„Ракотворци чувари на традицијата – наше богатство и гордост“ во Музеј на Македонија


Во чест на 8 Септември, Денот на македонската независност, НУ Музеј на Република Северна Македонија во соработка со Здружението „Арти крафт“ организираат етнокултурна манифестација насловена „Ракотворци чувари на традицијата – наше богатство и гордост“ Настанот ќе се одржи денес, од 11 часот. Музејот традиционално ја организира оваа манифестација, секогаш со богата програма која во фокусот […]

Се сврши пејачот Александар Белов


Познатиот македонски поп-пејач Александар Белов кој подолго време живее и пее во Србија, поточно во Крагуевац, по неколкугодишна врска со Србинката Јелена ќе заплива во брачните води. Од Белов кој своевремено победи на „Операција триумф“, одамна не сме слушнале ништо ново на музички план, а и ретко настапува во Македонија. Свадбата ќе биде на есен. […]

Штипскиот Универзитет потпиша договор за соработка со Универзитет во Дубаи


Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Блажо Боев, денеска потпиша договор за соработка со претставниците од Универзитет во Дубаи. Договорот се однесува на соработката меѓу правните факултети на двата универзитети и ќе значи бенефит во интернационализацијата на Универзитетот „Гоце Делчев“. -Ова е значајна соработка во рамките на размената на професори и студенти, а особено во интернационализацијата на […]

Борис Џонсон нема да поднесе оставка


Англија – Британскиот премиер Борис Џонсон нема намера да поднесе оставка, изјави денеска британскиот министер задолжен за координација на планирањето на Брегзит без договор Мајкл Гоув. Изјавата доаѓа како одговор на шпекулациите дека Џонсон би можел да поднесе оставка со цел да дојде до предвремени парламентарни избори. – Мислам дека премиерот нема намера да поднесе оставка. […]

Законот за јазици заглави на двојазичните банкноти и униформи


Осум месеци откако и официјално е во употреба, повторно се зборува за Законот за јазици. Претставници на Венециската комисија допатуваа во Скопје за да ги чујат забелешките од партиите, како и од пратениците на помалите етнички заедници, по што ова советодавно тело на Советот на Европа ќе се изјасни околу уставноста на законот што предизвика […]

ЕУ воспостави антитерористички регистар


Белгија – Европската унија воспостави заеднички антитерористички регистар за да го олесни процесуирањето и носењето обвиненија против осомничените милитанти и луѓето кои се враќаат во своите земји по учеството во борбите на страна на Исламска држава во Сирија и Ирак, соопштија денеска претставници на Унијата. Тој потег има за цел делумно решавање на судбината на стотици […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Подготвени да ја покажете својата уникатна страна, претставете ги своите најголеми потенцијали: срцето чука побрзо и имате многу поводи за славење и страсни средби. Дозволете си го тој луксуз и бидете она што сте: изразете им ја својата љубов на саканите и покажете им дека не сте копија: признајте ја својата индивидуалност! Среќа. БИК: […]

Сообраќајна несреќа на патот Струмица-Ново Село, едно лице повредено


Едно лице е повредено во сообраќајната несреќа што се случи вечерва околу 20 часот на патот Струмица-граничен премин Ново Село на делницата кај селото Ново Коњарево, информираше  портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска. Во несреќата учествувале патничко возило и трактор, а сопатникот од тракторот се здобил со повреди и е пренесен во болницата во Струмица. […]

Сколс: Јунајтед нема да се бори за титулата уште најмалку 2 години


Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, не верува дека тимот ќе може да се бори за титулата барем наредните 2 години. „Црвените ѓаволи“ ја започнаа сезоната лошо со само една победа на 4 натпревари и се чини дека целта ќе биде пласман во Топ 4, но воопшто не е сигурно дека […]

Клаузула во договорот на Меси му овозможува да ја напушти Барса по крајот на секоја сезона


Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси има прилично интересна клаузула во договорот, која му овозможува да го напушти „Камп Ноу“ по крајот на секоја сезона без Каталонците да го запират, пренесува „Ел Паис“. Аргентинскиот репрезентативец го потпиша својот прв договор со клубот во 2005 година и оттогаш е обновен осум пати. Клаузулата за која станува збор […]

