На ФЕИТ ќе биде отворена прва лабораторија за тестирање на 5Г


По повод Светскиот ден на телекомуникациите – 17 мај, денеска на  Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ќе биде отворена првата лабораторија за тестирање на 5G технологијата „5G evolution laboratory”. Во оваа лабораторија преку партнерството на ФЕИТ и Македонски Телеком, во иднина ќе се вршат и  реални 5G тестирања. Воведувањето на 5Г технологијата во […]

Во Њујорк групна изложба на македонски уметници „Пиперка“


Во галеријата на Македонскиот културен центар во Њујок, САД (Gallery MC, NYC, USA) денеска официјално ќе биде отворена групна изложба со наслов „Пиперка“. На изложбата ќе бидат претставени дела на тројцата македонски уметници: Решат Амети, Сергеј Андреевски и Емил Шулајковски, а нивни гости ќе бидат уште седуммина уметници: Памела Тол, Гејл Тастин, Ерика Харис и […]

Се урна воен авион Ф-16, повеќемина повредени


САД – Воен авион Ф-16 синоќа се урна во магацин во Калифорнија, а повеќе луѓе завршија во болницата, бидејќи беа погодени од делови на леталото. Пилотот скокнал навреме и се спуштил со падобран и тој е пренесен во болница, јавуваат американски медиуми. Се испитува причината за падот на воениот авион. На магацинот остана огромна дупка. Сведоците изјавија дека слушнале силна експлозија.

Федерер спаси две меч топки и го отстрани Чориќ во Рим


Италија– Четирикратниот финалист Роџер Федерер го надмина третиот круг на турнирот од сериите „Мастерс“ на земјени терени во Рим со награден фонд од 5,21 милиони евра, откако спаси два меч топки и го победи со 2:6, 6:4, 7:6 (7) Хрватот Борна Чориќ. Федерер играше тајбрејк за победата против Чориќ, кој поведе со 6:4 и имаше […]

Кенет Финсен, меѓународен секретар на данскиот Парламент во посета на Сoбранието


Кенет Финсен, меѓународен секретар на Парламентот на Кралството Данска денеска е во посета на Република Северна Македонија. Како што е најавено, тој ќе има средба со пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Данска.

Нови рочишта за „Триста“, „Тврдина 2“ и „Топлик“ на СЈО


Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Триста“, „Тврдина 2“ и „Топлик“. Во „Триста“ обвинет е поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за злоупотреба на службена должност при набавката на 300 возила за потребите на Министерството за внатрешни работи. Судијката Добрила Кацарска во мај […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Денес ќе сакате повторно да му се приклучите на светот: вашиот шарм и заводливост се нагласени и ќе инсистирате на слобода и среќа во пријателските врски. Комуникацијата се одвива прилично лесно и сега подобро ги разбирате потребите на најблиските. Убави бизнис шанси, кои што е добро да ги искористите. Насмејте се: ден за прослава! […]

Бр. 412


Ана Павловска – Данева – Булдожер наместо метла Имаме силни врски со Велика Британија Се бараат наркотестови за сите функционери ВМРО доби нова шанса да се откаже од Груевски Борис Георгиевски: Не се плашам од “метлата”, си ја работам “домашната” Сивата економија јаде половина од легалниот профит  

Македонија е горда: Тамара во финале на Евросонг


Израел– Македонската претставничка Тамара Тодевска се пласираше во финалето на изборот на песна Евровизија, којшто ќе се одржи во сабота, во Тел Авив, Израел. Тамара настапи со песната „Горда“ (Proud). Aвтори на песната на англиски јазик се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски. Од втората вечер во финалето се пласираа уште и Холандија, Албанија, […]

Рудина Хајдари: Постои таен политички договор Рама – Баша


Координаторката на новата пратеничка група на Демократската партија (ПД) во Собранието на Албанија, Рудина Хајдари денеска обвини дека постои таен договор меѓу албанскиот премиер Еди Рама и лидерот на опозициските демократи Љуљзим Баша. Хајдари и демократскиот пратеник Ралф Ѓони, кои не се откажа од пратеничките мандати, од собраниската говорница побараа објаснување од владејачкото мнозинство за […]

