Сејдини ја прими легендата на Полска


Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Муамед Сејдини денеска приреди заеднички ручек со неговиот полски колега, легендарниот Збигниев Бониек, непосредно пред вечерашниот квалификациски натпревар за ЕУРО 2020 меѓу Македонија и Полска.

Средбата помина во многу пријателска атмосфера, во која двете страни ги разменија своите искуства. Полската легенда му даде голема поддршка на претседателот на ФФМ Сејдини за секој проект или инвестиција која се однесува на домашниот фудбал.

Инаку, полската фудбалска легенда Бониек, беше поранешен репрезентативец на Полска, како и на многу познати клубови, меѓу кои се и Јувентус и Рома, а подоцна беше и тренер, па и селектор на полската репрезентација, а сега веќе е и претседател на Полската фудбалска федерација и член на Извршниот совет на УЕФА.