Царовска: Не се согласувам дека е подобро да се прескокне оваа учебна година


Сите заедно можеме да покажеме дека училишната 2020/2021 година ќе биде успешна. Наставниците се основата. Предизвици има и сите имаме одговорност, и родителите и учениците и пратениците и медиумите, да покажеме дека системот мора да функционира и образованието мора да продолжи. Ова го нагласи министерката за образование и наука Мила Царовска во дебатната емисија „Програма 200“ на Алсат Телевизија.

„Не се согласувам дека е подобро да не се одржува настава оваа година. Изгубено време во развојот кај децата се изгубени години понатаму за државата. И во војни се одвивала настава, понеквалитетна, со прекини, но имало едукација. Нека биде и со паузи и со намален квалитет, ама стимулацијата на децата ќе продолжи затоа што за нивниот мозок, за нивниот развој е многу важно да има настава“, посочи Царовска.

Континураната обука на наставниците ќе продолжи. Важно е да се работи на нивна мотивација и да обезбедуваме настава и во време на пандемија. Тешкотиите на којшто ќе наидуваме заеднички  ќе ги надминува и затоа МОН е во постојан контакт со синдикатот, директорите на училиштата и градоначалниците.

„Општините во моментов се одговорни и се подготвуваат, како за инфрасруктуирата, така за интернет и за компјутери и тие треба овој пат да бидат на висина на задачата. Ова се вонредни околности. Со градоначалниците и директорите сум во постојана комуникација, јас како министерка никогаш не носам одлуки самостојно. Заштедите од блок-дотациите во изминатите 6 месеци, треба да ги пренасочат и да обезбедат опрема и она што е потребно за да можат наставниците да ја извршуваат својата работа“, укажа министерката Царовска.

Стремеж на Министерството за образование и наука е сите деца да имаат еднаков пристап до образование.

„Учениците што немаат ИТ уреди, ќе може да следат на ТВ затоа што и тоа е медиум за учење на далечена и тој медиум е подостапен отколку компјутерот. За толку краток период не може да се набави опрема за сите ученици кои немаат. Затоа нудиме алтернатива, со која тие ќе можат да се стекнат со одредено знаење“, рече Царовска.