Добитниците на 7-ка вредна над 31 милион денари ја подигнаа добивката


Семејството Јанковски од Битола коешто на 12 септември ја постигна најголемата 7-ка во историјата на Државна лотарија,  вредна над 31 милион денари, ја подигна својата добивка.

Како што соопштија од Државна лотарија, Јанковски се скромно, работливо и сложно семејство од Битола. Тие во врска со добиката изјавиле дека се пресреќни и дека се уште се како во сон.

Уплатата изнесувала 100 денари за четири комбинации Лото 7 и еден Џокер. Токму четвртата комбинација со броевите: 8, 11, 20, 22, 28, 31 и 35, им донела 7-ка вредна 31. 165 143 денари.

Јанковски упатиле благодарност до играчите и порачале дека во среќата треба да се верува и треба да се остане во игра за да се добие.

Државна лотарија се заблагодарува на семејство Јанковски од Битола, за нивната доблест за јавно претставување и споделување на својата радост.

– Игрите на среќа се организираат за забава и можни добивки за сите наши граѓани, со цел добробит за општеството, а сите учесници имаат подеднакви шанси за добивка, истакнаа од Државна лотарија.