За ВМРО-ДПМНЕ Јанкулоска е жртва на политичка пресметка


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираше веднаш по спроведувањето на Гордана Јанкулоска во затворот „Идризово“ на издржување на 4-годишната казна за набавката на блиндираниот „мерцедес“, оценувајќи дека поранешната министтерка за внатрешна работи била „жртва на неправдите и политичкиот прогон на мафијата на Заев“.

Според ВМРО-ДПМНЕ, „Јанкулоска оди во затвор за автомобил кој го вози и користи Зоран Заев и неговата мафија и во исто време кога истата таа власт троши над 8 милиони евра за купување на нови службени возила. Јанкуловска е жртва на неправдите на Заев и нејзиното одење во затвор е политичка пресметка и нарачка на мафијашот Заев со опозицијата. Додека власта се одмаздува кон мајка, сопруга и професионалец кој со години и служел на државата сѐ уште нема ниту збор за тоа каде завршувале парите од рекетот на Зоран Заев, имаме амнестија на очигледен поткуп на Заев, евро за Вицето евро за црквата, имаме целосен молк за поткупот на екс директорот на ФЗО Ден Дончев, обвинителството молчи за панамските пари и зделките со Заев за 2.000 стана во Тетово“.

Извршувањето на оваа пресуда, тврди опозицијата, е „забава на Заев со човечки судбини нанесува зло и штета на државата“.