Филипче: На летот за Финска имало само двајца патници со македонски пасош


На летот за Финска во саботата во кој од вкупно 157 патници, 24 биле позитивни на корона вирус, имало само двајца патници со македонски пасош, објави на Фејсбук Министерот за здравство Венко Филипче. Неговиот пост го пренесуваме во целост: „Во однос на информациите за летот од Скопје до Турку, Финска, каде што според финските власти […]

Македонски државјанин тешко повреден во сообраќајка во Албанија


Македонски државјанин тешко е повреден во сообраќајна несреќа, што се случила во близина на албанскиот приморски град Саранда, јави телевизија Ора њуз. Од се уште непознати причини Т.К.(44) кој управувал со автомобилот „шкода“ со скопски сообраќајни ознаки, изгубил контрола врз возилото, скршнал од коловозот и удрил во карпа покрај патот. Возилото се движело од Саранда […]

Шумското производство помало за пет отсто


Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во второто тримесечје од 2020 година, во однос на второто тримесечје од 2019 година, е намалено за 5.0 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови, рудничкото дрво од листопадни видови, друго обло дрво од иглолисни видови, просторното […]

(Видео) Пукање кај Белата куќа – Трамп евакуиран


  Тајната служба ја прекинаа конференцијата на американскиот претседател Доналд Трамп и го изведоа од собата за брифинзи, а новинарите можале да ја напуштат собата, откако се слушнало пукање во близина на Белата куќа. „Дојде до пукање пред Белата куќа“, рече Трамп, заблагодарувајќи се на брзата реакција на тајната служба, пренесе Си-ен-ен. „Се чувствувам многу […]

Во последните 24 часа повеќе од 253.000 новозаразени со коронавирусот во светот


Бројот на потврдени случаи на коронавирус во светот надмина 20 милиони, а само во последните 24 часа се пријавени повеќе од 253.000 нови случаи на зараза, објави Светската здравствена организација. Во изминатите 24 часа од Ковид–19 починале речиси 6.000 луѓе, а вкупниот број на смртни случаи надмина 728.000. На прво место по бројот на заразени и починати се САД, а на второто […]

Ќе се обезбедат 75 локации за еколошко фрлање на заштитните маски и ракавици


Центарот за еколошка демократија „ФЛОРОЗОН“ и ЈП Комунална хигиена заеднички ќе го реализираат проектот „Биди одговорен за себе и за нашата животна средина и во услови на пандемија“, финансиски поддржан преку Oдделението за соработка со невладините организации при Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија. Целта на Проектот е да придонесе во борбата против […]

Лидерите на Либан во јули биле предупредени за опасниот експлозив


  БЕЈРУТ – Либанските безбедносни претставници ги предупредиле премиерот и претседателот минатиот месец дека 2.750 тони амониум нитрат складирани во пристаништето во Бејрут, претставуваат безбедносен ризик и може да го уништат главниот град ако експлодираат, покажуваат документите што ги виде Ројтерс и високи безбедносни извори. Нешто повеќе од две недели подоцна, индустриските хемикалии експлодираа во […]

Во Чикаго најавен полициски час по немирите и грабежите


Полицијата во Чикаго ќе го ограничи пристапот до центарот на градот по ноќите насилство и грабежи, поради извештаите дека полицијата застрелала еден човек. Полицискиот началник Дејвид Браун изјави дека движењето ќе биде ограничено од 20:00 до 06:00 часот, а „големото полициско присуство“ ќе продолжи до понатамошно известување. Тој рече дека „срамното уништување“ е поттикнато од дезинформација […]

Џонсон не ја сака шкотската премиерка на седница на владата


Британскиот премиер Борис Џонсон го спречи планот да се покани шкотската премиерка Никола Старџен на седница на неговиот кабинет, објави лондонскиот весник „Фајненшл тајмс“. Предлогот да се покани шкотската премиерка на седницата на британската Влада го даде генералниот секретар на Владата, Мајкл Гов, со цел да се намали растечката поддршка на шкотската јавност за идејата за шкотска независност, но и да ѝ се […]

Во Шведска забрзан пад на заразени во јули, епидемиолозите не знаат точно зошто


Главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел изјави дека од почетокот на јули дошло до забрзан пад на бројот на заразени лица со коронавирусот. – Но, зошто се случи точно во тоа време и зошто беше толку ненадејно, мислам дека е малку тешко тоа целосно да го сфатиме, рече Тегнел во интервју за шведскиот портал „Локал“. Тој додаде дека […]

