Популистите добија многу гласови, но не победија на изборите во Источна Германија


Антиимиграциската Алтернатива за Германија оствари големи придобивки на изборите во две источногермански покраини, но главните партии на левицата и од десната страна, исто така, се претставија подобро отколку што се очекуваше, што донесе олеснување на владата на канцеларката Ангела Меркел во Берлин. Според проекциите, АфД доби во Саксонија со 27,8 отсто од гласовите, што е […]

„Доријан“ ги опустоши Бахамите, се движи кон Флорида


Најмалку пет лица загинаа на островите Абако на Бахамите во ударот на ураганот „Доријан“, кој во моментот е лоциран на околу 170 км источно од Вест Палм Бич на Флорида. Разорниот ураган е окарактеризиран како најсилен кој некогаш ги погодил Бахамите, а ударите на ветрот се 205 км/ч, додека над ахамите се задржа 40 часа. […]

Евакуација на 15 илјади луѓе од Хановер поради бомба од Втората светска војна


Повеќе од 15 илјади луѓе се евакуирани во Хановер во Германија поради бомба, останата од Втората светска војна, објави Хановерс алгемајне цајтунг. Германските медиуми посочуваат дека поради бомбата тешка 500 килограми, пронајдена вчера попладне на едно градилиште, биле евакуирани 15.200 лица. Во таа област во прекин е и сообраќајот на подземната железница. Поради бомбата и […]

Зендаја е лице на новиот парфем на Ланком: Со „Идол“ сите ќе ве запамтат


САД– „Ланком“  ја претстави кампањата за својот нов парфем насловен Idole, а главно лице на кампањата е холивудската ѕвезда Зендаја. Кампањата го носи мотото “I can, we will”. Новиот мирис е веќе достапен во продажба. Главна нота се розите од Турција кои се одгледуваат исклучително за брендот Lancome, а тука се и нотите од бергамот, […]

Пиењето вода клучно за здравјето, актуелна дилемата дали од шише или од чешма


Пиењето вода е клучен фактор за одржување добро здравје. Водата ја зголемува енергијата на телото, го подобрува варењето на храната, го забрзува метаболизмот, помага при ослободување на токсините…Честопати кога станува збор за здравјето се поставува прашањето која вода за пиење има подобар квалитет – водата од чешма или таа во шишиња, што се продава на […]

Џули Ендрјус-добитничка на „Златен лав“ за животно дело на Мостра


Италија– Џули Ендрјус (83) , холивудската легенда, препозналива по улогата на Мери Попинс во истоимениот филм, е добитничка на наградата за животно дело на Мостра 2019. Актерката, која освои Оскар во 1965 година за  улогата во „Мери Попинс“  го бакна лавот додека ја примаше наградата и се слушаа овации од публиката. -Бев почестена што поголемиот […]

Гори куќа во Тафталиџе


Пожар утринава изби во куќа на улицата „Будимпештанска бр.31“ во скопската населба Тафталиџе, јавува МИА. Од Противпожарната бригада на Град Скопје за МИА изјавија дека интервенираат со пет возила и 10 пожарникари. Пожарот кај нив е пријавен во осум часот. Засега не се знае причината за пожарот.

Едно лице е потешко, а шест полесно повредени во сообраќајки во Скопје


Едно лице е потешко повредено, а шест полесно во три од вкупно девет сообраќајни несреќи што изминатото деноноќие се случиле во Скопје. Според денешните информации од СВР Скопје 36 возачи се движеле со поголема брзина од дозволената. Од сообраќај се исклучени 21 возачи и тоа три кои управувале возило под дејство на алкохол, 17 пред […]

Учители без слух за првото ѕвонче


АЛЕКСАНДРА М.МИТЕВСКА Може да се воочат неколку позитивни и неколку негативни работи поврзани со предупредувачкиот штрајк на просветните работници, кој се случи место првиот школски ден. Во графата на добри работи, на пример, може да се вброи тоа што министерот за образование Арбер Адеми конечно доби можност да биде поекспониран во јавноста. Зашто да не […]

Ребалансот на Буџетот на владина седница


Ребалансот на Буџетот за 2019 година подготвен од Министерството за финансии, а во чија крајна фаза се вклучи и новата министерка Нина Ангеловска, денеска треба да биде разгледан на владина седница. Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека подготовката на ребалансот е во финална фаза и дека тој треба да даде поддршка на поддршка на капиталните […]

