Речиси празна судница на седницата за „Диво насеље“


Во Апелацискиот суд во Скопје, со исказ на адвокатите од одбраната, денеска продолжи јавната седница по жалбите на 33-та осудени лица за крвавата престрелка во кумановско Диво насеље. На јавната седница присуствуваат само тројца од обвинетите, откако останатите вчера доброволно ја напуштија седницата, која имаше тензичен старт со навреди од обвинетите кон судот. Судската сала […]

(Видео) Шокантно видео за изборите за европскиот парламент


Видео-спот со кој се повикуваат граѓаните да гласаат за изборите за Европскиот парламент за само две недели на социјалните мрежи прегледан е околу 120 милиони луѓе. Причината лежи во тоа што содржината на видеото во најмала рака е чудна, затоа што сепак се работи за избори за најбројното и најважното тело во ЕУ. Прашање е […]

„Њујорк тајмс“: Трамп зел хипотекарен кредит од пет милиони долари


Американскиот претседател зел заем од банка од пет милиони долари под формата – хипотекарен кредит, објави Њујорк тајмс. По податоци на службата што следи финансии на американскиот претседател,  актуелниот пеф на државата склучил договор за добивање заем за купување недвижен имот во 2018 година. Сумата на кредитот е пет милиони долари. Во документот се нагласува […]

Вучиќ: Заев на отворање на јужниот крак на Коридор 10


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека на утрешното отворање на јужниот крак на автопатот на Коридор 10 низ Србија ќе присуствува и премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев. – Милам дека пристигнувањето на Заев е важна вест и го покажува значењето на Коридорот 10, истакна Вучиќ во утринската програма на РТС, додавајќи дека од […]

„Метлата“ ќе чисти само со коалициски договор


Министрите на коалицискиот партнер во Владата, ДУИ, кои се најдоа на удар на јавноста како можни жртви на „метлата“ на премиерот оран Заев, не се снајдоа пред камерите и се решија партискиот штит да го стават врз личниот интерес. Постојано повторувајќи дека за кадровските решенија во Владата може да решава само јадрото на политичкиот субјект […]

Брахос: Комисијата за трговските ознаки е дијалог меѓу бизнис заедниците од двете земји


Не е дијалог меѓу државите, тоа е дијалог меѓу бизнис заедниците и затоа очекуваме во следниот период, следната седмица или таа по неа, да започне бизнис дијалогот меѓу двете страни, чија координација, од грчка страна ја има Централната унија на комори, Федерацијата на индустрии на Грција и Здружението на грчки извозници, рекол Генералниот секретар за […]

Челзи Менинг поради Асанж повторно в затвор


САД – Поранешната аналитичарка во американската армија Челси Менинг, ќе биде вратена в затвор по налог на федералниот суд поради „попречување на правдата“. Менинг одбила да одговори на прашања за основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. Претставник на нејзиниот адвокатски тим тоа го изјави по сослушувањето пред судот во Александрија. Судијата Ентони Тренга рече дека Менинг би […]

Нема дискриминација во забраната за запишување невакцинирани деца во школо и градинка


Не е дискриминирачка забраната за запишување и прием на невакцинирани деца со МРП во градинките и училиштата, смета Комисијата за заштита од дискриминација. Поттикната од претставките на граѓаните и јавно искажаните ставови во медиумите, Комисијата донесе Општо мислење според кое барањето потврда дека едно дете е вакцинирано со МРП при запишување во градинка или во школо […]

Запален автомобил на косовски заменик министер и функционер на партијата на Вучиќ во Зубин Поток


Автомобил марка „пасат Б7“ со косовски регистерски таблички, сопственост на заменик министерот за труд и социјала во Владата на Косово, Милош Перовиќ, кој е воедно и висок функционер на Српската напредна партија (СНС) на претседателот на Србија Александар Вучиќ, е запален синоќа по полноќ во центарот на Зубин Поток, во Северно Косово, јави дописникот на […]

Најден труп на новинар кој бил под заштита на државата


Новинарот Франсиско Ромеро Дијас е убиен на карипскиот брег на Мексико. Тој е петти новинар кој во Мексикое е убиен во текот на оваа година. Трупот на Дијас, новинар кој беше под заштита на државата и работеше за локални медиуми, пронајдено е вчера во градот Плаја дел Кармен, велат од обвинителството. „Жртвата на 12 април […]

