Загина младо момче во сообраќајка во Прилеп, сопатничката преживеа


Денеска околу 1.10 часот во близина на бензинска пумпа на влез-излез од Прилеп патничко моторно возило “Хјундаи“ со прилепски регистарски ознаки управувано од А.Ј.(19) од Прилеп изгубило контрола и излетало од коловозот. По незгодата со возило на итна медицинска помош возачот и сопатничката В.Ч.(19) од Прилеп биле пренесени во Општата болница Прилеп каде што кај […]

Сакале да му ја затворат кафеаната, тој се расправал со полицајците


Вчера во 22.50 часот во угостителски објект во село Брвеница, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Д.К.(62) и Н.С.(48) од с. Голема Речица , тетовско, бидејќи при спроведена акциска контрола, во содејство со Државниот пазарен инспекторат, а во врска со почитување на Протоколите за отворање и работа на кафитериите и угостителските […]

Австрија размислува повторно да воведе контроли на границата


Aвстрија– Австрија размислува повторно да воведе контрола на границата со цел спречување на ширењето на коронавирусот, јави дописникот на МИА. Ова го најави министерот за надворешни работи Александер Шаленберг, а според него тоа би се направило само доколку продолжи да се зголемува бројот на новозаразени со вирусот. – Тоа што воспоставивме „зелен појас“ со цел […]

Во Хрватска 19 нови случаи на коронавирус


Хрватска– Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 19 нови случаи на коронавирус, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита. Најмногу од нив, седум, се регистрирани во Загреб. Во Хрватска досега се тестирани 72.202 лица, од кои 388 во последните 24 часа. Досега, од коронавирусот се излекувале 2.142 лица, додека 107 луѓе починале.

Ангеловска за намалувањето на парите за партиите: Сите треба да понесат дел од товарот


Намалувањето на средствата за политичките партии со владина Уредба беше на предлог на Министерството за правда во чиј што буџет е наменето финансирањето на политичките партии и тоа согласно закон, изјави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска. – Претходно беше 0,15 проценти од вкупните приходи, но сега согласно кризата и еве консензусот од страна на […]

Во Словенија шест новозаразени со коронавирусот од кои две се деца


Словенија – Словенечките здравствени власти објавија дека во земјата има повторен пораст на новозаразени со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана. За разлика до вчерашните два, денеска се потврдени шест нови случаи на лица позитивни на тестот за Ковид-19. Меѓу заразените тројца се од Љубљана, еден од Пиран, а вирусот е потврден и кај двајца […]

Мицкоски: Точно е, мајка ми е позитивна на коронавирус, нема да се самоизолирам


Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета во Струмица информираше дека неговата мајка е позитивна на вирусот Ковид-19, потенцирајќи дека тој не се видел со неа  подолг период имајќи го предвид ризикот на кој е изложен поради секојдневните средби и разговори. – Мајка ми е позитивна. Точно е, веќе неколку дена, ние се […]

Заев: Пет милиони евра за земјоделството преку Развојната банка


Лидерот на СДСМ Зоран Заев на Фејсбук објави дека силно се поддржува земјоделството преку третиот пакет економски мерки. Во видеото со неговиот ФБ-статус се наведува дека за земјоделството се наменети 5 милиони евра преку Развојната банка, 50 проценти субвенционирање на зелената нафта за земјоделците, 500.000 хектари закуп на пасишта за сточарите, до 10.000 евра за […]

И во Украина расте бројот на новозаразени со коронавирусот 


Украина– Во последните 24 часа во Украина се регистрирани 841 нови случаи на Ковид-19, соопшти денеска Советот за национална безбедност и одбрана на Украина. Во последните 24 часа регистрирани се девет починати, а закрепнале 373 луѓе. Од вкупно 35.825 случаи на коронавирусот во Украина, до сега се излекувани 16.406, а починале 994 луѓе. Премиерот на […]

Гучи и Шанел ги поскапеа чантите за да ги покријат губитоците


Италија – Гучи ја зголеми цената на чантите за до 9%, придружувајќи се на конкуренцијата Луј Витон и Шанел во намерата дека нивните брендови сепак ќе ги намамат богатите, се вели во извештајот на Jefferies бидејќи врвните луксузни брендови се обидуваат да ги надоместат загубите поради коронавирусот. Луксузната модна индустрија, која игра голема улога во […]

