Што содржи вториот пакет мерки на Владата (интегрално)


На денешната седница Владата го донесе вториот пакет економски мерки за справување со последиците од кризата врз стопанството. Станува збор за сет од 17 мерки кои ги објавуваме во целост. Со мерката број 1 што денеска е утврдена на седницата на Владата се предвидува финансиска поддршка за правните субјекти од приватниот сектор погодени од здравствено-економската […]

Бугарија го укинува задолжителното носење заштитни маски


Бугарија– Бугарскиот министер за здравство Кирил Ананиев изјави денеска дека е укината мерката за задолжително носење заштитни маски за лице, во затворен и на отворен простор. Тој рече дека мерката е воведена во понеделникот за да се спречи ширењето на новиот коронавирус, но поради немање на јавен консензус, мерката ќе остане само препорака. Тој најави […]

Седум македонски граѓани донесени од Перу во Европа


Министерството за надворешни работи информираше дека уште седум македонски граѓани се репатрирани од Лима, Перу на европско тло. Во организација на македонската амбасада во Бразилија, а во соработка со МНР на Португалија, утрово авионот на португалскиот авиопревозник ТАП слета во Лисабон, од каде нашите граѓани го продолжија враќањето кон земјата. Од сите досега пријавени  за […]

Том Хенкс: Веќе сме дома и не излегуваме никаде


САД – Актерот Том Хенкс, по две седмици во карантин во Австралија, се врати во својот дом во Лос Анџелес, па на Твитер сподели како се чувствува oткако кај него и неговата сопруга Рита Вилсон беше дијагностицирано присуство на коронавирусот. Во Австралија претходно, Хенкс снимаше биографски филм за Елвис Присли. „Здраво на сите… Ние сме дома, […]

ИКЕА ќе произведува медицински маски


Шведска – Шведската компанија ИКЕА ќе започне производство на заштитна опрема за болнички работници, кои се на најголем удар во борбата против новиот коронавирус. Конкретно станува збор за изработка на медицински маски и престилки. Според Хенрик Елм, менаџер за набавки на компанијата, ИКЕА се соочува со одложување на испораката поради ширењето на коронавирусот во Европа и […]

(Во живо) Прес на министерот Филипче


Проследете ја прес-конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче за најновата состојба со корона вирусот. Денеска има уште две нови жртви, но најголем број заболени во еден ден – 44.

Синдикатот ја пофали Владата бидејќи не ги намали платите на администрацијата


Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) по објавувањето на вториот сет владини мерки излезе со соопштение во кое го поздравува ставот на Владата да нема намалување на платите на вработените во јавниот и приватниот сектор. Во соопштението се наведува дека мерките биле усогласени на денешната седница на  Економско-социјалниот совет и оти конструктивниот социјален дијалог е […]

ССК се огради од мерките на Владата, не биле доволни и нема да ги постигнат очекуваните резултати


Баравме системски мерки за сите засегнати, а не делумна помош во криза, велат од Сојузот на стопански комори   Сојузот на стопански комори денес се огради од мерките објавени во вториот сет од страна на Владата, со појаснување дека тие барале системски мерки за сите засегнати микро, мали и средни претпријатија без оглед на дејноста, […]

Истражување: Изолацијата поради коронавирус можеби спаси 59.000 животи во 11 европски земји


Изолацијата и другите преземени мерки за да се спречи ширењето на епидемијата на Ковид-19 спасија животи на 59.000 луѓе во 11 европски земји, повеќето од нив во Италија – 38.000, тврдат британски научници. – Благодарение на мерките преземени до крајот на март, проценуваме дека е спречена смртта на 59.000 луѓе во 11 држави до 31 […]

Штербик ја заврши кариерата поради корона вирусот


Легендарниот ракометен голман Арпад Штербик одлучи да ја заврши професионалната кариера. Некогашниот чувар на мрежата на СР Југославија, а потоа и на селекцијата на Шпанија, на овој потег се одлучи поради пандемијата од корона вирусот. Сите спортски наптревари се прекинати и се уште не се знае кога ќе продолжат. „Оваа одлука е многу тешка за […]

