Транспарентни постапки за регуларни вработувања


Вработувањата во институциите и изборот на раководните позиции ќе бидат максимално транспарентни. Како што најавија вчерва премиерот Зоран Заев и министерот Дамјан Манчевски, кандидатите за директори на која било институција пред изборот ќе бидат објавувани на сите релевантни сајтови. Постапката ќе биде целосно отворена, за јавноста да знае дека нема злоупотреби. На раководна функција ќе […]

Манчевски: Шалтери да нема, граѓаните да ги добиваат услугите на своите мобилни уреди


Клучниот дел на реформата во јавната администрација е граѓаните да ги добиваат услугите на своите мобилни уреди, шалтери веќе да нема, смета министерот Дамјан Манчевски. Во вчерашното гостување на Отвореното студио на МРТ заедно со премиерот Зоран Заев и министрите за труд и социјална политика и за здравство, Мила Царовска и Венко Филипче, Манчевски повтори […]

Заев: Немаме надворешни проблеми и кочници, голем дел од работите зависат од нас


ЕУ треба да расчисти дека земјава нема интенција да стане членка во јуни или во јули, туку дека сака да ги почне преговорите. Тоа ќе биде дополнителна мотивација и стимул да работиме уште повеќе, похрабро, подобро и поуспешно, рече премиерот Зоран Заев во синоќешното Отворено студио на МРТ. Според него, ако ЕУ не испорача датум за почеток […]

Сончево и топло, до 36 степени


Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно северозападен ветер. Минималната температура ќе биде меѓу 10 и 18, а максималната од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 9. […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Треба добро да ги разберете пораките што доаѓаат во ваш правец: иако работите се одвиваат според планираното, тоа не значи дека треба да се опуштите и да чекате да се завршат самите од себе. Оценете ја добро ситуацијата и немојте да сте импулсивни и наивни: ќе постигнете смиреност имајќи доза на хумор. Учете да […]

Заев: Почетокот на преговорите дополнителна мотивација за реформите


Ако ЕУ не испорача датум за почеток на преговорите, ќе ги демотивира и другите земји, а може да поттикне и повторно враќање на националистичките структури што навистина не ни е потребно. Европа има одговорност, треба да се постави сериозно кон оние што исто така постапиле, рече премиерот Зоран Заев во синоќешното Отворено студио на МРТ. […]

Баша повика на протест: Очите на светот се вперени кон нас, да ја ослободиме Албанија


Од партиското седиште, лидерот на опозициската Демократска партија Љуљзим Баша, вечерва уште еднаш побара заминувањето на премиерот Еди Рама и „ослободување од најлошото зло што ја зафатило земјата“. Тој уште порача дека „очите на целиот свет денеска се насочени од Албанија за да се види како ќе се реши кризата“. Албанците, како што рече, немаат […]

Албанската полиција има сознанија за можни напади врз институции на утрешнот опозициски потест


Поради сознанија дека се можни напади врз институциите, албанските власти за утрешниот протест на обединета опозиција ќе ангажира многу поголема бројка на припадници на безбедносните сили, јави тиранската телевизија АБЦ њуз. Освен повеќето од 1.700 полицајци, ќе бидат ангажирани и припадниците на Националната гарда, полициски службеници од Драч и Елбасан, а во првиот полицски кордон […]

Украден автомобил во Велес, сопственикот бара помош


Кристијан Јордановски од Велес сабајле ја оставил колата BMW 320 пред главната пошта во Велес, кога излегол од работа не ја видел. Шокиран вели дека се работи за кражба. Преку социјалните мрежи бара помош да ја најде колата, па се обрати и кај нас. Случајот е пријавен и во полиција.