Од денеска „Хуавеј“ е на црната листа на САД


Наредбата на американската админстрација со која се става кинескиот телекомуникациски гигант Хуавеј Технолоџис на црната листа стапува на сила денеска. Министерот за трговија Вилбур Рос вчера изјави дека од денеска стапува на сила таа наредба. Американското министерство соопшти дека на т.н. Листа на правни лица (Entity list) е Хуавеј технолоџис и уште 70 филијали со […]

Градоначалникот на Њујорк најави кандидатура за претседателските избори


САД – Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио најави во видео порака дека ќе се кандидира за претседателските избори во САД. Педесет и осум годишниот член на Демократската партија би можел да има потешкотии да се издвои меѓу бројните демократи, посебно левичарски ориентираните, кои најавија дека ќе се натпреваруваат за партиската номинација за претседателски кандидат на […]

„Матурска парада 2019“ на плоштадот „Македонија“


На плоштадот „Македонија“ денеска на пладне ќе се одржи традиционалната манифестација „Матурска парада 2019“, на која ќе учествуваат околу 1.000 матуранти од Скопје. На „Матурската парада“ традиционално матурантите танцуваат квадрил. Освен во Скопје, парада на матуранти ќе има и во други градови низ земјава. Парадата на матурантите почна да се организира во 2001 година во […]

Осудените за „Диво Насеље“ здивеа во судница


Две години по првостепената пресуда, над триесет осудени за крвавиот судир во Куманово, вчера повторно беа спроведени во истата судница, во големата свечена сала во Врховниот суд, единствена која ги собира сите обвинети, нивните адвокати, роднините и новинарите. Судењето беше закажано за 9:30 часот, но почна со еден час задоцнување. Со огромно полициско обезбедување, полицајци, […]

Променливо облачно, со сончеви периоди


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмежи, локално со засилен ветер и појава на град. Утринската температура ќе се движи од четири до 12, а дневната од 14 до 24 степени. Во Скопје, облачно со сончеви периоди. Попладне со врнежи од дожд. […]

Случај Богоевски: Се бараат наркотестови за сите функционери


Скандалот со пратеникот Павле Богоевски по објавената снимка на која тој тврди дека нарачува масло од канабис за близок болен член од семејството, а не кокаин, ја крена јавноста на нозе. Скопското обвинителство побарало МВР да го утврди идентитет на сопственикот на профилот „Илија Громовник“, каде што беше објавена снимката на пратеникот Павле Богоевски, во […]

За три месеци наплатени 7,7 милиони евра од патарини


Во првиот квартал од годинава Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) наплатило патарини во износ од 7,7 милиони евра, за 6,2 проценти повеќе во однос на првото тримесечје од минатата година, која е рекордна во наплатата на патарините. Лани биле реализирани 94 тендери за јавни набавки, а од почетокот на годинава 52. Од јануари до […]

Рецензија: „Гробишта за миленичиња“


И овој хорор, во режија на Кевин Кулш и Денис Видмир, со Џејсон Кларк, Еми Сајмец и Џон Литков,  како и многу претходни ја користи темата на животот на мртвите. Оригиналноста на овој се состои во тоа дека мртвите можат да видат што живите им правеле зад грб – додека мртвите биле живи. Исто така, […]

Сивата економија јаде половина од легалниот профит


Македонија, регионално гледано, е најпогодена од сивата економија, но колкава е таа нема единствен став. „Владата е отворена да расправа и за оваа многу важна тема, сивата економија, која, според податоците на Светска банка, изнесува околу 20 проценти. Во справување со сивата економија потребно да се вклучат не само владата и институциите туку и бизнис-секторот, […]

„Бомбашот“ од Собранието меѓу загинатите кај Драчево


Скопјани вчера се простуваа од петмина свои сограѓани, кои загинаа во стравотната сообраќајна несреќа што се случи во вторникот пред полноќ во близина на Драчево. Блиските ги оплакуваа починатите, пет семејства се завија во црно, деца останаа без родители. Неодговорено ќе остане прашањето што се случувало кобните моменти кога автомобилот во кој се превезувале премина […]