ран детски развој и се утврдија речиси сите протоколи за функционирање во сите сфери, со […]

Се влошува состојбата со Ковид-19, можни нови рестриктивни мерки


Состојбата со Ковид-19 станува се полоша. На дневно ниво се зголемува бројот на заболени, а според надлежните главната причина за ова е непочитувањето на мерките. Токму затоа, можно е воведување на нови рестрикции, а најмногу се размислува за  задолжително носење маски на отворено, ограничување на бројот на лица на одредени места, но и засилени контроли […]

Променливо облачно, попладне дожд и грмежи


Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви […]

Царовска: Не се согласувам дека е подобро да се прескокне оваа учебна година


Сите заедно можеме да покажеме дека училишната 2020/2021 година ќе биде успешна. Наставниците се основата. Предизвици има и сите имаме одговорност, и родителите и учениците и пратениците и медиумите, да покажеме дека системот мора да функционира и образованието мора да продолжи. Ова го нагласи министерката за образование и наука Мила Царовска во дебатната емисија „Програма […]

Суарез под истрага за измама на испитот по италијански јазик


Испитот за италијански јазик што го полагал напаѓачот на Барселона, Луис Суарез, со цел да му биде даден италијански пасош, беше анулиран од локалната финансиска полиција. Членот на уругвајската репрезентација успешно го помина тестот во Перуџа, но се покажа дека темите во него и крајната оценка се однапред договорени. – За време на истрагите делегирани […]

Швајцарското обвинителство бара затвор за шефот на ПСЖ


Швајцарското обвинителство во вторникот побара претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Хелаифи и поранешниот потпретседател на ФИФА, Жером Валке, да одат во затвор за корупција во врска со распределбата на телевизиските права за Светските првенства во фудбал. Обвинителството побара 28-месечна казна за Ал-Хелаифи, кој е и претседател на „beIN Media“ и три години за Валке […]

Помината уште една трагична граница: 200.000 мртви во САД


  САД достигнаа уште една друга трагична точка во смртните случаи од Ковид-19, со повеќе од 200.000 луѓе кои починаа поради вирусот, според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс. Смртта достигна најмалку 200.005, според пребројувањето на центарот за ресурси за корона вирусот на универзитетот. САД имаат најмногу смртни случаи на Ковид-19 во светот, пред другите нации […]

Tрамп во ОН ја обвини Кина за пандемијата, Си повика на светско единство против корона вирусот


Американскиот претседател Доналд Трамп настапи денеска во виртуелен формат на 75. Генерално собрание на ОН што неделава започна во Њујорк. Првпат во историјата на ова светско меѓународно тело поради пандемијата, ГС се одвива во виртуелен формат. Покрај Трамп, денеска настапија и рускиот претседател Владимир Путин и нивниот кинескиот колега Си Џинпинг. Фокусот на говорот на […]

Премиерот Заев му пиша на патријархот Вартоломеј – побара благослов за автокефална МПЦ-ОА


Премиерот Заев во писмо до цариградскиот патријарх: Православниот народ во нашата земја заслужува црковна независност и автокефална Македонска Православна Црква – Охридска архиепископија со благослов и писмена одлука од цариградскиот патријарх Вартоломеј   Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев испрати писмо до неговата светост, патријархот Вартоломеј, поглаварот на Цариградската патријаршија, во кое […]

Шахпаска: Остануваме на ставот дека родителите треба да се вратат на работа


Со создавањето на услови за сместување на децата во претшколски установи – градинки и дневни центри за ран детски развој, создадовме простор од две недели,  до 23  септември, за враќање на сите родители на своите работни места, односно со отворањето на градинките се изгуби смислата зошто родителите би останале дома кога градинките ги отворивме, изјави  […]

Отворена канцеларија на американската ДФЦ во Белград


Со денешното отварање на канцеларија на Меѓународната финансиска корпорација за развој на САД (ДФЦ) во Белград, САД и Србија симболично пратија порака дека се посветени на имплементација на потпишаниот договор за економско нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, изјавија по денешната средба на американската и српската владина делегација, специјалниот пратеник на американскиот претседател Ричард […]

Зелено светло за изградба на пруга до Албанија


Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за изградба на железничката пруга Кичево – граница со Албанија во две фази и го задолжи Министерството за финансии да достави Барање за изразување интерес до меѓународните финансиски институции и билатерални кредитори за обезбедување на финансиски средства во износ од 426 милиони евра за финансирање на првата фаза […]

Се отвораат кината и театрите, физичко присуство во 169 училишта


На последната седница на владата е решено да се дозволи работата на кината, театрите, оперските и балетски престави согласно протоколите за заштита од ковид. На денешната седница на Владата е усвоен и Извештајот за работата на Комисијата за разгледување на поднесени барања од страна на основачот на училиштето за организирање на настава со физичко присуство, […]

Владата ја одреди помошта за откуп на грозјето


Владата на денешната седница ја усвои „Информација за состојба на откупот на грозје од реколта 2020 година со предлог мерки“, со која го задолжи Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата  задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции да подготви мерка од Програмата за поддршка од КОВИД-19 во висина од 4 денари […]

Предвреме ќе се исплатат септемвриските пензии


Владата на денешната седница донесе одлука во понеделник, на 28 септември 2020 година да се врши исплата на пензии со висина до 11.000 денари, во вторник, на 29 септември 2020 година да се исплаќаат на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари, во среда, на 30 септември 2020 година да се врши исплата […]