Секаде ограничувања, кај нас доживотни кабинети


Улогата на бившите шефови на државата во политиката може да биде додадена вредност, но и сосема безначајна, ама ретко каде како кај нас тие доживотно се згрижени со параграфите на законот. Односот кон нив е деликатен за повеќето земји, а нивните привилегии во време на криза може да бидат тежок товар за сиромашни земји како […]

Загинати возачот и патниците од „реното“ во сообраќајката кај Драчево


Пет лица загинаа во сообраќајка што се случи ноќеска на влезот на скопската населба Драчево, потврдија од Министерството за внатрешни работи. Според првичните информации, до несреќата дошло кога автомобил „рено 5“ удрил во камион за смет на „Комунална хигиена“ во близина на бензинската пумпа на „Лукоил“ на улицата „Борис Трајковски“. Како што наведоа од МВР […]

Британските пратеници во јуни повторно ќе гласаат за договорот за Брегзит


Англија – Британската премиерка Тереза Меј на почетокот на јуни повторно ќе се обиде да обезбеди поддршка од Парламентот за договорот за излез од Европската унија, соопшти нејзината канцеларија. Парламентот до сега три пати го одби договорот за Брегзит кој го постигнаа Меј и ЕУ кон крајот на минатата година. Како што најави канцеларијата на британската […]

Ерсте банка: Северна Македонија ќе има полза од решавањето на спорот со името


Со завршувањето на речиси тридеценискиот спор со Грција околу името на земјата, Северна Македонија може да очекува период на забрзан раст на среднорочен план поттикнат од крајот на политичката неизвесност, потрошувачката и обновената инвестициска активност, покажува новиот извештај на Ерсте банка. Оваа година, банката очекува земјава да има раст на БДП од 2,9 проценти, а […]

Предметите на СЈО на пауза


Додека политичарите преговараат и никако не можат да го договорат идниот статус на Специјалното јавно обвинителство, во Кривичниот суд постојано се одложуваат предметите кои беа отворени пред две години. Првиот предмет „Титаник“, кој СЈО го отвори веднаш по неговото формирање, уште е во доказна постапка. Прв предмет што влезе во судска процедура е „Насилството во […]

„Лучија од Ламермур“ вечер на МОВ


Психолошки фасцинантната опера „Лучија од Ламермур“ од Гаетано Доницети, со врвна солистичка екипа, ќе се одржи вечерва во рамки на 47. Мајски оперски вечери во Националната опера и балет. Во главната улога како Лучија ќе настапи нашата светски позната првенка Ана Дурловски која бележи успешна светска кариера. Италијанскиот баритон Франческо Вултаџо, добитник на многубројни интернационални награди ќе настапи […]

Прво полуфинале на Евросонг: Србија, Грција и Словенија во финале


Израел- Познати се првите 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евровизија, која се одржува во Тел Авив, Израел. Од 17 земји кои настапија синоќа, во финалето се пласираа изведувачите од Грција, Белорусија, Србија, Кипар, Естонија, Чешка, Австралија, Исланд, Сан Марино и Словенија. Македонија со Тамара Тодевска ќе настапи утре во втората полуфинална вечер како […]

Оптимизам и исчекување за датум за старт на преговорите


Бескомпромисен оптимизам кај Владата за добивање датум за отворање на пристапните преговори и воздржаност кај дипломатите во исчекување на извештајот за напредокот на земјата. Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан вчера најави дека ЕК ќе препорача отворање на преговорите со Скопје и Тирана во извештаите за напредокот на земјите што ќе бидат објавени на 29 мај. […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Во кругот на своите најблиски, сепак е можно да се чувствувате по малку осамени: интуитивно знаете дека работите се менуваат на фундаментален начин, но тоа не е причина за фрустрација и незадоволство. Размислете добро што може да направите за да се подобрите во непосредната иднина. Бидете флексибилни со колегите: нова стратегија. БИК: Месечината во […]

Election Lessons


Aleksandar Krzalovski Sunday’s inauguration of Stevo Pendarovski marked the end of the presidential elections. The drama of the uncertain result in the first round did not reflect in the second round, where after the first half of the count, it was clear how it was going to end. The drama was left only for the […]