Пожар над селото Страцинци на Скопска Црна Гора


Пожар избувна попладнето над селото Страцинци на планината Скопска Црна Гора и се движи кон кумановското село Мојанце. Зафатена е ниско стеблеста шума, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски. – Три возила со 10 пожарникари се на терен. Дејствуваме за да се спречи проширување на пожарот во шумата. […]

За британските работи


АЛЕКСАНДАР КРЖАЛОВСКИ Откако на крајот на март не се случи „Брегзит“ (излез на Велика Британија од Европската Унија) и се договори одложување на целиот процес за шест месеци и се договори нов рок за тоа да се случи на 31 октомври, оваа тема како да спласна во јавноста, во очекување Британците да ги средат своите […]

До Советот на ЈО до крајот на работниот ден не пристигнала оставка од Јанева


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е во притвор во затворот „Скопје“ за предметот „Рекет“, како што јавуваат дел од медиумите, попладнево доставила писмо до Советот на јавни обвинители со кое ја активира оставката што ја поднесе на 15 јули. Претседателот на Советот на јавни обвинители Ацо Колевски за МИА информира дека до крајот на […]

Мурињо одбил да го привлече Ван Дајк во Јунајтед


Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо одбил да се натпреварува со екипата на Ливерпул за потписот на Вирџил ван Дајк. Холанѓанецот се етаблираше како еден од најдобрите дефанзивци во светот по неговиот трансфер кај „црвените“ минатиот јануари. Во тоа време, Мурињо не сакал да ангажира нов дефанзивец во составот на „црвените ѓаволи“, иако Ван […]

Европјаните се помалку купуваат дизел возила


Бројот на новорегистрирани автомобили со дизел мотори во земјите на ЕУ е намален од април до јуни за 16,4 отсто, на 1,3 милиони возила, покажуваат статистичките податоци. Пазарниот удел на дизел моторите е намален за пет проценти во однос на истиот период лани, соопшти Европската асоцијација на производители на автомобили. Во Германија е забележан помал […]

Студија: Вегетаријанците имаат поголем ризик од мозочен удар


Вегетаријански и вегански начин на исхрана намалува ризик од срцеви заболувања, но носи поголем ризик од мозочен удар, покажала голема студија објави Би-Би-Си. Студијата објавена во Бритиш медикал џурнал испитувала 48.000 луѓе во изминатите 18 години. Вегетаријанците и веганите имаа десет случаи на помалку корорнарна болест на 1.000 луѓе кои јаделе месо, но и три […]

Средба на Заев со Венецијанската комисија: Земјата е модел на партнер во примена на препораките од Комисијата


Република Северна Македонија е модел на партнер на Венецијанската комисија, бидејќи праксата покажува дека нашата држава ги применува препораките на Комисијата. Ова, како што соопшти владината прес-служба, е истакнато на средбата на премиерот Зоран Заев, придружуван од министерката за правда Рената Дескоска со делегација на Венецијанската комисија предводена од шефот на делегацијата, Томас Маркерт. На […]

Дел Боске: Да бев тренер во Барса, немаше да го земам Нејмар


Поранешниот тренер на Реал Мадрид и шпанската репрезентација Винсенте дел Боске ги изрази своите ставови за Нејмар. Цело лето се зборуваше за трансфер на Бразилецот во Барселона, но тој на крајот остана во ПСЖ. – Не би било лошо да се врати во Ла Лига, но да бев тренер во Барса не би го зел. […]

Фон дер Лајен вo вторник ќе го претстави новиот состав на Еврокомисијата


Новоименуваната претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на 10 септември ќе го претстави новиот состав на Европската комисија. Откако новата италијанска Влада денеска официјално го номинираше Паоло Џентилони за иден еврокомесар, Фон дер Лајен го комплетираше списокот од 27 комесари, кои во следните пет години ќе бидат дел од нејзиниот тим. Новата шефица […]

ЈО се уште разгледува дали да ги прифати предметите на СЈО


Јавното обвинителство се уште го разгледува прашањето дали да ги прифати предметите на Специјалното јавно обвинителство, информираат од ЈОРМ. Вчера претпладне специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е во притвор во КПУ Затвор Скопје-Скопје како осомничена за случајот „Рекет“, даде полномошно сите предмети на СЈО да бидат предадени на Јавното обвинителство на РСМ. Со полномошното […]