Најден труп на новинар кој бил под заштита на државата


Новинарот Франсиско Ромеро Дијас е убиен на карипскиот брег на Мексико. Тој е петти новинар кој во Мексикое е убиен во текот на оваа година.
Трупот на Дијас, новинар кој беше под заштита на државата и работеше за локални медиуми, пронајдено е вчера во градот Плаја дел Кармен, велат од обвинителството.
„Жртвата на 12 април пријави закани“, се наведува во соопштението.
Дијас беше независен новинар кој работеше за дневниот весник „Кинтана Ро ој“ и кој од 2018 година беше дел од програмата за заштита на новинари, соопштија Репортери без граници.
Тие наведуваат дека тој е четврт убиен новинар во сојузната држава Кинтана Ро во рок од една година.
Мексико се наоѓа на 147 од 180 места на ранг-листата за слобода на медиумите на Репортери без граници. Според таа организација, Мексико е меѓу најопасните места за новинари во светот, на ниво со Авганистан, Јемен и Сирија.
Во текот на 2018 година во Мексико се убиени 10 новинари, а најголем дел од случаите не се решени.
Мексиканската влада кон крајот на март објави дека сака дополнително да го зајакне механизмот за заштита на новинари.