Индиски и кинески војници се бореле со голи раце и камења на стрмен гребен, десетици загинати


Индија е шокирана од судирот на границата на Хималаите каде војници се тепале во целосна темница   Борба раце со раце траеше со часови, на стрмен, нејасен терен, со железни шипки, камења и тупаници. Ниту една страна не носеше пиштоли. Повеќето од војниците убиени во најлошите борби меѓу Индија и Кина за 60 години ја […]

Пендаровски: Секој да биде свесен за улогата во ширењето на вирусот 


Претседателот Стево Пендаровски на својот Фејсбук профил во врска со ситуацијата со коронавирусот, напиша дека се додека здравствените експерти не пронајдат вакцина за Ковид-19, вирусот за жал ќе биде наша реалност. – Тој ги погодува нашите роднини, пријатели, нашите познаници. Важно е секој да биде свесен за улогата којашто ја игра во ширењето на овој […]

Анкета: Бајден го зголеми водството против Трамп до 13 отсто


САД– Поранешниот потпретседател Џо Бајден води со 13 процентни поени пред актуелниот претседател Доналд Трамп во најновата анкета на агенцијата Ројтерс и консултаните од „Ипсос“. Според анкетата, 48 отсто од испитаниците изјавиле дека ќе гласаат за Бајден, веројатен кандидат за претседател на Демократската партија на изборите закажани во ноември, додека 35 проценти укажале дека ќа гласаат […]

Ципрас: Докажавме дека на Балканот нема победници и поразени


Грција– Докажавме еднаш засекогаш дека во историјата на Балканот не се потребни победници и поразени. Доволна е почитта и силната волја за заедничка иднина на мир и развој, пишува лидерот на СИРИЗА и поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас на неговиот официјален „Фејсбук“ профил по повод две годишнината од Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА […]

Мухамед и Бисера Зеќири го победија коронавирусот: Две недели ужас и неизвесност


Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири и неговата сопруга Бисера за ДВ раскажуваат за битката со коронавирусот, тешките моменти низ кои минувале и последиците кои болеста ги оставила врз нив и тримесечната ќерка Последиците од коронавирусот ќе ги лекуваме уште долго, велат Мухамед и Бисера Зеќири еден ден по излегувањето од Инфективната клиника во Скопје. Заедно […]

Официјално: УЕФА одлучи за Лигата на Европа


Франција – Кампањата во Лигата на Европа ќе се игра преку мини турнир од четвртфиналето, вклучително, а натпреварите ќе бидат само со еден натпревар, одлучи УЕФА. Судирите ќе се случат од 10 до 21 август на стадионите во Германија – во Келн, Дизелдорф, Дуизбург и Гелзенкирхен. Осминафиналните реванш дуели ќе се играат на 5/6 август. Два […]

Излегле на пијалок да прослават роденден, сите се заразиле


Група од 16 пријатели, кои биле излезени една вечер во бар на Флорида, позитивни се на тестот за корона вирус, пренесе Си-ен-ен. Сега, групата заразени пријатели ја предупредуваат американската јавност да внимава и велат дека пандемијата не е уште готова. Барот, што бил отворен по ублажувањето на рестриктивните мерки, бил преполн, а никој не носел […]

ЕК ќе отвори истрага за спојувањето на Пежо ПСА со Фиат – Крајслер


Брисел – Европската комисија денеска најави отворање детална истрага за спојување на францускиот Пежо ПСА и италијанско-американскиот производител на автомобили Фиат-Крајслер, стравувајќи од намалување на конкуренцијата. – Двете групи, што ќе го формираат четвртиот по големина производител на автомобили во светот, имаат „силно место“ на пазарот на автомобили. Ние внимателно ќе процениме дали предложената трансакција ќе […]

Генералниот на Нетфликс ќе донира 120 милиони долари на колеџите за црномурести


САД– Генералниот директор на Нетфликс, Рид Хастингс и неговата сопруга Пети Квилин денеска најавија дека ќе донираат 120 милиони долари на колеџи и универзитети за црномурести, како одговор на граѓанските немири кои избија во САД и ќе помогнат во борбата против финансиската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот. – Тоа не принуди да сфатиме дека […]

Шпанците повеќе сакаат здравје, отколку летен одмор


Шпанија– Според анкетата на шпанскиот Центар за социолошки истражувања 65,7 проценти од Шпанците нема да одат на одмор ова лето, поради здравствената и економската криза предизвикана од новиот коронавирус. Резултатите од анкетата покажуваат дека 40,8 отсто од Шпанците се загрижени за здравствената состојба поради Ковид-19, а 34 проценти од нив од финансиската криза како резултат […]

