Сан Франциско ја тргна статуата на Колумбо пред да ја урнат демонстрантите


Официјални претставници на Сан Франциско ја тргнаа статуата од два тона на Кристофер Колумбо од нејзиниот постамент рано изутрина, за да се справат со она што за многумина беше симбол на угнетување.

Статуата беше вандализирана три пати минатата недела, а флаер што кружеше по социјалните медиуми ги охрабри луѓето да маршираат до местото каде што е поставена во петок да ја симнат и да ја фрлат во заливот.

„Колку повеќе мускули, толку подобро!“ пишуваше во флаерот.

Мисиите на Колумбо како истражувач од 15 век, имаат речиси митски статус, вклучително и тврдењето дека тој го открил Новиот свет. Но, критичарите на неговото наследство – распространети со масакрите и ропството на домородните народи во името на европското освојување – со децении повикуваат неговите статуи да бидат отстранети од јавни места.

„Стоев таму пред местото каде што беше порано, а првото нешто што го почувствував беше здив на свеж воздух. Се чувствував полесно“, рече Марипоза Вилјалуна, домороден активист и организатор во Сан Франциско.

Статуата во Сан Франциско со години беше мета на презир и политички мотивиран вандализам, редовно прскана со црвена боја за да ги симболизира злобните освојувања на Колумбос. Градските власти само лани потрошија околу 70.000 долари само во минатата година за обнова на статуата по вандализам.

Сепак, Колумбо остана траен симбол на гордост за некои од италијанските Американци. Бронзената статуа на Колумбо висока 3,5 метри е инсталирана во 1957 година и беше извајана од грофот Виторио ди Колберталдо од Верона, Италија, кој исто така беше и официјален скулптор за режимот на Бенито Мусолини.

Сан Франциско престана официјално да го слави Денот на Колумбо во 2018 година.

Минатата недела, во Бостон беше обезглавена статуата на Колумбо. Друг споменик беше запален и фрлен во езеро во државата Вирџинија. (АП)