„Доручек кај Тифани ”, „Последниот самурај“ цензурирани на ТВ-платформата „Скај“


САД – Операторот за платена телевизија во САД, „Скај“ додаде предупредувања за „застарени содржини“ кон неколку филмови, класиците „Доручек кај Тифани“, „Последниот Самурај“, „Лоренс од Арабија“, „Однесено со виорот“,  „Флаш Гордон“… и анимациите „Дамбо“ и „Книга за џунглата”. Имено, при барање на овие класици на „Дизни”, сега прво се појавува предупредувачки натпис: „Овој филм содржи застарени […]

Берзата го продолжи бесплатното користење на „eTrader“ за инвеститорите


Одборот на директори одлучи продуктот на Македонската берза за електронско тргување преку интернет „eTrader“ – што им е достапен на инвеститорите преку нивните брокери и им овозможува далечинско тргување на Берзата, да продолжи да се користи бесплатно и по завршувањето на вонредната состојба, односно до 30 септември оваа година. Како што информираат денеска од Македонската […]

Факултет за безбедност: Да се донесе закон за вонредна состојба


Нормативно уредување на односите, постапките и дејствија на соработка на Армијата и Полицијата во услови на криза и вонредна состојба и воспоставување на систем на функционална заедничка команда и размена на информации, формално правно регулирање на полицискиот час, анализирање и афирмација на позитивните искуства на работата на медиумите, посебно во справувањето со дезинформациите (лажните вести), […]

Се уредуваат плажите во Охрид, по уривањето на дивите објекти


Екипи на општинските јавни претпријатија во координација со Општина Охрид од денес ќе започнат со активности за уредување на крајбрежниот простор на Охридското Езеро, во потегот од „Горица 3“ до „Аквалина“ каде што во текот на изминатата седмица се вршеше отстранување на нелегални објекти и остатоци од урбана опрема. Оваа седмица ќе се врши расчистување […]

Се зголемува бројот на пациенти од Ковид-19 кои се во болница во Албанија


Во последното деноноќие во Албанија регитрирани се помал број новозаразени со Ковид-19, споредено со вчера, но забележан е зголемен број на лица кои се во болница, споредено со деновите од изминатата недела. Според Еугена Томини,од Институтот за јавно здравје, од направените 239 тестови на сомнителни случаи, позитивен резултат е добиен кај 33 лица, од кои […]

Црна Гора: Вирусот не ослабна, можни повторни жаришта


Типот на вирусот што се појави по укинувањето на мерките и прогласувањето на Црна Гора за „земја без корона“ не е послаб од оној што преовладуваше во првиот дел од епидемијата, соопштија за весникот „Побједа“ епидемиолози од Институтот за јавно здравје на Црна Гора. Тие истакнаа дека во моментов нема валидни научни податоци што би […]

Почина писателот Миле Неделкоски


Во 85-тата година од животот вчера почина писателот Миле Неделкоски – поет, романсиер, раскажувач, драматург, соопшти Друштвото на писателите на Македонија во кое Неделковски членувал од 1963 година. Роден е на 25 ноември 1935 година во Прилеп. Од 1963 до 2009 ги објавил збирките поезија: „Срцето од злато“;  „Јужно лето“; поемата „Улавиот од Преспа“; „Еретикон–Еротикон“; […]

Работодавачите бараат од партиите конкретни решенија за надминување на последиците од корона кризата


Пред официјалниот старт на кампањата, Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) ги повикува политичките партии што учествуваат на претстојните парламентарни избори во своите изборни програми да понудат конкретни решенија за надминување на економските и социјалните последици од Ковид-19 пандемијата. ОРМ очекува изборите да бидат успешни и да овозможат брзо формирање на стабилни институции кои, преку […]

Клиниките во ЕУ се подготвуваат за вториот бран на пандемијата


Болниците во ЕУ се подготвуваат за вториот бран на заразата со коронавирусот, преку обука на резервната работна сила и организирање на нивната мобилност. – Ни треба здравствена армија, изјави Маурисио Чекони, претседател на Европското здружение за интензивна медицина и шеф на одделот за интензивна нега во болница во Милано. Како што јавија германските медиуми, тој […]

Решенија за изолација за 566 грѓани изминатите 24 часа


Решенија за изолација добиле 566 граѓани, а 178 лица потпишале изјава за самоизолација во изминатото деноноќие, соопшти МВР. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што било констатирано дека две лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација . -Од стапување на сила на уредбата за […]

