„Доручек кај Тифани ”, „Последниот самурај“ цензурирани на ТВ-платформата „Скај“


САД – Операторот за платена телевизија во САД, „Скај“ додаде предупредувања за „застарени содржини“ кон неколку филмови, класиците „Доручек кај Тифани“, „Последниот Самурај“, „Лоренс од Арабија“, „Однесено со виорот“,  „Флаш Гордон“… и анимациите „Дамбо“ и „Книга за џунглата”.

Имено, при барање на овие класици на „Дизни”, сега прво се појавува предупредувачки натпис: „Овој филм содржи застарени видувања, говор и културни стереотипи и пресликувања коишто денес може да се сфатат како навредливи“.

Вкупно 16 филма од платформата на „Скај синема“ веќе го имаат тоа предупредување за гледачите.