Загина мотоциклист по судар со камион


Во четвртокот во 23.26 часот било пријавено дека во Скопје на бул.„Киро Глигоров“ се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „мерцедес“ со српски национални ознаки со полуприколка управувано од А.К.(41) од Србија, и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки управуван од М.П.(32) од село Стајковци-Скопско.

Во незгодата моторциклистот починал на местото на настанот.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.