Почна реконструкцијата на улицата „Борис Сарафов“
Екипите на Град Скопје денеска ги почнаа градежните работи за реконструкција на улицата „Борис Сарафов“. Покрај улицата, во овој проект е предвидена и изградба на нова водоводна, фекална и атмосферска канализација, на потегот од крстосницата со улицата „Македонска војска“ до крстосницата со улицата „Сремски фронт“. Со овој проект целосно ќе се реконструира коловозот на улицата […]