Трамп му вети „многу голем“ трговски договор на Џонсон по „Брегзит“


Американскиот претседател Доналд Трамп вети „многу голем трговски договор“ со Велика Британија по „Брегзит“. Трамп го изјави ова по работниот појадок со британскиот премиер Борис Џонсон на маргините на самитот на Г7 во Биариц, Франција. Тоа е прва средба на двајцата лидери откако Џонсон стана британски премиер. Говорејќи пред новинарите по средбата, Трамп рече дека …

Трамп му вети „многу голем“ трговски договор на Џонсон по „Брегзит“ Read More »

Пожари опустошија речиси милион хектари во Боливија


Во Боливија пожарите опустошија 950.000 хектари земја и покрај акциите на пожарникарите кои вчера беа поддржани и од авион Боинг Супертанкер 747-700. Од пожарите уништени се 32 отсто шуми во Чикитано каде живеат околу 2.000 семејства во 11 села и 35 заедници домородно население. Министерот Хуан Рамон Кинтана објави на Твитер дека е задоволен од …

Пожари опустошија речиси милион хектари во Боливија Read More »

Приведен тетовец кај кого е пронајден карабин, куршуми и рамка за автоматска пушка


Полицијата синоќа во 20.30 часот, врз основа на судска наредба, извршила претрес во домот на А.Џ. во Тетово, при што биле пронајдени и одземени карабин калибар 8 х 57 ЈС, три куршуми калибар 8х57 и една рамка за авотоматска пушка со 21 куршум калибар 7.62 милиметри. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно …

Приведен тетовец кај кого е пронајден карабин, куршуми и рамка за автоматска пушка Read More »

Регистрирани 39 прекршоци во полициска контрола за брзо возење во Скопје


Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје синоќа во периодот од 06.00 до 24.00 часот на 24.08.2019 година во рамки на акциската контрола за санкционирање на возачи на моторни возила кои ја пречекориле дозволената брзина на движење, регистрира вкупно 35 прекршоци, за што се издадени соодветни казни. Од МВР информираат …

Регистрирани 39 прекршоци во полициска контрола за брзо возење во Скопје Read More »

Специјалната обвинителка во „специјален“ оддел во затворот во Шутка


Во посебен оддел, со уште една приведена, специјалната обвинителка Катица Јанева ги минува деновите во притвор. Јанева не е во женското одделение, таа е во посебен оддел поради безбедносна проценка на затворската управа, изјави директорот на истражниот затвор Скопје Есад Рахиќ во интервју за Радио Слободна Европа.  -Во принцип ниедно притворено лице не е само. Секогаш …

Специјалната обвинителка во „специјален“ оддел во затворот во Шутка Read More »

Полицаец со лажна диплома 17 години работел во МВР


СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ш.(38) од ресенското село Асамати, поради постоење основи на сомнение дека сторил едно продолжено кривично дело „фалсификување исправа“. Пријавениот во периодот од 17.06.2000 до 2002 година набавил лажна диплома за положен завршен испит во ЦСНО „Здравко Чочковски“ во Дебар – училиште за средно образование, IV степен-гимназиско општо образование, во …

Полицаец со лажна диплома 17 години работел во МВР Read More »

Бендот „Визија“ со два концерти во Патра, Грција


Бендот „Визија“ продолжува со своите интернационални настапи. Откако во мај годинава настапија пред француската публика во градот Дижон, сега во рамки на „Europe Convergence” ќе одржат и два концерти во градот Патра, кој се наоѓа во јужниот дел на Грција. Концертите се закажани за 28. и 31. август, а покрај „Визија“, во периодот меѓу 26. …

Бендот „Визија“ со два концерти во Патра, Грција Read More »

Бразилската армија се распоредува за гаснење на пожарите во Амазонија


Со поддршка на воени авиони, бразилските војници почнаа да се распоредуваат низ прашуми во Амазонија за да се борат со пожарите што го зафатија регионот со рекорден интензитет. Првата мисија ќе ја извршат 700 војници околу Порто Веља, главниот град на бразилската држава Рондонија, изјави министерот за одбрана Фернандо Асеведо. Шест бразилски држави побарале федерална …

Бразилската армија се распоредува за гаснење на пожарите во Амазонија Read More »

Концерт на пијанистката Дуња Иванова на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука


На археолошкиот локалитет Врбјанска Чука во Пелагонија, пијанистката Дуња Иванова вечерва ќе одржи концерт со делата на Стив Рајх, Филип Глас, Лудовико Еинауди и Јан Тирсен. Овој настан е несекојдневна можност да се слушнат современи класични композитори во археолошката сонда и за прв пат да се проткаат (пред)историските мистерии со репетитивните ритмови и минималистичките есенцијални …

Концерт на пијанистката Дуња Иванова на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука Read More »

Упис на Скопскиот универзитет на 29 и 30 август


На 29 и 30 август на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје е првиот рок за упис во прва година додипломски студии во учебната 2019/2020 година. Според Конкурсот на УКИМ, слободни се вкупно 10 665 места. Од нив, во квотата за редовни студенти има 5387 места, во квотата за редовни со кофинансирање на студиите 4248 и …

Упис на Скопскиот универзитет на 29 и 30 август Read More »

