Дисциплинска за службеничка на МВР, се сликала во раскопчана униформа


Одделот за внатрешна контрола поведе дисциплинска постапка против вработена во Министерството за внатрешни работи, откако се сликала полугола во униформа и фотографијата ја објавила на социјалните мрежи.

Иако затемнета, на фотографијата се гледаат ознаките на полицијата, откопчана кошула и краватата меѓу градите.

„Полициската службеничка е вработена во министерството пред 11 години, и работи во Одделот за гранични работи и миграции“, пишува А1он.

Од МВР кратко изјавија дека одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР постапува во врска со случајот.