Македонија меѓу земјите со пораст на заразени над 100 отсто


Во изминативе две недели вкупно 22 земји во Европа пријавиле зголемување на бројот на заболени од коронавирусот како втор бран од пандемијата, покажуваат податоците на Светската здравствена организација. Дури и во земји каде што со недели не беа забележани случаи на заболени од ковид-19, со вториот бран повторно се врати вирусот. Таков е случајот со […]

Белгиските полицајци на протест против стигматизацијата на нивната професија


Белгиската полиција за денеска најави протести во повеќе градови, како одговор на обвинувањата дека се претерано насилни и дека нивните постапки се расистички мотивирани, објави он-лајн списанието „Јуроп тудеј“. По нападот врз европратеничката од Мали и неодамнешната смрт на мигрант од земјите од Магреб по полициска потера, белгиската јавност и медиумите ги обвинија силите за […]

Загина мотоциклист по судар со камион


Во четвртокот во 23.26 часот било пријавено дека во Скопје на бул.„Киро Глигоров“ се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „мерцедес“ со српски национални ознаки со полуприколка управувано од А.К.(41) од Србија, и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки управуван од М.П.(32) од село Стајковци-Скопско. Во незгодата моторциклистот починал на местото на настанот. Извршен […]

„Аџибадем Систина“ воведува серолошко тестирање за Ковид-19 во домашни услови


Клиничката болница „Аџибадем Систина“ воведува можност за земање материјал за лабораториски испитувања и анализи, како и тестирање за детекција на Ковид-19 со брз серолошки тест во домашни услови. Од болницата велат дека нивна мобилна екипа ќе ги посетува домовите бесплатно, по што примероците брзо ќе се транспортираат за лабораториска анализа во дијагностичките лаборатории на „Аџибадем […]

Споменик за протестите против Договорот од Преспа во Грција


Во ова село на 17 јуни 2018 грчките граѓани се спротивставија на потпишувањето на Договорот од Преспа, пишува на мермерниот споменикот подигнат во грчкото село Писодери во северниот дел на земјата, онаму каде што пред две години имаше инциденти, додека во Псарадес тогашните премиери на Северна Македонија и Грција го ставија нивниот потпис на решението […]

Синдикатот бара заштита за административците што ќе се заразат на изборите


Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), бара од надлежните институции за престојните парламентарни избори, да ги преземат сите мерки на заштита за вработените од Државната изборна комисија (ДИК) и вработените административни службеници кои катеко членови на избирачките комисии и избирачките одбори ќе бидат вклучени во изборите. -Имајќи ја во […]

Министерството за одбрана најтранспарентна државна институција


Центарот за граѓански комуникации денеска го објави рангирањето на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер изработен во март 2020 година, во кое се вклучени сите министерства, Владата и општините. Според Индексот, активната транспарентност на сите 98 вклучени институции (министерствата, Владата и општините) за 2020 година изнесува 58,2 […]

Сан Франциско ја тргна статуата на Колумбо пред да ја урнат демонстрантите


Официјални претставници на Сан Франциско ја тргнаа статуата од два тона на Кристофер Колумбо од нејзиниот постамент рано изутрина, за да се справат со она што за многумина беше симбол на угнетување. Статуата беше вандализирана три пати минатата недела, а флаер што кружеше по социјалните медиуми ги охрабри луѓето да маршираат до местото каде што […]

Јавниот долг на Франција се зголеми на 101,2 отсто од БДП


 Јавниот долг на Франција во првиот квартал на годината се зголемил на 101,2 отсто од БДП, што е најголем тримесечен скок на долгот од кризата во 2009 година, јави дописникот на МИА. Јавниот долг од 101,2 отсто од БДП, во монетарна вредност сега изнесува 2.438,5 милијарди евра, сооопшти националниот Институт за економски и статистички студии […]

Синдикатот на УПОЗ бара од институциите да преземат мерки за заштита на учесниците во изборниот процес


Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), бара од надлежните институции за престојните парламентарни избори, да ги преземат сите мерки на заштита за вработените од Државната изборна комисија (ДИК) и вработените административни службеници кои како членови на избирачките комисии и избирачките одбори ќе бидат вклучени во изборите. -Имајќи ја во […]

