Штипскиот Универзитет потпиша договор за соработка со Универзитет во Дубаи

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Блажо Боев, денеска потпиша договор за соработка со претставниците од Универзитет во Дубаи. Договорот се однесува на соработката меѓу правните факултети на двата универзитети и ќе значи бенефит во интернационализацијата на Универзитетот „Гоце Делчев“.

-Ова е значајна соработка во рамките на размената на професори и студенти, а особено во интернационализацијата на Универзитетот „Гоце Делчев“ надвор од границите на Европа. Многу е важно да ги прошириме нашите видици со земји надвор од овој регион, кои се исклучително важни во она што се случува денеска во развиениот свет и мислиме дека тоа е подрачје кое е важно за образованието и економијата, но и за новите технологии, рече Боев.

Универзитетот „Гоце Делчев“ досега има потпишано вакви договори со над 300 универзитети во Европа и светот, а целта е размена на студенти и наставен кадар преку Програмата Еразмус плус.