По Холивуд, и Боливуд се пресели во Кан


Франција– По Холивуд, и Боливуд се пресели на престижниот црвен килим на Канскиот филмски фестивал. По Кроазета, со драматични тоалети, прошетаа актерките и мис Аишварија Раи, Депика Падуконе, Хина Кан, Пријанка Чопра, Кангана… Мексиканскиот режисер Алехандро Гонзалез Ињариту годинава претседава со жирито, кое на 25 мај ќе го прогласи добитникот на „Златната палма“. Во жирито […]

(Фото-галерија) Матурантите танцуваа квадрил


Околу илјада матуранти, на скопскиот плоштад танцуваа квадрил, заедно со матурантите од другите градови низ земјава, но и во земјите од регионот, синхронизирано, во исто време. Оваа манифестација, која се одржува по 13-ти пат има за цел да се поврзат младите преку танцот и музиката и токму преку тоа синхронизирано танцување да се постигне единство. […]

Владата распиша конкурс за детски раскази и песни за „Моето патување во Фантазија“


Канцеларијата на премиерот Заев распишува конкурс за избор на детски раскази и песни за публикацијата „Моето патување во Фантазија“, со цел поттикнување на креативноста и љубовта кон пишаниот збор кај најмладата популација Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија распишува конкурс за избор на раскази и песни за публикација на детската книга „Моето […]

Реакции во Косово: Oбјавената слика од силување во војната не е автентична


Косовските медиуми изразија сомневање во автентичноста на сликата што вчера во Собранието ја покажа пратеничката Фљора Бровина, која тврдеше дека се работи за доказ за силувањата што српските воено-полициски сили ги вршеле во Косово во последната војна. Бровина од собраниската говорница покажа слика на која, според неа, се гледаат тројца српски војници како силуваат 35-годишна […]

Гвардиола го сака Родри во Сити


Манчестер сити, на првиот ден од преодниот рок, кој во Англија започна во четврток, му испрати службена понуда за Родри на Атлетико Мадрид, пишува шпанскиот весник „АС“. Играчот од средниот ред Родриго Хернандез Касканте познат како Родри има откупна клаузула од 70 милиони евра, а Сити веќе му испратил предлог договор и очекува да биде […]

Тевдовски: Вмрежување на фирмите и работни места за младите се економски приоритети на патот кон ЕУ


Намалување на невработеноста кај младите, интегрирање на домашните компании на меѓународните пазари и борба против сивата економија се трите клучни предизвици кои ќе се опфатат во Програмата за економски реформи 2020-2022, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на Економскиот и финансиски дијалог меѓу ЕУ и Западен Балкан и Турција, кој се одржува во Брисел. Обраќајќи […]

Вучиќ: На провокациите од Приштина ќе реагираме „воздржано и смирено“


Српскиот претседател Александар Вучиќ по повод одлуките на Приштина и носењето на резолуцијата за геноцид на Србија на Косово, изјави денеска дека „на овие провокации Србија ќе реагира воздржано и смирено, за да не го загуби кредибилитетот во меѓународната заедница, но и ќе го заштити српскиот народ“. Тој за РТС оцени дека со носењето на […]

Градоначалникот на Гази Баба по лошиот изборен резултат: Не се плашам од „метлата“, си ја работам „домашната“


Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борче Георгиевски, не се плаши од најавената „метла“ на премиерот Зоран Заев, затоа што смета дека си ја одработува „домашната задача“, односно ги решава локалните проблеми во Општината. Во интервју за „Независен весник“, Георгиевски вели дека не бега од одговорноста, а изборните резултати сигурно ќе бидат разгледувани на следниот конгрес […]

Жител на тетовско Доброште сакал да прегази полицајци


Жител на тетовското село Доброште се обидел да прегази полициски службеници кои го затекнале на земјен пат во шумскиот предел кога се обиделе да го запрат за извршување контрола, соопшти СВР Тетово. Полицајците се тргнале настрана и испукале предупредувачки куршуми. -Околу 19 часот, на земјен, шумски пат за тетовското село Доброште, патрола од Полициската станица […]

Намален бројот на разводи, но и на склучени бракови


Намален е бројот на склучени, но и на разведен бракови, покажува статситиката. Минатата година се склучени 13.494 брака или 2,1 отсто помалку од 2017-та, а бројот на разводи достигнал 1.620 што е намалување од 18,8 проценти. Според Државниот завод за статистика, најмногу бракови, 1.665 или 12,3 отсто се склучени во август, а најмалку, 738 или 5,5 отсто во […]