Словенија исплашена од отворање на границите, 4 новозаболени


Словенија – Во Словенија регистрирани четири нови случаи на лица заразени со коронавирусот, а епидемиолозите предупредуваат дека тоа е директна последица од отворањето на границите, јави дописникот на МИА од Љубљана. Денешните податоци на Националниот институтот за јавно здравје во земјата има четири новозаразени лица, што е повеќе за еден во споредба со вчерашниот ден. Шефицата […]

Уапсен Грк кој се претставувал како лекар, а од неговата „терапија“ починале три лица


Грчката полиција уапси 47-годишен маж, кој се претставувал како лекар специјалист, на пациенти со неизлечиви болести им нудел негова „терапија“, ветувајќи им целосни заздравување, Од „терапијата“ починале три лица, меѓу кои две деца, додека пак измамил најмалку 45 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Уапсениот користел лажни лични податоци и се претставувал како неврохирург, […]

Бројот на заразени во Скопје сега повеќе се шири во Центар, Гази Баба и Студеничани


Од вкупниот број активни случаи во земјава (2.469) дури 1.425 се во Скопје, што изнесува дури 57 отсто. Денешната бројка на инфекции од 140 во Скопје се неверојатни 72 отсто од вкупниот број новозаразени во земјава – 193. Кога ќе се видат бројките според општини објавени од Министерството за здравство (во таа дистрибуција се наведени […]

Нови 96 случаи на корона вирус во Србија


Според последните податоци, во Србија денеска се забележани нови 96 случаи со Ковид-19, а едно лице почина. Процентот на смртност сега изнесува 2,05 отсто. Во последните 24 часа тестирани се 6.098 лица, а вкупно тестирани се 319.581. Во Србија активни се 568 случаи, а на респиратор се 17 пациенти. Од почетокот на епидемијата во Србија се […]

Пациентите со Ковид-19 ќе може да се лекуваат и во болниците „Жан Митрев“, „Систина“ и „Ремедика“


Приватните болници „Жан Митрев“, „Систина“ и „Ремедика“ укажаа дека имаат протоколи за изолација и таму ќе можат да се лекуваат пациентите кај кои е дијагностициран Ковид-19, рече денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Во овие три болници има патеки за изолација во кои може да се третираат пациенти за таа услуга за која […]

Стевановиќ: Дексаметазонот го користиме во лекувањето на болни од Ковид-19 и се покажа како корисен


Лекот дексаметазон, за кој научници од Оксфорд вчера излегоа со истражување дека се покажал како делотворен кај најтешко болните пациенти од Ковид-19, се користи и на Инфективната клиника и се покажал како корисен. – На почетокот, нашите колеги од другите држави, кои пред нас се соочија со корона вирусот, тврдеа дека не само што дексаметазонот […]

Посебен режим на плажите: еве што да очекуваме во Грција


Грција ги отвори своите граници, но плажите сè уште се полупразни. Никој не се сеќава дека плажите околу Солун биле толку празни на 17 јуни. Во сите претходни години се бараше повеќе простор. Сега коронавирусот изремети сè. Патем, во солунскиот регион, според некои информации, во последните два дена дошле меѓу 8.000 и 10.000 туристи од […]

Нова поетска книга „Јазикот на светлината“ на Сузана В. Спасовска


Деновиве излезе од печат најновата поетска книга на Сузана В. Спасовска, „Јазикот на светлината“, во издание на „Македонија презент“. Книгата е поддржана на Годишниот конкурс за проекти од национален интерес на Министерството за култура на РСМ. „Јазикот на светлината“ е шеста стихозбирка на авторката. Рецензент на книгата е проф. д-р Венко Андоновски, кој истакнува дека […]

Во Охрид се уриваат шанкови на плажата „Немо“


Откако Владата со Уредба го забрза процесот на уривање на дивоградбите во Охрид и на брегот крај езерото општината веќе три дена отстранува урбана опрема, шанкови и други објекти. Денеска се уриваа објекти на плажата позната како „Немо“ на потегот од Горица “ до Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во […]

Во Шведска повеќе од 5.000 починати од коронавирус


Во Шведска бројот на починати од новиот коронавирус достигна 5.041, а вчера изнесуваше 4.939. Шведска имаше помек пристап во борбата против Ковид-19, оставајќи ги отворени повеќето училишта, продавници и ресторани, а потпирајќи се само на социјално дистанцирање и хигиена. Бројот на смртни случаи од коронавирус во Шведска, врз однова на брјот на жителите, е многу […]