Тепачка пред стадион: Приведени речиси двеста полски навивачи


Полските навивачи што допатуваа до земјата да го проследат вечерашниот фудбалски меч меѓу Македонија и Полска продолжуваат со инцидентите. Пред малку во близина на Градскиот стадион во Скопје дошло до масовна меѓусебна тепачка, во која учествувале припадници на неколку навивачки групи од Полска. По брзата реакција на полицијата приведени речиси двеста навивачи. Гостите од Полска […]

Рама за објавените „бомби“:Тоа е кал што опозицијата го фрла врз Албанија


Албанскиот премиерот Еди Рама ја обвини опозицијата дека на германскиот весник „Билд“ му доставила материјали од досијето 339,кои се однесуваат на прислушувани разговори, за тоа „како се купуваат гласови во Албанија во полза на владеачката Социјалистичка партија на Еди Рама“. На средба со граѓани во Тирана, Рама сето ова го отфрла, смета дека е жртва […]

Сејдини ја прими легендата на Полска


Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Муамед Сејдини денеска приреди заеднички ручек со неговиот полски колега, легендарниот Збигниев Бониек, непосредно пред вечерашниот квалификациски натпревар за ЕУРО 2020 меѓу Македонија и Полска. Средбата помина во многу пријателска атмосфера, во која двете страни ги разменија своите искуства. Полската легенда му даде голема поддршка на претседателот на ФФМ […]

(ФОТО) МВР ги изолира Полјаците во Градски Парк


Припадници на специјалните единици при Министерството на внатрешни работи ги изолираат полските навивачи во Градски парк со цел да не се дозволат евентуални „блиски“ средби со домашните фанови.   

Официјалната продавница на Реал веќе продава дресови на Азар со бр.7


Иако трансферот на Еден Азар во Реал Мадрид сè уште не е објавен, сосема е сигурно дека тоа ќе се случи. Во една од официјалните продавници во „лос бланкос“ (на аеродромот во Барселона) може да се купи дрес на Белгиецот, со број 7 на грбот. По напуштањето на Кристијано Роналдо, „седмицата“ отиде кај Маријано Дијаз. […]

Вучиќ: Датумот за преговори на Скопје и Тирана би бил добра вест


Српскиот претседател Александар Вучиќ смета дека добивањето датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ на Албанија и Северна Македонија би била добра вест за двете земји, за нивните граѓани, но и за Србија. -Тоа би била добра вест за нив и за нивните граѓани. Барем би добиле одредена надеж, што е добро за […]

Тереза Меј и официјално поднесе оставка


Британската премиерка Тереза Меј денеска официјално ја извести КОнзервативната партија дека поднела оставка на местото претседател на партијата. Со тоа започна трката за нејзин наследник, кој ќе биде и следен британски премиер. Меј ќе остане премиер и ќе ја врши должноста претседател на партијата додека пратениците и членовите на Конзервативната партија не изберат нов лидер, […]

Озил и неговата вереница ќе израдуваат 1.000 деца од целиот свет


Тоа може и да е нивниот голем ден, но Месут Озил и неговата идна сопруга Амине Ѓулше, ќе ја одбележат својата свадба со многу мил гест. Двојката одлучи да им помогне на многу деца од целиот свет. Фудбалерот на Арсенал и неговата веренциа ќе платат операции за 1.000 деца. Месут Озил и Амине ги предупредиле […]

Сообраќајка на патот Штип – Кочани, тројца повредени


Три лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Штип – Кочани во близина на клучката кај селото Уларци. Како што информира портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова, незгодата се случила околу 16:10 часот, меѓу три возила. Според привичните информации, повредените патници се хоспитализирани во Општата болница во Кочани. Засега не […]

Вучиќ и Тачи во Братислава -Различни толкувања за косовското прашање


Српскиот и косовскиот претседател Александар Вучиќ и Хашим Тачи денеска во Братислава, во рамки на меѓународната конференција „Глобсек“ говореа за дијалогот за нормализација на односите, а на панелот присуствуваа и црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и директорот на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) за Западна Европа, Западен Балкан и Турција, Анѓелина Ајххорст . Вучиќ на […]

Ливерпул објави разделба со 9 играчи


Раководството на Ливерпул официјално објави разделба со девет фудбалери. Пред неколку дена стана јасно дека Алберто Морено и Даниел Стариџ го напуштаат клубот откако договорите им истекуваат и нема да бидат обновени. Младиот фудбалер на тимот Конор Рандал, кој забележа осум натпревари под водство на Јирген Клоп, како и голманот Адам Богдан, кој пак одигра […]