Ѓоковиќ: Надал и Федерер се најдобри во историјата на тенисот


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека е задоволен од фактот дека Рафаел Надал и Роџер Федерер, како и самиот тој, стигнале до полуфиналето на „Ролан Гарос“.

– Секој пат е различно. Стануваме постари, но сепак можеме да покажеме добар тенис на најголемите турнири. Тоа е одлично. И очигледно овие момци – Надал и Федерер се несомнено најголеми легенди во тенисот и најдобри играчи во историјата. Среќен сум што ќе натпреварувам со нив, рече Новак Ѓоковиќ.

Рафаел Надал се квалификуваше за финалето на Ролан Гарос, по успехот на Федерер, и за Ѓоковиќ денеска претстои да го одигра својот полуфинален судир со Доминик Тим.