Во сообраќајки во Скопје тешко повредени тројца пешаци и велосипедист


Во текот на вчерашниот ден во Скопје од автомобил биле удрени вкупно тројца пешаци и еден велосипедист, информираат од МВР. Првата несреќа се случила во 11:20 часот на улицата  „Димитрие Чуповски“ кога автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 28-годишниот С. А. удрил во 72-годишен пешак. Во незгодата со тешки телесни повреди се […]

Кеико Ханеда: Јапонците би биле фасцинирани од вашата култура


Идната недела јапонски министер и бизнис-делегација првпат ќе престојуваат во Македонија. Земјата од најдалечниот Исток, според амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда, сака да ги подигне на повисоко ниво односите со нашата земја, на бизнис, но и на културен, туристички и друг план, покрај многуте проекти за помош што веќе ги остварува во земјата. Јапонија е […]

Интер го стави Наинголан на пазарот


Иднината на Раџа Наинголан во Интер е повеќе од несигурна. Антонио Конте, новиот тренер на „нероазурите“, изјави дека нема да го толерира недостатокот на професионализам од неговите играчи. Пороците на популарниот „Нинџа“ се добро познати на сите, и од таа причина Конте споделил пред раководството на тимот дека нема да се потпира на Белгиецот. Само […]

Дачиќ: Неизвесен состанокот во Париз за Косово


Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави денеска дека е неизвесно дали на 1 јули во Париз ќе се одржи најавениот состанок на Белград и Приштина и предочи дека состанок нема да има ако не постои можност да се дојде до подобрување на состојбата, односно „ако таксите не се укинат “. Според мислењето на […]

Тројца мртви и еден потешко повреден во бура во Франција


Франција почна да пресметува штетите по моќната бура што ја погоди земјата и во која загинаа три лица, а илјадници домаќинства останаа без струја. Тројца спасувачи од француската поморска служба за спасување загинаа вчера, кога нивниот брод се преврте во бурното море, откако бурата „Мигел“ го погоди Атлантскиот Океан. Спасувачкиот брод со седум лица екипаж […]

Ѓоковиќ: Надал и Федерер се најдобри во историјата на тенисот


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека е задоволен од фактот дека Рафаел Надал и Роџер Федерер, како и самиот тој, стигнале до полуфиналето на „Ролан Гарос“. – Секој пат е различно. Стануваме постари, но сепак можеме да покажеме добар тенис на најголемите турнири. Тоа е одлично. И очигледно овие момци – Надал и Федерер се […]

Пендаровски ја поддржува иницијативата за реформа на изборниот модел


Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, дава поддршка на иницијативaтa на неколку политички партии, доставени во изминатиот период до неговиот кабинет за реформа на изборниот модел преку измена на Изборниот законик, за создавање пропорционален изборен модел со отворени листи и намалување на бројот на изборни единици на територијата на државата. –Претседателот Пендаровски ги повикува политичките […]

Преговори или избори


АЛЕКСАНДРА М. МИТЕВСКА Дали сме поблиску до датум за почеток на преговорите со ЕУ и до реконструкција на извршната власт или до нова политичка неизвесност и можни предвремени парламентарни избори? Тоа се две потенцијални траектории низ кои би продолжила државата откако премиерот Зоран Заев токму од Брисел порача дека сите, помалку или повеќе непопуларни потези […]

Игор Пачемски за „Независен“: Станав дел од тимот на „Ралф  Лорен“


Македонскиот дизајнер Игор Пачемски (41), стана дел од тимот на луксузниот американски моден бренд „Ралф Лорен“. – Работам на 2 нови колекции на „Ралф Лорен“ кои ќе се лансираат допрва и не можам ништо да зборувам за нив, исто така работам и на линиите на „Поло“ и на „Лорен бај Ралф Лорен“. Колекциите се изработуваат […]

Загина возач на мопед, се судрил со автомобил на автопатот Штип-Свети Николе


Триесет и едногодишен маж од Велес кој упаравувал со мопед загина при судар со автомобил на автопатот Штип-Свети Николе кај штипското село Кривидол, информира портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова. Според неа, автомобилот кој се судрил со мопедот бил со скопски регистарски таблички, а во несреќата учествувале уште две други возила. Полесно се повредени и […]

