Кина не прифаќа меѓународна истрага за потеклото на коронавирусот


Пекинг не ги прифаќа повиците во Кина да се спроведе независна меѓународна истрага за потеклото на коронавирусот, изјави кинеската амбасадорка во Велика Британија Чен Вен. Таа за Би-Би-Си истакна дека повиците да се спроведе таква истрага се политички мотивирани. Чен рече дека таквата истрага ги ги одвратила кинеските власти од борбата против пандемијата на Ковид-19. […]

Тајсон се враќа во рингот


Поранешниот шампион во бокс во тешка категорија, Мајк Тајсон објави дека се враќа во рингот за серија добротворни натпревари, чии приходи ќе одат за поддршка на бездомниците и луѓето кои страдаа од зависност од дрога. Тајсон веќе влегол во сала за тренинг и неговиот прв впечаток е дека ќе биде доста тешко да се влезе […]

Јубилеј на најстарото македонско научно друштво


На 25 април 1960 година во Битола е формирано најстарото македонско научно друштво, кое основачите го именуваа како Друштво за наука и уметност, а од пред 20 години оваа Асоцијација на интелектуалците прерасна во Македонско научно друштво (МНД) – Битола. Асоцијацијата што ја формиравме со својата активност даде свој придонес во политиките за развојот на […]

Компаниите го реорганизираат производството


Во компаниите се работи со заштитна опрема и дистанцирање во производството за безбедни производи на потрошувачите   Заштина опрема за работниците во производствените капацитети, обезбедување растојание од ,1,5 до два метра меѓу нив и по потреба во повеќе смени, се дел од мерките за заштита од ширење на коронавирусот што ги донесе Владата со уредба, […]

Мицкоски бара лидерска средба кај претседателот Пендаровски


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го повикува претседателот на државата, Стево Пендаровски да свика лидерска средба за иницијативата на СДСМ и коалициските партнери кои бараат повторното свикување на Собранието. -Ја користам оваа прилика во вашата емисија да го повикам претседателот на државата, да не создаваме тензија во државата, да не се контрираме и надмудруваме кој […]

По два викенда со целосна забрана, прв викенд со скратен полициски час


По два викенда со целосна забрана за движење денеска почнува првиот викенд со скратен полициски час. Забраната за движење денеска ќе почне од 15:00 часот, а ќе трае до понеделник во 5:00 часот наутро. За лицата над 67 годишна возраст денеска ќе биде дозволено движење од 5:00 до 11:00, а младите лица до 18 години […]

Се изготвува план за реотворање на економијата


Ќе се работи повторно, но со протоколи, а отворањето на економијата ќе оди чекор по чекор, постепено и зависно за кој сектор се работи   Се работи на изготвување план за реотворање на економијата, чекор по чекор, постепено, зависно за кој сектор се работи. Формиран е тим кој, како што објави министерката за финансии Нина […]

Британец вакциниран против корона вирусот ги открива можните нуспојави


Една од првите личности на кои се тестира новата вакцина против коронавирусот е романописецот и поранешен детски ТВ водител Симeон Корти кој ги откри можните нуспојави од вакцината. Гостувајќи во утринската програма „Добро утро Британијо“, тој објасни зошто доброволно се согласил на тестирањето кое вчера почна во Оксфорд и откри некои од потенцијалните нуспојави, пренесува […]

Симната забраната за извоз на средства за дезинфекција


На економските оператори и производителите од земјава од денеска им е дозволен извоз на средства за дезинфенкција, но при тоа кон секоја царинска декларација треба да приложат изјава од извозникот и производителот дека одреден процент од стредствата остануваат како задолжителна залиха за потребите на домашниот пазар. Ваква одлука донесе Владата на денешната 46-та седница. -Владата […]

Обложувалниците, автомат клубовите и казината ќе можат да работат и онлајн


Економските оператори што организираат игри на среќа ќе можат онлајн (преку интернет) да ја продолжат својата дејност, со што се создаваат услови да се сочуваат 7.500 работни места. Тоа го предвидува Уредбата со законска сила што денеска ја донесе Владата за примена на Законот за игри на среќа и забавните игри за време на вонредна […]

