Во Шведска повеќе од 5.000 починати од коронавирус


Во Шведска бројот на починати од новиот коронавирус достигна 5.041, а вчера изнесуваше 4.939.

Шведска имаше помек пристап во борбата против Ковид-19, оставајќи ги отворени повеќето училишта, продавници и ресторани, а потпирајќи се само на социјално дистанцирање и хигиена.

Бројот на смртни случаи од коронавирус во Шведска, врз однова на брјот на жителите, е многу поголем отколку во соседните земји Данска, Норвешка и Финска, каде властите спровеле построги мерки.