(Видео) Пендаровски: Нема да има печатење пари


Претседателот Стево Пендаровски, по седницата на Советот за безбедност на која беа поканети и министри од економскиот ресор, изјави дека главна тема била вонредната состојба што ја воведе на 18 март и обврската на Владата, која сега ја има целата власт,  детално да извести за мерките што ги презема. На состанокот не присуствувал иако бил […]

Кои компании ќе може да бараат поддршка од 14.500 денари за исплата на нето-плата


Обезбедена минимална нето плата во износ од 14.500 денари за април и мај за вработените во фирмите кои претрпеле штета поради корона кризата, како и исто толкав износ на плата за сите избрани и именувани функционери на државно и на локално ниво, се две од сетот 17 мерки кои денес на прес конференција ги презентира […]

Сите што ќе останат без работа поради кризата 50 отсто од плата надомест од државата


Сите граѓани кои ќе останат без работа поради кризата предизвикана  од ширењето на корона вирусот, од државата ќе добиваат надомест во висина од 50 проценти од нивната месечна плата во измината година. Времетраењето на исплатата на надоместокот ќе зависи од должината на работниот стаж на работникот. -За граѓаните кои ќе останат без работа поради кризата […]

Црн ден за Србија: Седум мртви, уште 115 заразени, вкупно 900


Директорот на Клиниката за инфективни и тропски болести во Белград, д-р Горан Стевановиќ, рече дека ова е најттешкиот ден за Србија. Соопшти дека во последните 24 часа забележани се нови седум смртни случаи од корона вирус, а дека има нови 115 новозаразени. Со ова, бројот на заразени во Србија се искачи на 900.

Уште две жртви на корона вирусот, 44 нови случаи, вкупно 329


Министерството за здравство соопшти дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Ковид-19 починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар. Починатиот од Куманово, како што се посочува имал дијабетес, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично […]

Српската Влада за 10 отсто ги зголеми платите на сите здравствени работници


Српската Влада на денешната седница усвои одлука со која на сите здравствени работници од 1 април им се зголемува платата за десет отсто, соопштија Владата. Како што јави дописникот на МИА од Белград, зголемување на платата се однесува на сите здравствени и военоздравствени институции, вработените во здравствената заштита во установите на социјална заштита, како и […]

Втор сет мерки на Владата: Минималец за избраните и именуваните функционери


  Втор сет мерки за поддршка на економијата која се соочува со последици поради коронавирусот презентира денеска Владата на прес-конференција. Една од пакетот мерки е финансиска поддршка за претпријатијата за исплата на плати за вработените во висина од 14.500 денари. Минимална плата за април и мај ќе биде обезбедена и за спортските работниции и за […]

Дескоска: Да се избориме со епидемијата, па да го реформираме правосудството


Министерката за правда Рената Дескоска по повод Денот на правосудство на судиите и јавните обвинители, адвокатите, вработените и други претставници на правосудниот сектор им посакува добро здравје, надеж за брзо нормализирање и справување со оваа состојба и успешна имплементација на реформите во правосудството. -Дозволете ми да ве информирам дека со утврдувањето на постоење на вонредна […]

Жител на Штип, место во самоизолација, отишол на бербер, го очекува казна од 5 илјади евра


Основното јавно обвинителство Штип до Основниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од Јавното обвинителство. -Обвинетиот 32-годишник не постапил според решението со кое му била определена задолжителна домашна изолација до 26 март, па на 25 март го напуштил […]

„Пекабеско“ плати данок за цела година за да помогне во борбата со корона вирусот


Компанијата „Пекабеско“ изврши аконтативна уплата на целокупниот пресметан данок на добивка за 2020 година во висина од 8.833.000 денари со што се приклучува на иницијативата на Владата и Министерството за финансии за давање конкретен придонес во националната борба против коронавирусот. -Сакаме да дадеме конкретна поддршка со цел во овие тешки моменти државниот буџет да се […]