Миланов: Во случајот ,,Диво насеље“ нема докази за тероризам


Во Апелацискиот суд во Скопје, со исказ на адвокатите од одбраната, денеска продолжи јавната седница по жалбите на 33-та осудени лица за крвавата престрелка во кумановско Диво насеље. Адвокатот Еленко Миланов, рече дека основна грешка во оваа постапка е во обвинителството и правната квалификација тероризам. – Неспорен факт е дека имаме страшен настан, но исто […]

,,Независните“ ќе предлагат доброволен нарко тест за пратениците


Независната пратеничка група од ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија денеска ќе поднесе иницијатива до Собранието, сите пратеници доброволно да направат тест за (зло)употреба на наркотични средства. Бараат Собранието в понеделник, да овозможи услови и лекарски тим кој ќе може ова да го спроведе. – Предлагаме и другите политичари, актуелни и поранешни функционери, […]

Касиљас се збогува со кариерата, но не и со фудбалот


Легендарниот шпански голман Икер Касиљас наскоро ќе објави крај на својата кариера, пишува португалскиот весник „О Јого“. Касиљас неодамна претрпе инфаркт, поради што лекарите му препорачаа да го напушти професионалниот фудбал. Шпанецот оваа одлука сигурно ќе ја објави на крајот на сезоната бидејќи не сака да го одвлече вниманието на соиграчите од последното коло на […]

Европски национализам во балканско пакување


ЕРОЛ РИЗАОВ Европскиот национализам и егоизам стаса и во Македонија во ново балканско пакување. Не е толку примамлив повеќе оној квазипатриотизам инспириран од првата половина на минатиот век, иако сè уште е жив и се тркала по темните ќорсокаци. Сега се во тренд влијанијата на западноевропските десничарско фашистички застрашувања, кои на Балканот стасуваат на голема врата […]

Патувачкиот автобус на ЕУ ќе посети осум града по повод Денот на Европа


Како дел од кампањата „ЕУ за тебе“, патувачкиот автобус на ЕУ со претставници од Делегацијата на Европска Унија, амбасадори од неколку земји членки на ЕУ, студенти и претставници на медиуми ќе посетат осум града низ земјава, во периодот 20-31 мај 2019. Целта на патувачкиот автобус на ЕУ, организиран од Делегацијата на Европска Унија, е да […]

(Видео) Какви сѐ трикови користат Американците за да не платат патарина


Полицијата во САД објави снимки на кои се гледа со какви трикови се служат Американците за да избегнат плаќање патарина. Иако постојат навистина бизарни примери, кои всушност се многу ефикасни, полицијата ги предупредува граѓаните да не го прават тоа ако не сакаат да останат без возачка дозвола засекогаш. Погледнете го телевизискиот прилог за тоа на […]

ВМРО доби нова шанса да се откаже од Груевски


ВМРО-ДПМНЕ сè уште се двоуми како да постапи при повторното гласање за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски поради тоа што повеќе од шест месеци неоправдано е отсутен од работа. Новата шанса што најголемата опозициска партија ја доби да се откаже од наследството на поранешниот премиер ги стави во ситуација да размислува што да […]

Уапсен слаткоречивиот скопјанец: Мамел низ цела Европа, па бегал 10 години


Скопјанецот С.Д. (34) кого италијанската полиција го бараше речиси цела деценија поради измами преку кои заработил милиони евра низ Европа, сосема случајно минатата недела е уапсен на аеродромот во Милано, од каде требало да полета за Скопје. Веднаш е спроведен во истражен затвор, бидејќи му е одреден притвор. Првата измама која е документирана, скопјанецот ја […]

(Видео) За милион долари: Мадона на Евросонг со „Like a prayer“ и „Future“


Израел– Поп-ѕвездата Мадона утре, на финалето во арената „Експо“ , ќе испее две песни: хитот „Like a prayer“ и новата песна „„Future“. Од дваесетминутниот настап, специјалната гостинка ќе заработи милион долари, кои и ги обезбедува канадско-израелскиот милијардер и филантроп Силван Адамс. Со неговиот приватен авион ѕвездата слета неделава во Тел Авив. Сценографијата на Мадона пристигна […]