Бела книга за работата на министрите во владите на Македонија


Меѓународниот републикански институт (ИРИ) денеска ќе спроведе  онлајн дискусија и презентација на студијата – бела книга „Ефективни министри: Како до резултати и доверба од граѓаните?“ . На дискусијата ќе учествуваат Радмила Шекеринска, министерка за одбрана, Влада на Република Северна Македонија, Трајко Славески, поранешен министер за финансии, Влада на Република Македонија (2006 – 2009), Дејан Јакимовски, раководител на […]

Променливо облачно со повремени врнежи


Времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец. На места врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи. Утринската температура ќе се движи од 8 до 15, а дневната од 18 до 25 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со […]

„Ролан Гарос“: Прекината конференцијата на Ѓоковиќ


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја одржа својата најкратка прес-конференција на Гренд-слем турнир во престолнината на Франција, бидејќи организаторите нагло ја прекинаа. Одговарајќи на прашање, Ѓоковиќ истакна дека не е фер што организаторите исфрлија неколку тенисери, вклучувајќи го и Дамир Џумхур од Босна и Херцеговина, без дозвола да направи уште еден тест за вирусот Ковид-19. – […]

Во Словачка повторно ќе биде воведена вонредна состојба


Словачкиот премиер Игор Матович денеска најави дека повторно ќе се воведе вонредна состојба во текот на неделата поради раст на бројот на заразени луѓе со новиот коронавирус. – Ситуацијата е исклучително сериозна и мислам дека треба да донесеме темелни и смели одлуки, истакна Матович по состанкот со Кризниот штаб. Најверојатно Владата в среда ќе прогласи […]

Заев: Со Мицотакис зборувавме за економија, со Грција ќе потпишеме договор за избегнување на двојно оданочување


За време на посетата на Атина, со премиерот Мицотакис, разговаравме за аспектите на Договорот од Преспа, за двата гранични премини што треба да се отворат меѓу двете земји и најмногу за економијата, истакна премиерот Зоран Заев, вечерва во интервју за Канал 5. Посочи дека, 90 проценти од времето зборувале за двата гранични премини што треба […]

Бесими: Ребалансот во тек, средствата ќе се насочат таму каде ќе дадат подобри резултати


Буџетираните средства не се за на хартија, тие треба да се реализираат, за да може да се поттикне економската активност, изјави вечерва министерот за финансии, Фатмир Бесими, во гостување на Телевизија Сител. – Ќе се предвидат механизми за оние институции кои се поуспешни во реализацијата да се обезбедат повеќе средства, додека оние кои имаат послаба […]

Заев: Ако финансиската поддршка не стигне до работниците, компаниите ќе добијат кривични пријави


Ако финансиската поддршка не стигне до работниците, компаниите ќе добијат кривични пријави, рече претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во интервју за ТВ Канал 5. „Апелирам да на се повторат пропустите од претходниот период и работодавачите да ги почитуваат мерките и целта која сакаме да ја постигнеме. Освен тоа го стимулираме и […]

Регионалната енергетска соработка во фокусот на посетата на Битиќи, Николовски и Бектеши на Солун


Вицепремиерите за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски и министерот за економија Крешник Бектеши, денеска во Солун учествуваа на тркалезната маса на тема: „Регионална енергетска безбедност и соработка“. На тркалезната маса присуствуваа и државниот секретар на САД Мајкл Помпео, министерот […]

Франција годинава со пад на БДП од 10 отсто, во 2021 поддршка за економијата од 42 милијарди евра


Француската Влада денеска го претстави предлог буџетопт за 2021 година, со кој се предвидуваат 42 милијарди евра поддршка за економијата поради пандемијата со новиот коронавирус. – Убедени сме дека Франција може да закрепне и тоа брзо, изјави францускиот министер за финансии Бруно ле Мер по владината седница. Според проценките француската економија годинава ќе забележи пад […]

Трамп: Имам платено многу милиони долари за даноци


САД – Американскиот претседател Доналд Трамп денеска преку Твитер одговори дека има платено „многу милиони долари данок“, но дека имал право на даночна амортизација и олеснувања. Британските медиуми го пренесуваат американскиот претседател во појаснувањето дека неговите долгови се многу мали во споредба со имотот што тој го поседува. Трамп веднаш реагираше на Твитер по објавувањето на […]

Од почитувањето на мерките за заштита од Ковид-19 ќе зависи како ќе се движи државата, вели премиерот Заев