Трамп: Не сакам да започнам војна со Иран


Американскиот претседател Доналд Трамп му порачал на вршителот на должноста секретар за одбрана на САД, Патрик Шанахан дека не сака да започне војна со Иран, тврди „Њујорк Тајмс“. Според весникот, ова Трамп му го рекол на Шанахан вчера за време на брифинг во Белата куќа, посветен на последниот развој на настаните во реонот на Персискиот […]

Бартомеу: Сакаме Валверде да остане


Ернесто Валверде може да остане во Барселона и покрај елиминацијата од Ливерпул во полуфиналето на Лигата на шампионите. Претседателот Пеп Марија Бартомеу даде силна индикација дека желбата на клубот е да го задржи менторот, за кој се шпекулира дека е сигурен патник, поради неуспехот на „Енфилд“. – Валверде неодамна изјави дека има поддршка од претседателот […]

Земјотрес на пацифичкиот брег на Никарагва


Земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на пацифичкиот брег на централноамериканската држава Никарагва, соопшти Американскиот геолошки институт. Земјотресот бил на длабочина од 70 километри под површината на земјата, со епицентар на 26 километри северозападно од никарагванскиот град Хикилиљо. Покрај во Никарагва, потресот се почувствувал и во соседниот Салвадор, вклучително […]

Истражувачки новинар убиен во Мексико


Мексиканскиот истражувачки новинар Франсиско Ромеро е убиен денеска од засега непознати лица во близина на популарното одморалиште Канкун на карипскиот брег на Мексико. Ромеро, кој работел за еден локален весник и интернет сајт, бил застрелан во местото Плаја дел Кармен, каде неколку криминални банди се борат за контрола врз наплатата на рекет од деловните објекти, […]

Русија го менува тонот кон Советот на Европа


Русија го промени тонот кон Советот на Европа, изразувајќи пофални зборови за него, што се оценува како подготвеност на Москва да остане членка на оваа најстара паневропска организација, јави дописникот на МИА од Стразбур. На Русија и се закануваше исклучување од Советот на Европа, откако украинската криза предизвика длабока криза помеѓу организацијата и Москва. Иако […]

Де Лихт: Не знам дали ќе одам во Барселона


Дефанзвецот на Ајакс, Матаис де Лихт, во голема мера ги потврди извештаите од последниве часови, дека неговиот трансфер во Барселона сѐ уште не е реалност. До неодамна се сметаше дека тој сигурно оди на „Камп Ноу“, заедно со соиграчот Френки де Јонг, но сега изгледа тоа не е толку сигурно. – Не е време да […]

Kosovë, denoncohet në Kuvend përdhunimi nga serbët


Deputetja Flora Brovina ka bërë publike një fotografi me të cilën dëshmohet kryerja e një krimi makabër gjatë luftës në Kosovë. Aty shihen tre ushtarë serbë duke dhunuar një femër shqiptare. Për publikimin e kësaj fotografie përfaqësuesja e PDK-së në parlament u kritikua nga koleg të saj e shoqëria civile. Mirëpo, ajo veprimin e arsyetoi […]

Разбиена меѓународна група која украла милиони долари од банкарски сметки


Во комплексна полициска операција спроведена во САД, Грузија, Бугарија, Молдавија и Украина разбиена е меѓународна криминална група која користела малициозен софтвер за да украде 100 милиони долари од над 40.000 жртви, јави Би-Би-Си. Групата ги заразила компјутерите на жртвите со малверот „GozNym“, кој ги вчитува податоците од онлајн банкарството и пристапот до сметки. Организацијата била […]

Фотографии на жена и дете силувани од српските сили прикажани јавно во Собранието на Косово


Косовската поетеса и активистка за човекови права Фљора Бровина, која е актуелна пратеничка на Демократската партија на Косово (ПДК), денеска од собраниската говорница покажа фотографија од силување на една жена, како и сликата на седумгодишно девојче кое, како што тврди, починало по силувањето од страна на српските воено-полициски сили во војната во 1999 година. Пратеничката […]

Хан: Северна Македонија направи многу, единствена во регионот нема конфликт со ниту еден сосед


Северна Македонија направи многу, оценува еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во интервју за Дојче веле и објаснува дека секоја земја кандидат за членство во ЕУ ќе биде оценувана одделно врз основа на својот напредок и постигнувања. Тој не ја исклучува можноста земјава и Албанија да се одвојат од процесот на приближување кон ЕУ. -Мојата цел […]