Повратот од „МојДДВ“ може да се донира за справување со ковид-19


На денешната 46-та седница Владата донесе Уредба за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба. Со оваа уредба се продолжува рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 како и за плаќање на данокот на додадена вредност, за периодот од 01.02.2020-29.02.2020 година, заклучно со 30 април 2020 година. Оваа уредба овозможува […]

Нови 389 смртни случаи, во Франција до сега од ковид-19 починаа 22.245


Од 1 март во Франција починале 22.245 лица како последица на заразата со Ковид-19, а само во последните 24 часа бројот на смртните случаи е 389. Вечерва на болничко лекување се наоѓаат 28.658 лица, а 4.870 се на интензивна нега. Бројот на новопристигнатите пациенти во болниците и потребата од интензивна нега постојано се намалува повеќе […]

Како би можела да изгледа економската класа во авионите по корона вирусот


Компаниите веќе нудат нови и иновативни концепти кои го отсликуваат сменетиот пејзаж за патувања   Јасно е дека летањето со авион ќе биде различно по корона вирусот. И, додека некои авиокомпании дискутираат за отстранување на средните седишта за да се одржи физичкото растојание, една компанија за ентериер на авионите понуди неколку концепти за прилагодување на […]

Стевановиќ: Се што правевме беше пикот на Ковид-19 да биде поподнослив


Ништо не може да се компарира со Ковид-19 и секој може да биде во ризик. Третманите се менуваат и дополнуваат според согледувањата кај нас и во светот, но не гледаме голема помош во механичката вентилација, порача вечерва директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ. -Се што досега правевме беше пикот да биде поподнослив. Прашање е на […]

Две жртви во сообраќајка на мотоцикли кај село Мрзенци


Попладнево во 13:20 часот во близина на гевгелиското село Мрзенци,на автопатот А1, се случила тешка сообраќајна незгода помеѓу два мотоцикли кои се движеле во правец од Смоквица кон Гевгелија. Во несреќата животот го изгубиле Ј.Ј. (22) од струмичкото село Добрејци и А.Ѓ.(35) од струмичкото село Робово, соопштија од СВР Струмица. Увид на местото на несреќата […]

Бразилскиот министер за правда поднесе оставка


Бразилскиот министер за правда Сержо Моро, кој стана популарен како „борец против корупцијата“, денеска поднесе оставка и тоа откако претседателот Жаир Болсонаро одлучи да го смени шефот на сојузната полиција во екот на епидемијата на Ковид-19. Шефот на сојузната полиција Маурисио Валеишо до крајот на 2018 блиску соработуваше со Моро на истрага за корупција. Истрагата […]

Ривалството продолжува: „Битлси“ или „Ролинг Стоунс“?


САД-Мик Џегер и Кит Ричардс оваа недела заминаа на шоуто на „Епл музика“ на Зејн Лоу за да го промовираат новиот сингл на „Ролинг Стоунс“, “Living in a Ghost Town,” , кој исто така им даде можност да одговорат на неодамнешното тврдење на Пол Мекартни дека Битлси биле подобар бенд од „Ролинг Стоунс“. „Ролинг Стоунс“ […]

Најмалку жртви во еден ден во Италија, но пораст на бројот на новозаразени


Во Италија од корона вирусот денеска починале 420 лица, што е најмал број на жртви во еден ден од 19 март, но бројот на новозаразени од вчера се зголеми за 3.021, соопшти Агенцијата за цивилна заштита. Со вкупен број на жртви од речиси 26.000, Италија е на второ место после САД. До сега се регистрирани […]

Работодавачите главно ги почитуваат мерките за заштита на вработените


Претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска Грашковска ги презентираше наодите на шест инспекциски служби околу  почитување на мерките и препораките од Владата за да се превенира ширењето на коронавирусот. – Во овој период шесте инспекциски служби извршиле 33.173 инспекциски надзори. Од вкупниот број надзори – 26.569 се спроведени од Државниот пазарен инспекторат. Еден поголем дел […]

Термини за изнесување на домашните миленици по скратувањето на полицискиот час


Согласно со скратувањето на полицискиот час, Владата усвои заклучоци за измени кои се однесуваат на домашните миленици и дозволата да се изнесуваат надвор. Граѓаните кои живеат во згради од понеделник до петок може да ги изнесуваат до 19 часот односно пред започнувањето на забраната и посебниот режим на движење. Во сабота домашните миленичиња ќе може […]