Владата и надлежните институции се целосно посветени на мерките за лична заштита преку кои ќе се спречи ширењето на Ковид-19, а со тоа и потребата од карантин и други порестриктивни мерки, изјави вечерва премиерот Зоран Заев. -Она на коешто сме сите фокусирани од здравствената комисија до државниот кризен штаб до Владата е мерките на лична […]

Заев: Прашањето за Гоце Делчев треба да го решава Мешовитата комисија


Историјата е многу важна и за двете страни, но тоа мора да биде појдовна основа за градење на иднината. Самиот договор и обврската преземена и од Северна Македонија и од Бугарија е двете страни да ги изнаоѓаат историските периоди и личности низ призмата на добрососедството. Како што беше постигнат договор за добрососедство и за пет […]

Росана Петревска со нов деловен имиџ во јавноста: Росица Мршиќ знае што е најдобро за мене


Лејла Сабит Ги сакам македонските дизајнери и ѝ се воодушевувам на Росица, а таа знае што одговара на мојот сензибилитет и начинот на кој  професионално функционирам, така што умее преку облеката да го извади најдоброто од мене, вели за „Независен“ м-р Росана Петревска (35), портпарол на АМСМ за соработката со реномираната модна дизајнерка Мршиќ која […]

За ВМРО-ДПМНЕ Јанкулоска е жртва на политичка пресметка


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираше веднаш по спроведувањето на Гордана Јанкулоска во затворот „Идризово“ на издржување на 4-годишната казна за набавката на блиндираниот „мерцедес“, оценувајќи дека поранешната министтерка за внатрешна работи била „жртва на неправдите и политичкиот прогон на мафијата на Заев“. Според ВМРО-ДПМНЕ, „Јанкулоска оди во затвор за автомобил кој го вози и користи Зоран Заев […]

Јанкулоска спроведена во „Идризово“ на издржување на казната затвор од 4 години


Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, денеска попладнево е спроведена во затворот „Идризово“ за да ја издржи затворската казна од 4 години за набавката на блиндираниот „мерцедес“ во случајот наречен „Тенк“ што го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство. Откако Врховниот суд на 18 септември ја потврди оваа пресуда само се чекаше денот кога Јанкулоска […]

Бугарскиот претседател стави вето врз измените на Изборниот законик


Бугарскиот претседател,  Румен Радев, стави вето врз измените на Изборниот законик, бидејќи, според него, тие даваат можност за фаворизирање на победата на владеачката партија на претстојните избори, јави БГНЕС. -Сите измени во Изборниот законик имаат јасна цел да гарантираат официјална победа на владејачката партија на претстојните избори, нанесувајќи уште еден удар врз правната структура на […]

Добитниците на 7-ка вредна над 31 милион денари ја подигнаа добивката


Семејството Јанковски од Битола коешто на 12 септември ја постигна најголемата 7-ка во историјата на Државна лотарија,  вредна над 31 милион денари, ја подигна својата добивка. Како што соопштија од Државна лотарија, Јанковски се скромно, работливо и сложно семејство од Битола. Тие во врска со добиката изјавиле дека се пресреќни и дека се уште се […]

Дисциплинска за службеничка на МВР, се сликала во раскопчана униформа


Одделот за внатрешна контрола поведе дисциплинска постапка против вработена во Министерството за внатрешни работи, откако се сликала полугола во униформа и фотографијата ја објавила на социјалните мрежи. Иако затемнета, на фотографијата се гледаат ознаките на полицијата, откопчана кошула и краватата меѓу градите. „Полициската службеничка е вработена во министерството пред 11 години, и работи во Одделот […]

Клуге: СЗО се уште не знае дали коронавирусот настанал по природен пат


Русија – Регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Хенри Клуге, денеска изјави дека СЗО се уште не располага со целосни податоци за потеклото на коронавирусот и не зане дали тој настанал по пророден пат или не, но порача дека истражувањата и натаму продолжуваат. Во интервју за руската агенција Тасс, Клуге кажа дека со […]

Милановиќ: Јас сум мало дете во однос на арогантниот Пленковиќ


Претседателот и премиерот на Хрватска, Зоран Милановиќ и Андреј Пленковиќ, денеска ја продолжија „медиумската војна“, која почна со апсењето на 11 лица во корупциската „афера Јанаф“, откако шефот на државата порача дека тој е „мало дете“ во однос на „арогантниот“ шеф на Владата. Милановиќ истакна дека никого не нападнал физички во Парламентот, за да може […]