Решенија за изолација за 566 грѓани изминатите 24 часа


Фото: Б. Грданоски
Решенија за изолација добиле 566 граѓани, а 178 лица потпишале изјава за самоизолација во изминатото деноноќие, соопшти МВР.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што било констатирано дека две лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација .

-Од стапување на сила на уредбата за непочитување на решенијата за изолација и самоизолација од 12.06.2020 до денеска 22.06.2020 година во државен карантин на сопствен трошок спроведени се вкупно 13 лица меѓу кои и еден полициски службеник, а против лицата ќе бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик на РСМ. Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 707 прекршоци, се додава во соопштението.