(ВИДЕО) Трагичен одмор за семејство од Скопје: Таткото и мајката загинаа, бебето преживело

Во сообраќајна несреќа, на патот од Италија до Франција, го загубија животот млад брачен пар од скопската населба Методија Андонов- Ченто. Се работи за Ебубекир Сулејмани и неговата сопруга Егзона Максути, кои имале 24 години.

Во несреќата, нивното шестмесечно бебе останало живо.

Парот живеел во Лион, Франција, а во Италија биле на одмор. Несреќата се случила кога се враќале кон Франција.

Според италијанската полиција, причина за несреќата била премореноста на возачот.