Рамос влезе во историјата на Шпанија


Серхио Рамос стана фудбалер со најмногу победи за репрезентацијата на Шпанија при победата со 4:1 над Фарски Острови во квалификациите за ЕП 2020. Дефанзивецот на Реал Мадрид го го запиша својот успех бр.122 со Иберискиот тим и го надмина голманот Икер Касиљас. Рамос, исто така, го постигна својот 19-ти гол за Шпанија, со кој го […]

Сари го презема Јувентус следната недела, Челзи се откажува од компензација


Маурицио Сари ќе го преземе Јувентус следната недела. До вторник, стратегот ќе го потпише договорот со италијанскиот шампион откако Челзи се согласи да го раскине договорот, објави „Скај Спорт Италија“. Кон крајот на минатата ноќ од Челзи ја објавија нивната разделба со Еден Азар, а судбината на белгискиот репрезентативец ќе ја доживее и Сари. Претставниците […]

Во ВМРО искрени или пресметани: И ние сакаме датум, Заев и онака е готов


Раководството на ВМРО-ДПМНЕ се врати од Брисел и од Берлин каде што имаше средби со челните луѓе на Европската народна партија и со соработниците на германската канцеларка Ангела Меркел. Разговорите биле искористени да се лобира нашата земја да добие почеток на преговори за членство во Европската Унија, но воедно беа упатени и низа критики за […]

Кандидат за премиер на Велика Британија призна дека користел кокаин


Кандидатот за иден премиер на Велика Британија и за лидер на Конзервативната партија Мајкл Гоув призна дека во неколку наврати, кога бил млад, земал кокаин и потенцираше оти жали поради тоа. – Неколкупати сум земал кокаин на социјални настани пред повеќе од 20 години. Тогаш бев млад новинар. Беше грешка. Погледнувам наназад и посакувам да […]

Mot me diell dhe i ngrohtë deri në 36 gradë


Moti në vend do të jetë me diell dhe ndjeshëm më ngrohtë me vranësira të vogla deri në mesatare. Pasdite në pjesët malore, veçmas në pjesët perëndimore do të ketë kushte për shi të përkohshëm dhe bubullima. UV indeksi do të jetë 9. Temperatura e mëngjesit do të sillet prej 11 deri në 18 gradë, […]

Спречен терористички напад во Бугарија


По првпат е спречен терористички напад во Бугарија, а цел на џихадистот бил Пловдив. Според непотврдени информации, осомничениот е малолетно лице и тој бил уапсен пред да го изврши делото, пренесува БГНЕС. Се очекува денеска прес-конференција на Обвинителството, на која ќе бидат соопштени повеќе детали. Бугарските власти одбија да го откријат неговиот идентите, а се […]

Харадинај: Темата поделба на Косово – веќе на постои


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, по враќањето од Германија, изјави дека за поделба на земјата воопшто не се разговарало, бидејќи, според него, таа тема веќе не постои. На прес-конференција во Приштина, Харадинај потенцираше дека за време на средбата со германската канцеларка Ангела Меркел, како и со други германски функционери, воопшто не станало збор за таа тема. […]

СОНК не сака наставници да губат работа – за ученици да работат


Дуалното образование се гледа како еден од начините да се запре процесот на млади кои бегаат, односно имаат мал интерес да се запишуваат во средните стручни училишта. Претседателот на Организацијата на работодавачи, Ангел Димитров,подвлекува дека младите најчесто сакаат да се вработуваат во јавниот сектор и затоа одбираат општествени науки. Дуалното образование може да биде од помош, но […]

Опозицијата најавува протест за „ослободување“ на Албанија, полицијата под целосна мобилност


Обединетата албанска опозиција вечерва ќе го одржи осмиот „национален протест“ со почеток во 19 часот пред Владата во Тирана, за кој очекува да биде најмасовен до сега, но според медиумите можно е да биде и најнасилен. На тоа наведуваат сознанија на полицијата дека се можни напади врз институциите, поради што албанските власти најавија ангажирање многу […]

Брегу: ЕУ никогаш нема да биде комплетна без Западен Балкан


Европската унија никогаш нема да биде компелтна без Западен Балкан“, но мора да ја замени „геополитиката“ со вистинска геополитика, рече генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС) Мајлинда Брегу, зборувајќи на ГЛОБСЕК форумот во Братислава, заедно со претседателите на Србија, Александар Вучиќ, на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ и со бугарската министерка за надворешни работи […]