Спасовски го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека учествува на масовни собири
И додека СДСМ функционира исклучиво во заштита на здравјето на сите граѓани, ВМРО-ДПМНЕ свесно и намерно ги крши сите протоколи и мерки за заштита со што здравјето на граѓаните го доведува во опасност.
Последен пример е партискиот собир на ВМРО-ДПМНЕ во Лисиче кога и самиот Мицкоски ја прекрши забраната за собири и учествуваше во масовен собир каде што имаше и физички поздравувања, не се држеше дистанца, а маски ретко кој и да носеше.
Јавноста беше сведок и како Мицкоски посетуваше тератани, се групираше на јавни места, како седел во дел од ресторан кој не смеел да работи, а за сето тоа време неговиот Наќе Чулев не реагираше ниту еднаш. Тоа се Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Напладне глумат загриженост за јавното здравје, а попладне истото го загрозуваат со кршење на мерките и забраните.
Ова е јасна разлика помеѓу вистинска грижа за здравјето на граѓаните од страна на СДСМ и свесно загрозување на јавното здравје од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Затоа, ве повикувам секој еден од нас да биде дел од решението со коронавирусот и да ги почитува мерките за заштита.
Да го чуваме здравјето и на 15 јули да победиме и да ја пребродиме оваа криза заедно, единствени и сплотени, како што ни доликува, се вели во изјавата на Спасовски.