Мицкоски: Точно е, мајка ми е позитивна на коронавирус, нема да се самоизолирам


Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета во Струмица информираше дека неговата мајка е позитивна на вирусот Ковид-19, потенцирајќи дека тој не се видел со неа  подолг период имајќи го предвид ризикот на кој е изложен поради секојдневните средби и разговори.