Пожар над селото Страцинци на Скопска Црна Гора


Пожар избувна попладнето над селото Страцинци на планината Скопска Црна Гора и се движи кон кумановското село Мојанце. Зафатена е ниско стеблеста шума, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.

– Три возила со 10 пожарникари се на терен. Дејствуваме за да се спречи проширување на пожарот во шумата. Зафатена е голема површина од околу три до четири километри, додаде Симоновски.