Црн ден за Србија: Седум мртви, уште 115 заразени, вкупно 900


Директорот на Клиниката за инфективни и тропски болести во Белград, д-р Горан Стевановиќ, рече дека ова е најттешкиот ден за Србија.

Соопшти дека во последните 24 часа забележани се нови седум смртни случаи од корона вирус, а дека има нови 115 новозаразени.

Со ова, бројот на заразени во Србија се искачи на 900.