Катастарот се врати на вообичаеното работно време


Агенцијата за катастар на недвижности повторно работи со капацитетот со кој работеше пред состојбата на пандемијата со коронавирусот. -Шалтерите што пред здравствената криза работеа со работно време од 7:30 до 18:00 часот, ќе продолжат да работат со истото работно време. Тоа важи и за Центарот за катастар на недвижности – Скопје, чие работно време на […]

Интервју, Никола Спасов: Успехот во битката со короната може да биде клучен за исходот на изборите


Партиите ќе воведат некои иновативности во кампањата, но прашање е колку нови содржини ќе изнајдат. Главна тема и препукување меѓу партиите ќе биде кој колку протоколи прекршил   Љупчо Поповски Корона кризата дојде премногу брзо и премногу силно за партиите да го променат начинот на водење кампања пред избори. Некои иновации преку адаптирање на интернет […]

Данска ќе воведе данок на јаглерод диоксид и стакленички гасови


Владејачка коалиција на Данска се согласи да воведе данок на емисиите на јаглерод диоксид и емисиите на стакленички гасови, соопшти денеска Владата. Данска има една од најамбициозните програми за борба против климатските промени во светот. Земјата има цел да ги намали емисиите на стакленички гасови за 70 проценти до 2030 година и да стане целосно […]

МВР објави листа на лица на кои не може да им достави решенија за прекршоци


Министерството за внатрешни работи на својата веб страна денеска објави листа со имиња и презимиња на 35 физички и правни лица на кои не може да им бидат доставени решенија за извршени прекршоци. – Се повикуваат овие физички и правни лица, во рок од осум дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во […]

ССК: Кабелските оператори да си ги бараат правата институционално, а не на грбот на граѓаните


Сојузот на стопански комори (ССК) го квалификува како скандалозно однесувањето на кабелските оператори кои вчера еден час го прекинаа емитувањето на ТВ програмите. ССК оценува дека на овој начин операторите ги оштетуваат корисниците кои плаќаат за услугите и имаат уредно склучени договори. Воедно им порачува на кабелските оператори своите права да ги бараат институционално, а […]

Комисијата за заразни болести на средба со скопските градоначалници


Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок со скопските градоначалници, информираа за МИА од Министерството за здравство. Се очекува, на состанокот да се дискутира за можноста локалните самоуправи да се вклучат во справувањето со коронавирусот. – Мора на секое ниво да се јакне свеста за превенција од коронавирусот, објави на својот ФБ профил министерот […]

Источноевропејци од германската кланица со 1.300 заразени заминале во своите земји


Вработени во „Tенис“, најголемата германска кланица која стана жариште на коронавирусот, отпатувале во своите татковини пред да се прогласи карантин во округот каде што се наоѓа компанијата. Ова го јави агенцијата ДПА која цитира извори од округот каде што се наоѓа кланицата кои сведочеле дека дел од вработените, претежно од Источна Европа, меѓу кои многу […]

„Огнен прстен“ над Африка и Азија (фото, видео)


Луѓето во Африка и Јужна и Југоисточна Азија вчера имаа можност да видат делумно затемнување на Сонцето. Тоа беше оној познат „огнен прстен”, кога Месечината покрива голем дел од внатрешноста на Сончевиот диск, но не и целиот круг. Овој астрономски феномен се случува еднаш до двапати годишно. Годинава тој беше видлив во средишната област на […]

Стандардот во Македонија за 57 отсто понизок од просекот во ЕУ


Стандардот во Македонија лани се приближил за еден процентен поен до европскиот просек, но сепак е за високи 57 отсто понизок од просечниот стандард на земјите членки на Европската унија, покажуваат првичните показатели на Евростат. Слично е и со домашниот бруто-производ по жител според куповната моќ, кој иако е за еден процентен поен повисок од […]

„Генерали инвестмент“ ја купува „Илирика фонд менаџмент“


„Генерали инвестмент“ Словенија е во процес на преземање на „Илирика Фонд Менаџмент“ АД Скопје преку спојување со „Генерали Инвестментс“ АД Скопје. Трансакцијата се случува по одобрувањето од Комисијата за хартии од вредност и по преземањето на „Илирика“, „Генерали инвестмент“ АД Скопје ќе го зголеми пазарното учество на 26 проценти на македонскиот пазар. „Генерали Инвестментс“ АД Скопје […]