Загинати возачот и патниците од „реното“ во сообраќајката кај Драчево


Фото: Б. Грданоски

Пет лица загинаа во сообраќајка што се случи ноќеска на влезот на скопската населба Драчево, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

Според првичните информации, до несреќата дошло кога автомобил „рено 5“ удрил во камион за смет на „Комунална хигиена“ во близина на бензинската пумпа на „Лукоил“ на улицата „Борис Трајковски“.

Како што наведоа од МВР на местото на несреќата загинале три лица, а две се пренесени во болница каде им подлегнале на повредите.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека сообраќајката се случила во 23.40 часот помеѓу товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од  М.Ј.(44) од Скопје “ и патничко возило „рено 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Л.(43) од Скопје.

Возачот Ј.П. и сопатниците во возилото „рено“, С.Н., А.Т.(54) од Скопје, Е.Т.(37) од Скопје и И.А.(40) од Скопје починале на местото на несреќата.

Возачот на камионот М.Ј. се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.

Увидот треше до раните утринските часови, а сообраќајот беше блокиран.

Од МВР повеќе детали за сообраќајката најавија во текот на денов.