Тимови на Црвениот крст од утре ќе патролираат низ централното градско подрачје


 Од утре по два мобилни тима на Црвениот крст на Град Скопје во периодот од 11 до 16 часот ќе патролираат низ централното градско подрачје и на поголемите автобуски постојки и притоа ќе даваат совети на граѓани за заштитата од топлотниот бран, а доколку е потребно ќе укажат и прва помош. – Црвениот крст на […]

Пендаровски за турското барање за екстрадиција: Мора да ја следиме политиката на ЕУ


Претседателот Стево Пендаровски денеска од Брисел порача дека за барањата на официјална Анкара за екстрадиција на неколку лица осомничени за терористички активности, Северна Македонија мора да ги следи домашните закони, но и да се усогласи со европските партнери. Од петнаесет случаи кои се побарани од страна на Турција до сега, пет не се наоѓаат на […]

ЦЕИ: Да се донесе одлука за почнување преговори со Северна Македонија, без одлагање


Претставниците на земјите-членки на ЕУ кои учествуваа на денешниот Состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Централно-европската иницијатива (ЦЕИ) во Трст, порачаа дека е круцијално носењето одлука за почнување преговори на нашата земја со ЕУ, без одлагање. Министерот за надворешни работи Никола Димитров во своето обраќање подвлече дека прв пат во својата историја, нашата […]

Пендаровски: Народот е преморен од чекање датум за преговори


Претседателот Стево Пендаровски од Брисел порача дека „заморот од проширувањето“ на кој се повикува Европската Унија го чувствува и Северна Македонија, која се наоѓа во чекалната од 2005-та година. Пендаровски, на конференција организирана од тинк-тенкот „Пријатели на Европа“, одговарајќи на прашања од публиката, потсети дека Северна Македонија, по четиринаесет години и десет позитивни препораки од […]

Академик Блажо Боев реизбран за ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип


Академик Блажо Боев е реизбран за ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Оваа одлука попладнево ја донесе сенатот на Универзитетот. Боев е редовен професор на Факултетот за природни и технички науки на Универзитетот. Од Центарот за односи со јавност при Универзитетот информираат дека од 12 до 14 часот гласале наставно-научните совети на сите факултети […]

Pendarovski optimistic about the start of accession talks


North Macedonia’s President Stevo Pendarovski has declared from Brussels that the European Union has a historical opportunity to show leadership and vision for the entire region. “Our people are not asking something that they do not deserve. What they want is to be given the chance to build a European state with a fair, humane […]

Бугарија сака да го штити македонското небо со „Ф-16“


Членката на НАТО, Бугарија, може да помогне во заштитата на воздушниот простор на Македонија ако го доврши договорот за купување на осум авиони „Ф-16“ од САД, изјави премиерот Бојко Борисов. Бугарија се обидува да ги замени своите стари ловци од советското време „МИГ-29“ и да ја подобри усогласеноста со стандардите на НАТО. Агенцијата на Пентагон […]

Непознати лица испраќаат лажни маил пораки од Охридска банка


Охридска банка во земјава информира дека преку фалсификување на идентитетот на банката непознати лица испраќаат лажни маил пораки. -Во текот на денешниот ден се забележани „phishing“ напади од страна на непознато лице кое фалсификувајќи го идентитетот на Охридска банка АД Скопје и користејќи го логото, се обидува да извлече податоци преку праќање на меил пораки, […]

Од јули почнува вакцинацијата за заштита на децата од пневмокок и рота вирус


На вчерашната седница Владата ја усвои Информацијата за прогресот на активностите во реализацијата на Акцискиот план за воведување на вакцинација за заштита од пневмокок и рота вирус. Во текот на овој месец, до службите за имунизација ќе бидат дистрибуирани дози од двете вакцини. Почнувајќи од јули, родителите кои сакаат ќе имаат можност да го вакцинираат […]