За првпат по несреќата ќе се снима документарец во домот на Шумахер


Семејството на легендарниот пилот во Формула 1, Михаел Шумахер, за првпат по несреќата што ја доживеа за време на скијање во декември 2013 година, дозволи на камери да влезат во нивниот семеен дом во близина на Женева за снимање на документарен филм. Германскиот режисер Мајкл Вех и Ханс-Бруно Камертенс ќе снимаат документарец за Шумахер, во […]

Две катни гаражи ќе се градат во Клиничкиот центар во Скопје


Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје ќе добие две катни гаражи. Владата на седница вечерва ја усвои Предлог-одлуката за започнување постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство (ЈПП) за изградба на гаражите. Како што соопшти владината прес-служба, целта на постапката за доделување на договор за јавно приватно партнерство за изградба на […]

Лавров: Москва ќе прифати да организира средба Трамп – Путин


Москва ќе одговори позитивно доколку добие официјална понуда од Вашингтон да организира средба меѓу претседателите на Русија и САД,  Владимир Путин и Доналд Трамп, за време на самитот на Г20 во Осака, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. – Ние, секако, ги слушнавме изјавите на Трамп дека очекува да се сретне со претседателот […]

„Дизни“ го презема видео стриминг сервисот „Хулу“


Американската филмска компанија „Волт Дизни“ презема контрола над видео стриминг сервисот „Хулу“, кој е главен конкурент на „Нетфликс“ и „Амазон Прајм“. Според договорот за купопродажба што беше објавен денеска, 33 отсто од акциите на сервисот остануваат во сопственост на телекомуникациската компанија „Комкаст“, додека контролниот пакет на акции ќе го преземе „Дизни“. Согласно договорот, постои опција […]

Дане Талески е нов национален координатор за НАТО


Владата, на денешната седница му утврди престанок на функцијата на досегашниот национален координатор за подготовка на Република Северна Македонија за членство во НАТО, Стево Пендаровски, поради изборот за претседател на Република Северна Македонија. Согласно член 83 од Уставот должноста претседател на Републиката е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка […]

Помпео бара Русија да му ја откаже поддршката на Мадуро


Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска во Сочи побара од Русија да прекине се поддршката на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. На заедничката прес-конференција со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по нивната средба, Помпео изјави дека Мадуро „не му донел ништо друго на венецуелскиот народ освен мизерија“. – Се надеваме дека поддршката на Русија […]

Трамп нема намера да испраќа американски војници на Блискиот Исток поради Иран


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги отфрли како неточни наводите на весникот „Њујорк Тајмс“ дека САД планираат да испратат свои војници на Блискиот Исток, поради ескалацијата на тензиите со Иран. – Мислам дека тоа се лажни вести. Дали би го направил тоа, апсолутно да. Но, немаме план за нешто такво. Се надевам дека нема ниту […]

Вработените во културата ќе добијат покачување со априлската плата


Почнувајќи од минатиот месец, 2.899 вработени во културата ќе имаат зголемување на платите, соопшти вечерва владината прес-служба по одржувањето на 135 седница на Владата на Република Северна Македонија која ја усвои информацијата за нивелација на платите на вработените во институциите од областа на културата по дејности. -Со нивелацијата на платите се опфатени сите вработени во […]

Полска ќе усвои построг закон за сексуално злоставување


Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска вети построги казни за сексуално злоставување малолетници, откако беше прикажан документарен филм за злоставување од страна на свештеници. Премиерот Моравјецки и министерот за правда Збигњев Зјобро на прес-конференција во Варшава изјавија дека Владата го подготвила законот со кој ќе има построги казни за злоставување малолетници. Според новиот закон, кој треба […]

Путин во посета на Државниот центар за пробни летови


Рускиот претседател Владимир Путин денеска го посети Државниот центар за пробни летови „Чкалов“ во Ахтубинск, каде што му беа прикажани најнапредните радарски и ракетни системи и најсовремени авијациски технологии, вклучувајќи го и борбениот авион МиГ-31 со хиперсоничната ракета Кинджал. Ловецот од петтата генерација Сухој-57, како и борбениот авион МиГ-35 и примероци на идните напредни беспилотни […]