Казната на Агрокор намалена од 53 на еден милион евра


Словенија – Вишиот суд во Љубљана ја намали казната што словенечкиот регулатор за пазарна конкуренција (АВК) лани ја изрече на хрватската компанија Агрокор од 53,5 милиони евра на само еден милион, јавуваат денеска словенечките медиуми. Со тоа се отвора можноста за деблокирање на запленетите акции на „Агрокор“ во словенечкиот трговски ланец „Меркатор“, што овозможува нивно пренесување […]

Почина Карлос Руиз Зафон, шпански автор на меѓународно најпродавани романи


САД-Карлос Руиз Зафон, шпански автор на меѓународно најпродавани романи, меѓу кои е и „Сенка на ветрот“, почина на 55-годишна возраст. Новелистот, кој често беше опишуван како најчитаниот шпански автор по Сервантес, починал денес во неговиот дом во Лос Анџелес, а според шпанските медиуми, во 2018 година на Зафон му бил дијагностициран рак на дебело црево. […]

Бројни позитивни тестови го потресоа американскиот спорт


САД– Надежите дека спортските натпреварувања во Соединетите американски држави наскоро ќе продолжат, претрпеа удар во петокот, откако голем број спортисти се тестираа позитивно за коронавирусот, што доведе до затворање на некои спортски објекти. Во последните 24 часа, Фудбалската лига (МЛС), Националната фудбалска лига (НФЛ), Националната хокеј лига (НХЛ) и Бејзбол лигата (МЛБ) забележаа случаи на […]

Нема приемни тестови за упис во „Орце Николов“. Примени се сите ученици со просек 5.00


Во скопската гимназија „Орце Николов“, нема да има квалификациони тестови на 22 јуни, за прием на нови ученици. Оваа информација за „Fakulteti.mk“  ја потврдил директорот Митко Димовски. Иако во оваа гимназија се пријавени повеќе ученици со просек 5.00, од предвидениот број, нешто што се очекуваше, сепак, нема да има приемен испит. Димовски ни изјави дека […]

(Видео) Прес-конференција на Нина Ангеловска


Министерката за финансии Нина Ангеловска, денеска ќе одржи прес-конференција, за преземените мерки за справување со кризата предизвикана од корона вирусот. За досегашните мерки и оние кои следат, проследете ја прес-конференцијата во живо:

Милошоски прашува каде завршиле шестте милиони евра од „бомбите“


Антонио Милошоски реагираше на вчерашните  „бомби“ на кои се претпоставува дека е гласот на адвокатот Димишков, брат на судијката Димишкова. Тој прашува дали Зоран и Вице Заеви преку посредници ја трампале правдата за 6 милиони евра, иако според обвинителката Вилма Рускоска на снимката воопшто не се споменувале Заеви.   -Од вчерашните аудио материјали се гледа […]

Спасовски го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека учествува на масовни собири


Премиерот Оливер Спасовски реагираше на почетокот на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ порачувајќи дека, наспроти јавните заложби, оваа партија не ги почитува мерките за епидемијата . -И во време на сериозна здравствена криза и пандемија, јасна е разликата меѓу одговорниот, транспарентен и чесен пристап на СДСМ и незрелиот, неодговорен и политикантски однос на ВМРО-ДПМНЕ. Додека СДСМ во […]

Докторка и медицинска сестра заболени од Ковид-19 во Кавадарци


Лекарка специјалист и медицинска сестра од Општа болница Кавадарци се новите случаи на Ковид-19 во Тиквешијата. Информацијата за МИА утрово ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог во Центар за јавно здравје Кавадарци. -Лекарката е без симптоми, додека медицинската сестра со средна клиничка слика се наоѓа на Инфективното одделение во Велес, појасни Јовановски.

Турција единствена во Европа со зголемена продажба на автомобили


Турција ги надмина европските земји и стана единствениот пазар што успеа да ја зголеми продажбата на автомобили од јануари до мај, објави весникот „Сабах“. Автомобилскиот сектор е меѓу индустриите што се најтешко погодени од пандемијата на коронавирус, бидејќи блокадата ги затвора автокуќите и го запира производството и продажбата. Според Европската асоцијација за автомобилска индустрија (АЦЕА), […]

Цела покраинска Влада на Салцбург на тестирање за Ковид-19


Владата на австриската провинција Салцбург ќе мора да биде тестирана за коронавирусот, откако се утврди дека неколкумина вработени се .позитивни на Ковид-19 Девет лица во Салцбург неодамна беа тестирани позитивно, а меѓу нив има и двајца официјални претставници на провинцијата. По тестирањето на сите контакти на пациентите, здравствените власти наредија, како превентивна мерка, тестирање на […]