Хромотерапија: Како да се излечиме со помош на боите и светлината


Кога станува збор за алтернативната медицина, не може да не се сетиме и на Хромотерапијата, која што е метод на третман при што се користи видливиот спектар на бои и светлината за да се лекуваат различните типови на заболувања. И ова е стар вид на пракса која што доведува до хомеостаза, односно до релативен баланс …

Хромотерапија: Како да се излечиме со помош на боите и светлината Read More »

Стихозбирката „Човек“ на Јовица Ивановски добитник на наградата „Браќа Миладиновци“


Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек“ е добитникот на годинашната награда „Браќа Миладиновци“, која ја доделува поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“. За наградата одлучила жири-комисија составена од Милован Стефановски, претседател, Лорета Георгиевска – Јаковлева, Тихомир Јанчовски, Лидија Капушевска-Дракулевска и Снежана Стојчевска, секретар. Од „Струшки вечери на поезијата“ информираат дека од петте збирки поезија кои влегоа …

Стихозбирката „Човек“ на Јовица Ивановски добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ Read More »

Луксуз


ЛЕЈЛА САБИТ Не се мери веќе со пари, моќ, политика, злоба, глупост, алчност, лага, банкарски сметки, стандард, недвижности, злато, дијаманти, куќи, автомобили, јахти, патувања, шопинг, брендови, кич, ботокс, пијанство, свадби, разводи, подароци, фалење, врева, експонирање, надмудрување, озборување, лобија, кланови и интерес. И тука и во светот. Сега се луксуз времето, слободата, здравјето, хуманоста, манирите, чесноста, …

Луксуз Read More »

Француската полиција со водени топови растера демонстранти против средбата на Г-7


Француската полиција употреби водени топови против 400 демонстранти кои протестираа против средбата на врвот на Г7 во Биариц. Полицијата ги затвори и патиштата во соседниот град Бајон. Протестите во Бајон беа во најголем дел мирни, но на крајот денонстрантите почнаа да фрлаат кон полицијата со камења. Полицијата возврати со предупредувачки истрели и потоа и водени …

Француската полиција со водени топови растера демонстранти против средбата на Г-7 Read More »

Експерти: Зад пожарите во Амазонската Прашума се крие глад за говедско и соја


„Екстензивното одгледување говеда е главен фактор за уништување на Амазонскат Прашума. Нешто повеќе од 65 проценти од амазонското уништување на шумите е денес под пасишта“, тврди Ромуло Батиста, истражувач во Гринпис. Бразил е најголем извозник на говедско месо во светот. Земјата извезе рекордни 1,64 милиони тони месо во 2018 година, според бразилскиот кластер на извозници …

Експерти: Зад пожарите во Амазонската Прашума се крие глад за говедско и соја Read More »

НАСА ги истражува првите обвинувања за криминал во вселената


НАСА ги истражува наводите против астронаутка која наводно пристапувала до банкарската сметка на својата сопруга од Меѓународната вселенска станица. Тоа може да биде прво обвинување за кривично дело сторено во вселената. Ен Меклејн призна дека пристапувала на сметката на својата разведена сопруга, но изјавила дека не сторила ништо лошо, објави Њујорк Тајмс. Нејзината сопруга Сем …

НАСА ги истражува првите обвинувања за криминал во вселената Read More »

Филипче: Останува концептот за Детска кардиохирургија, операции и во двете приватни болници


Министерот за здравство Венко Филипче, по дилемите и шпекулациите за функционирањето на Детската кардиохирургија со концептот јавно – приватно партнерство откако кардиохирургот Владимир Чадиковски замина од клиниката „Жан Митрев“ и неговиот ангажман го продолжи во клиниката „Систина“, вели дека концептот останува, а операциите на децата ќе се извршуваат во двете приватни болници со истиот износ …

Филипче: Останува концептот за Детска кардиохирургија, операции и во двете приватни болници Read More »

Стотици нови пожари ја пустошат Амазонија


Стотици нови пожари продолжуваат да ја уништуваат Амазонската прашума, додека се засилува меѓународниот притисок врз бразилскиот претседател Жаир Болсонаро за да ги спречи пожарите во „белите дробови на светот“. Според Националниот институт за истражување на вселената (ИНПЕ) меѓу четврток и петокот избувнале нови 1663 пожари. Шефот на ИНПЕ беше отпуштен на почетокот од август, откако …

Стотици нови пожари ја пустошат Амазонија Read More »

Рејмонд Аксел и Алис Франко победници на 33. Охридски пливачки маратон


Рејмонд Аксел од Франција и Алис Франко од Италија се победници на Ултрамаратонот на 25-километри што во рамки на „Гран-при“ серијата на ФИНА денеска се пливаше во водите на Охридското Езеро. Двократниот светски шампион на 25 километри и рекордерот на Охридскиот маратон од 2013 година кога се пливаше на 32 километри, патеката „Климе Савин“ од …

Рејмонд Аксел и Алис Франко победници на 33. Охридски пливачки маратон Read More »

ЗНМ и СЕММ: Медиумите да се држат до професионалните стандарди, а политичарите да се воздржат од тужби


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) бараат медиумите да се држат до професионалните стандарди, а политичарите да се воздржат од тужби -ЗНМ и СЕММ сметаат дека јавните функционери треба да се воздржат од тужби за новинари. Патот кон професионализацијата на медиумите треба да се води преку …

ЗНМ и СЕММ: Медиумите да се држат до професионалните стандарди, а политичарите да се воздржат од тужби Read More »