Се сврши пејачот Александар Белов


Познатиот македонски поп-пејач Александар Белов кој подолго време живее и пее во Србија, поточно во Крагуевац, по неколкугодишна врска со Србинката Јелена ќе заплива во брачните води.

Од Белов кој своевремено победи на „Операција триумф“, одамна не сме слушнале ништо ново на музички план, а и ретко настапува во Македонија.

Свадбата ќе биде на есен. Радосната вест “дека љубовта е посилна од сѐ“, Белов веднаш ја сподели на социјалните мрежи, на неговиот профил на Инстаграм, каде објави и фотка од свршувачкиот прстен.