Кина не ги смета асимптоматските случаи на корона вирус


 

Континенталниот дел на Кина забележа уште 32 нови случаи на 18 јуни, од кои 25 се во Пекинг.

Тоа е мал раст во однос на претходниот ден кога беа забележани 28 случаи, од кои 21 во пекинг.

Вкупно во кина забележани се 83.325 заразени, покажуваат податоците од Worldometers.

Исто така, пријавени се пет асимптоматски случаи за 18 јуни, додека ден порано имаше осум.

кина тие пациенти не ги смета како потврдени случаи на корона вирус, пренесе Ројтерс.

локалните власти го ограничуваат движењето на луѓето во Пекинг и ги зајакнуваат другите мерки за да спречат дополнително ширење на вирусот, откако беа забележани нови инфекции на локално ниво.