Бразилскиот министер за правда поднесе оставка


Бразилскиот министер за правда Сержо Моро, кој стана популарен како „борец против корупцијата“, денеска поднесе оставка и тоа откако претседателот Жаир Болсонаро одлучи да го смени шефот на сојузната полиција во екот на епидемијата на Ковид-19.

Шефот на сојузната полиција Маурисио Валеишо до крајот на 2018 блиску соработуваше со Моро на истрага за корупција. Истрагата опфаќаше многу политичари и бизнисмени низ Латинска Америка, вклучувајќи го и поранешниот претседател да Силва.

Моро денеска изјави го предупредил Болсонаро дека менувањето на шефот на сојузната полиција без причина ќе претставува политичко мешање.