Кина не ги смета асимптоматските случаи на корона вирус


  Континенталниот дел на Кина забележа уште 32 нови случаи на 18 јуни, од кои 25 се во Пекинг. Тоа е мал раст во однос на претходниот ден кога беа забележани 28 случаи, од кои 21 во пекинг. Вкупно во кина забележани се 83.325 заразени, покажуваат податоците од Worldometers. Исто така, пријавени се пет асимптоматски […]

Германија: За два месеца први резулатати од испитувањето вакцина против коронавирус


Првите резултати од испитувањето вакцина против коронавирусот, која ја развива германската компанија „КјурВац“ (CureVac), се очекуваат за два месеци, пренесува денеска германскиот сајт „Фокус онлајн“. Биофармацевтската компанија објави на почетокот од оваа недела дека првите значајни резултати може да бидат достапни во септември или октомври и дека, доколку условите се поволни, вакцината би можела да […]

Регистрирани 705 прекршоци за неносење маски, издадени 702 решенија за изолација


Регистрирани се 705 прекршоци за неносење лична заштита на лице, на 702 лица им се издадени решенија за изолација, а 210 лица потпишале изјави за самоизолација, во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија. Од МВР информираат дека од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, […]

Пет позитивни за корона вирусот во Сент Етјен


Фудбалскиот клуб Сент Етјен потврди дека тестовите на играчи и вработени откриле пет позитивни случаи на новиот коронавирус. Сите заразени сега се наоѓаат во домашна изолација, а клубот ги продолжува подготовките за почетокот на новата сезона. Патем, тестирани се 33 играчи, 21 члена на стручниот дел од тимот и 38 вработени во клубот. Тројца фудбалери […]

Повеќе од 8,5 милиони лица во светот заразени со корона вирус, најмногу во САД и Бразил


Повеќе од 8,5 милиони луѓе во светот се заразени со коронавирусот, од кои повеќе од 3,2 милиони се само во САД и Бразил, покажувата најновите податоци на сервисот „Worldmeters“. Според веб страницата, над 4,5 милиони лица се веќе излекувани од коронавирусот. До сега во светот се заразени вкупно 8.585.119 лица, а умреле 456.439. Најлоша е […]

Можно е враќање на построги мерки ако не паѓа бројот на заразени


Комисијата за заразни болести, според најавите, се очекува на денешниот состанок да ги повика и градоначалниците, кои треба посилно да помогнат во справувањето со растечкиот број на заразени од коронавирусот. Сегашните 40-те кластери во земјата се резултат на непочитувањето на мерките за лична заштита, дистанца и избегнување групирања и собири. Доколку градоначалниците не успеат да […]

Помпео ги оцени како лаги тврдењата во книгата на Болтон против Трамп


Американскиот државен секретар Мајк Помпео ги осуди „лагите“ на Џон Болтон, поранешен советник за национална безбедност, чија книга против американскиот претседател Доналд Трамп излегува следната недела. – Тажно и опасно што последната јавна улога на Џон Болтон ќе биде улогата на „предавник“ која нанесува штета на Америка преку нарушување на довербата на народот, рече Помпео. […]

Почина Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН и поранешен новинар


Почина портпаролот на ЕВН и поранешен новинар Атанас Ковачевски кој на јавноста и беше познат од ТВ екраните. Работеше како новинар и презентер на вестите во МРТВ и во Канал 5, а последните години беше портпарол на ЕВН. На социјалните мрежи, колеги и пријатели изразуваат сочувство и се простуваат од Ковачевски.

Шербеџија со ново Blu Ray издание : Се слуша и парче од Македонија


Како бонус материјал на штотуку објавениот Blu Ray Disc на актерската легенда, поетот, писателот и музичарот Раде Шербеџија, се наоѓа и парче од Македонија! Со оглед дека на Балканот важи старата – „Во Македонија не пеј и не играј“, Раде, како осведочен пријател на оваа земја, не ги заборави своите Македонци. Лани во самото финале […]

Март Руте, трезвен и нормален холандски премиер


Тој сака да оди на работа со велосипед. А ако не му се брза, тогаш ќе седне во својот стар „сааб“, паркиран пред скромен стан во Хаг. Тој го плаќа своето кафе и стои во ред како и сите други. На рејв-фестивал, игра со другите посетители. Во ера на груби и дрски популисти, кои не […]