Музичко патешествие на Влатко Стефановски низ плакати: Од „Леб и сол“ до Стинг


Со ексклузивна музичка изложба на 90 парчиња плакати и постери кои го разоткриваат богатото и разнолико музичко патешествие на Влатко Стефановски низ годините, синоќа, во присуство на бројни гости, во Музеј на град Скопје започна петтиот филмски фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“. Петдневната филмска програма ќе се реализира во Кинотеката од 3 […]

Ураганите како метеоролошка појава


Додека ураганот Дориан беснее над Бахамите во југоисточните американски држави Флорида, Џорџија и Јужна Каролина се евакуира населението. Поради налетот на Дориан американскиот претседател Доналд Трамп претходно прогласи вонредна состојба на САД. Тоа е ураган од петта категорија – што значи дека може да предизвика катастрофални нивоа на уништување, Но, Флорида во септември 2017 година […]

Помпео и Фон дер Лајен се договорија САД и ЕУ да работат заедно за глобалните прашања


Белгија– Американскиот државен секретар Мајк Помпео и новоизбраната претседателка на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, изразија намера заеднички да работат на прашањата од приоритетната светска политичка и економска агенда, се посочува во соопштението на Стејт департментот по нивната средба во Брисел, пренесоа светските агенции. Државниот секретар и го честита изборот на Фон дер Лајен. […]

Надал последен четвртфиналист на УС опен


САД– Вториот турнирски носител Рафаел Надал е последниот четвртфиналист на Грен слемот УС опен. Шпанецот ноќеска во последниот осминафинален меч го совлада хрватскиот тенисер Марин Чилиќ со 3-1 (6:3, 3:6, 6:1 и 6:2). Противник на Надал во следната фаза ќе му биде Диего Шварцман од Аргентина. Двојки за другите три 1/4финални дуели: Беретини – Монфилс Федерер […]

Колку ќе скокне најниската плата : Синдикатот предлага минималец повисок за 1.000 денари


Предлог на Сојузот на синдикати на Македонија е минималецот да се зголеми за илјада денари. Предлогот е доставен до Владата, а за него било разговарано и на последната средба на синдикалците со премиерот Зоран Заев во јули. Во моментов, минималната плата во Македонија изнесува 12.507 денари. „Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) во континуитет се […]

Десет музички документарци на петтиот „Скопје синема сити“


Филмот „Под влијание“ за Кит Ричардс  вечер ќе го отвори петтиот Филмски фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“ кој до 7 септември ќе се одржува во Кинотеката. Се работи за филмски портрет на Кит Ричардс, кого го нарекуваат „срцето и душата на ’Ролинг стоунси’“. По проекцијата соло-настап ќе има Влатко Стефановски. Во пресрет […]

Изложба на графики: Време е за чај со Рено Рулман


Галеријата „Остен“ вечер од 20 часот ќе организира самостојна изложба „Време е за чај” и музички перформанс на францускиот мултимедијален уметник Рено Рулман кој ќе ги претстави своите графики-цијанотипии.  – Циклусот „Време е за чај” е серија на цијанотипии, специфичен фотографски графички процес со кој се продуцираат цијано-сини графики. Како фотограф на аналогна фотографија, Рулман […]

Регулатори од Западен Балкан ќе дебатираат во Франкфурт за осигурувањето


Осигурителен супервизорски форум на високи претставници помеѓу Еврoпската Комисија, Европското регулаторно тело за осигурување и пензии (EIOPA) и регулаторните тела за осигурување од земјите на Западен Балкан првпат ќе се одржи денеска во Франкфурт, Германија.   -Организацијата на Форумот е резултат на иницијативата на Агенцијата за супервизија на осигурување и последица од работната средба во […]

Изменет сообраќаен режим до четврток поради „ФИС ролер ски куп“


На 03, 04 и 05.09.2019 (вторник, среда и четврок) од 09.00 до 11.30 часот, ќе има посебен сообраќаен режим на булеварот „Илинден“, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници поради одржувањето на меѓународната спортска манифестација „ФИС ролер ски куп“. Одделението за безбедност на патниот сообраќај информира дека во организација на Скијачката федерација на […]

Од денеска на настава сите


Во основните и средните училишта денеска на настава се сите вработени откако вчера заврши предупредувачкиот штрајк на наставници членови на СОНК и тие што солидаризираа со нив. Штрајкувачите вчера беа на работа без работни обврски, а оние што не пристапија имаа часови. Во училиштата кои не истакнаа известувања дали ќе организираат настава, учениците и нивните […]