Нови 96 случаи на корона вирус во Србија


Според последните податоци, во Србија денеска се забележани нови 96 случаи со Ковид-19, а едно лице почина. Процентот на смртност сега изнесува 2,05 отсто.

Во последните 24 часа тестирани се 6.098 лица, а вкупно тестирани се 319.581.

Во Србија активни се 568 случаи, а на респиратор се 17 пациенти.

Од почетокот на епидемијата во Србија се регистрирани 12.522 случаи на корона вирус, а починаа 257 луѓе.