Клаузула во договорот на Меси му овозможува да ја напушти Барса по крајот на секоја сезона


Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси има прилично интересна клаузула во договорот, која му овозможува да го напушти „Камп Ноу“ по крајот на секоја сезона без Каталонците да го запират, пренесува „Ел Паис“.

Аргентинскиот репрезентативец го потпиша својот прв договор со клубот во 2005 година и оттогаш е обновен осум пати. Клаузулата за која станува збор беше додадена кога тој го потпиша својот последен договор во 2017 година.

Според шпанскиот весник, газдите на клубот дозволиле ваква опција во договорот заради лојалноста на големата sвезда досега. Други извори велат дека клаузулата ќе биде активна само доколку Меси сака да игра во тим надвор од Европа.

Такви клаузули во договорите имале и Андрес Иниеста, Шави и Карлес Пујол.