Гучи и Шанел ги поскапеа чантите за да ги покријат губитоците


Италија – Гучи ја зголеми цената на чантите за до 9%, придружувајќи се на конкуренцијата Луј Витон и Шанел во намерата дека нивните брендови сепак ќе ги намамат богатите, се вели во извештајот на Jefferies бидејќи врвните луксузни брендови се обидуваат да ги надоместат загубите поради коронавирусот.

Луксузната модна индустрија, која игра голема улога во економиите на Италија и Франција, беше погодена од карантинот што ги затвори продавниците низ целиот свет и може да се соочи со години на неизвесност, бидејќи најверојатно ќе паднат приходите на многу луѓе.

Аналитичарот за луксузни производи „ Jefferies “, Флавио Серада, ги спореди цените во различни земји на две рачни торби „Гучи“ – 2.290 долари „Дионис“ и „Зуми“ од 2.980 американски долари – во мај и јуни и откри зголемување на цените и во Италија, Велика Британија и Кина од 5 до 9%.

Портпаролката на сопственикот на Гучи- Керинг одби да коментира.

Аналитичарот Серада во извештајот навел дека промената на цените ќе го намали јазот помеѓу цените на чантите во Европа, кои се пониски отколку на големите пазари за луксуз, како што е Кина, каде купувачите стоеја во редици пред продавниците, веднаш по олабавувањето на мерките.

Сепак, цената во евра на Дионис во Кина беше за 28% повисока отколку во Италија по зголемувањето. Јазот беше беше за 23% поголем за моделот Зуми.

Шанел соопшти дека во мај ги зголемиле цените на чантите и некои мали производи од кожа ширум светот за да рефлектираат повисоки трошоци за суровини заради нарушување на синџирот на снабдување по кризата со коронавирус.

Прегледот на Ројтерс за цените на Интернет за чанти на брендовите на LVMH, Луј Витон, исто така, забележа зголемување на цените во Европа и САД.