Италија и Франција го намалуваат производството на вино заради помалата побарувачка


Водечките италијански и француски винари сакаат да го намалат производството на врвните вина, откако пандемијата со коронавирус ги испразни хотелите и баровите и визбите ги остави полни со милиони непродадени шишиња. Во Италија, домашната побарувачка за вино се очекува да падне за речиси една третина откако хотелите, рестораните и винските барови беа затворени со месеци […]

Во БиХ најмалку 32.000 луѓе останале без работа


БиХ – Најмалку 32.000 луѓе во Босна и Херцеговина се отпуштени од работа од почетокот на епидемијата на коронавирус, а работодавците најавуваат дека слична судбина ги чека уште десетици илјади повеќе кои сè уште имаат работа, пренесува дневник.ба. Според збирните податоци на Агенцијата за статистика на БиХ, повеќе од 23 илјади работници биле отпуштени во Федерацијата БиХ од […]

Здравствената агенција на ЕУ повикува на нови мерки против Ковид-19


Шведска– Здравствената агенција на Европската унија ги повика земјите-членки кои забележуваат зголемување на случаите на коронавирус повторно да воспостават контролни мерки, предупредувајќи за „вистинско враќање на вирусот“ во некои земји. Агенцијата со седиште во Стокхолм наведе дека пандемијата на Ковид-19 сè уште претставува голема закана за јавното здравство, и покрај неодамнешниот пад на бројот на случаи, пишува […]

Разводот со Бред Пит не е завршен: Џоли бара фер судење


САД (АП) – Анџелина Џоли побара приватниот судија кој го надгледува нејзиниот развод од Бред Пит да биде дисквалификуван од случајот, поради деловни односи со еден од адвокатите на Пит. Таа поднесе барање за развод во 2016 година. Пит и Џоли, како и други славни двојки , плаќаат за приватен судија во случај на развод, […]

Повеќе од 13 милиони луѓе во светот закрепнале од коронавирусот


Од почетокот на пандемијата во светот со коронавирусот се заразиле повеќе од 20 милиони луѓе, а 13 милиони се избориле против него. Според интернет страницата Ворлдометерс, најмногу оздравени има во земјите каде што има најмногу заразени. Во САД каде што се заразиле повеќе од пет милиони луѓе, речиси 2.700.000 закрепнале. Во Бразил, каде што се заразени три милиони луѓе, […]

Трамп напушти брифинг поради пукање во близина на Белата куќа


САД – Американскиот претседател Доналд Трамп одеднаш ја напушти конференциската сала, само неколку моменти откако почна брифингот за коронавирусот, и веднаш потоа се врати на подиумот за да им каже на новинарите дека обезбедувањето го оддалечило од брифингот, затоа што имало пукање во близина на Белата куќа. – Би сакал да ѝ се заблагодарам на тајната служба за нивната секогаш […]

За Албанија 10,56 милиони евра германска помош за справување со последиците од Ковид-19


Aлбанија– Германската Влада ќе и додели на Албанија 10,56 милиони евра помош за справување со социо – економските последици од Ковид-19. Ова на средба со албанската министерка за финансии и економија Анила Денај, го соопштил германскиот амбасадор во Тирана Петер Зинграф. – Германија ќе и додели на Албанија дополнителен фонд од 10,56 милиони евра во […]

Од Ковид-19 почина познат професор од Политехничкиот универзитет во Тирана


Албанија – Битката со опасниот коронавирус доцна синоќа ја загуби познатиот професор Клемент Ќерими, од Политехничкиот универзитет во Тирана. Тој веднаш по добиениот позитивен резултат бил хоспитализиран во Инфективната клиника, но последните денови му се влошила состојбата и бил интубиран. Од него преку социјалните мрежи се простуваат голем број колеги, граѓани и студенти, кои го паметат како одличен педагог и искрен […]

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада


Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат во текот на наредните денови, а доколку има волја ќе се постигне позитивен епилог. Од Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски по изјавата на досегашниот […]

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок


Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не стивнува. Најмногу случаи и натаму има главниот град. Здравствените власти  порачуваат дека нема оправдување за неносење маска и постојано апелираат да се почитуваат сите мерки зе […]