Целерот полн со арсен


Концетрации на арсенот во почвата се на загрижувачко високо ниво, при што помалку концетрации има во зелката и морковот, но фрапирачко висока е во целерот, во кој има 16 пати поголема концетрација од дозволеното. Ова го покажуваат резултатите од анализите направени од испитувањето на нивото на загаденост на почвата во Скопскиот регион, што денеска во […]

Макрон: Би ја поддржал Меркел за претседател на Еврокомисијата


На Европската унија и е потребен силен човек на чело на извршниот орган на блокот, изјави францускиот претседател Емануел Макрон, додавајќи дека би ја поддржал германската канцеларка Ангела Меркел за нов прв човек на Европската комисија. – Доколку таа го сака тоа, јас би ја поддржал, изјави Макрон, додавајќи дека на Европа и се неопходни […]

Балканските земји наскоро со заедничката база на податоци во борба против организираниот криминал


Над 110 илјади предмети годишно води италијанскиот Директорат за гонење на мафија и тероризам, кој располага со огромна база на податоци, што го олеснува процесирањето на овие случаи, а италијанското Министерство за правда во моментов изработува модел на база за податоци, кој ќе биде оперативен во земјите од Балканот меѓу кои и Северна Македонија. Националниот […]

(ВИДЕО) Трагичен одмор за семејство од Скопје: Таткото и мајката загинаа, бебето преживело


Во сообраќајна несреќа, на патот од Италија до Франција, го загубија животот млад брачен пар од скопската населба Методија Андонов- Ченто. Се работи за Ебубекир Сулејмани и неговата сопруга Егзона Максути, кои имале 24 години. Во несреќата, нивното шестмесечно бебе останало живо. Парот живеел во Лион, Франција, а во Италија биле на одмор. Несреќата се […]

(Видео) Од „Водњанска“ до Чаир за пет минути


Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, претседателот на Одборот на директори на компанијата „Мега инженеринг консалтинг АД“ Ајкут Јилдирим и претставникот на Групата на понудувачи – Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии Скопје АД Борис Танески денеска го потпишаа договорот за изработка на основен и инфраструктурен проект за измена и дополнување на […]

Наскоро упатен акт за бизнисменот Кочан за издржување на казната за „Труст“


Предметот „Труст“ на СЈО вчера Апелацискиот суд го проследил до Кривичниот суд и во наредните денови преку АКМИС системот ќе му биде распределен на судија за извршување санкции кој потоа треба да му издаде упатен акт на бизнисменот Сеад Кочан кога треба да се јави на издржување на затворската казна. Како што информираат од Кривичниот […]

Кацарска нема да може да ги суди организаторите на „27 април“


Судијката Добрила Кацарска нема да може да го суди предметот за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година. Првично АКМИС системот на Кацарска и го доделил предметот за оценка на обвинението за овој кривично правен настан по што таа веднаш побарала изземање поради пристрасност, но не била утврдена пристрасност и и било […]

Се надуја и брзо издишаа


САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ Четири од можни шест бода во март, нула од можни шест во јуни. Колку и да паѓа тешко, колку и да сакаме да релативизираме, сепак, Македонија излегува од редот на конкуренти за првите две позиции во групата во квалификациите за Европското фудбалско првенство во 2020 година. Точно е дека до второто место […]

Јанева: Мијалков не бил таргет на прислушување, тој ја дал наредбата


Сашо Мијалов, еден од обвинетите во случајот „Таргет – Тврдина“, не бил цел на прислушување, туку додека бил директор на УБК по негова наредба се прислушувало, изјави специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која потенцира дека докази за тоа ќе бидат презентирани за време на рочиштата на судењото за случајот. Јанева ова го кажа по презентацијата […]

Меган Маркл ќе биде гостин-уредник во „Вог“


Англија – Британскиот уредник на „Вог“, Едвард Енифул, ја поканил војвотката од Сасекс да учествува во уредувањето на најважното – септемвриско издание на „Вог“. Според договорот, освен во уредувањето на модниот едиторијал, Маркл ќе има и своја модна колумна каде што ќе ги претстави своите мислења околу трендовите. Маркл е на породилно отсуство, го роди […]