(ВИДЕО) Пречек за Тамара на Скопскиот аеродром


Македонската претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска која со песната „Proud“ го освои осмото место и највисокиот пласман на земјава досега на Евровизија, вечерва се враќа од Тел Авив во Скопје. Таа треба да пристигне на Скопскиот аеродром околу 21:45 часот. Се очекува на аеродромот да ја пречекаат многубројни нејзини обожаватели. Тамара синоќа на финалната вечер […]

По цели 130 години: Килограмот од утре повеќе нема да биде ист


Последните 130 години килограмот како единица мерка дефиниран од физички цилиндар направен од легура на платинум и иридиум, кој се чува во Меѓународното биро за тегови и мерки во Франција. Меѓутоа, секојпат кога научниците го земале тој цилиндар во рацете, тој губел атоми па се проценува дека сега е 50 микрограми полесен отколу што бил […]

Протести против национализмот во повеќе европски градови


Неколку десетици илјади лица денеска излегоа на протести во повеќе европски градови против национализмот и десничарскиот популизам. Протестите организирани во пресрет на изборите за Европскиот парламент се одржаа под слоганите „Една Европа за секого: Вашиот глас против национализмот“ и „Не на омразата, да на промените“. Меѓу градовите во кои се одржаа вакви протести беа Берлин, […]

Меси по шести пат најдобар стрелец во Примера


Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси, стана најдобриот стрелец во шампионатот во Шпанија за сезоната 2018/19. Аргентинецот постигна 36 гола, убедливо повеќе од своите конкуренти – соиграчот Луис Суарез и напаѓачот на Реал, Карим Бензема кои во листата на стрелците се запишаа по 21 пат. Претходно Меси трофејот Пичичи гомосвојуваше во 2010, 2012, 2013, 2017 […]

Заев: Европа треба да возврати и да ја награди нашата земја


Северна Македонија за кратко време стана модел, пример како се решаваат дури и најтешките билатерални прашања и затоа Европа треба да возврати и да ја награди нашата земја, истакна премиерот Зоран Заев на средбата со поранешниот претседател на Република Австрија, Хајнц Фишер во Виена. Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев го информирал Фишер за последните […]

Надал подобар од Ѓоковиќ во финалето во Рим


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го победи Србинот Новак Ѓоковиќ во финалниот меч на АТП турнирот во Рим со 2-1, по сетови 6:0, 4:6 и 6:1. Мечот по кој Надал стигна до неговата 81-ва титула во кариерата траеше нешто помалку од два и пол часа. Воедно Шпанецот го запиша 34. Триумф на турнирите од серијата 1.000. […]

Директорот на скопската Зоолошка со тешки навреди за дијаспората поради Тамара


Директорот на скопската Зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски, преку статус на својот Фејсбук профил упати жестоки навреди кон македонските иселеници и дијаспората, поради нивното негласање и бојкотирањето на нашата претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска. Голем дел од дијаспората повикуваше да се бојкотира гласањето на Евровизија поради новото име Северна Македонија, а директорот на Зоолошката градина во […]

Бетис го избрка тренерот по победата над Реал Мадрид


Шпанскиот фудбалски прволигаш Бетис на својата официјална веб-страница ја објави веста за крајот на соработката со тренерот Кике Сетен. Оваа одлука беше донесена од менаџментот на клубот по завршувањето на сезоната во шпанскиот шампионат каде Бетис го освои 10. Место и не успеа да избори учество во евро-куповите. Зелено-белите денеска во последното коло го победија […]

САД ги укинаа царините за увоз на челик и алуминиум од Канада и Мексико


Администрацијата на САД одлучи да ги укине царините за увоз на челик и алуминиум од канадско и мексиканско производство, на што се очекува Канада да одговори со укинување на тарифите за некои видови американски стоки. По ова, канадскиот амбасадор во САД, Дејвид Мекнотон соопшти дека новиот Договор за бесцаринска трговија во Северна Америка (УСМЦА), кој […]

По пет недели завршија парламентарните избори во Индија


Со спроведувањето на седмата фаза од гласањето, денеска, по пет недели, завршија парламентарните избори во Индија. Броењето на гласачките ливчиња ќе почне в четврток, за кога се очекува објавувањето и на првичните изборни резултати. Излезните анкети од гласањето посочуваат на победа на блокот на владејачката националистичка Индиска народна партија (БЈП) на премиерот Нарендра Моди. Според […]

Утре средба Џафери – Пендаровски


Новиот шеф на државата Стево Пендаровски ќе се сретне утре претпладне и  со претседателот на парламентот Талат Џафери, откако минатата седмица ја имаше првата средба со премиерот Зоран Заев. Средбата со Џафери е битна првенствено поради непотпишаните закони што на Пендаровски му ги остави во наследство неговиот претходник Ѓорге Иванов. На тие закони, покрај потписот […]

(ВИДЕО) Обезбедувањето веднаш ги одзеде палестинските знамиња од исландските музичари


Откако исландскиот бенд „Хатари“ ги развеа палестинските знамиња за време на бодирањето на евровизиската финална вечер, обезбедувањето веднаш се упати кон нив. Едниот член на бендот тајно снимаше со телефон како им ги одземаат знамињата.   View this post on Instagram   ?? #eurovision2019 A post shared by Einar Stef (@einar.stef) on May 18, 2019 […]

Албанија на италијански бизнисмен треба да му исплати 110 милиони евра отштета


Арбитражниот суд во Вашингтон донесе пресуда по поднесената тужба против албанската Влада од страна италијанскиот бизнисмен Франческо Бекети, поранешен сопственик на телевизијата „Агон Чанел“ и неколку компании затворени под обвинение за перење пари, со која Албанија треба да му плати отштета од 110 милиони евра. Во пресудата стои дека албанскиот премиер Еди Рама е одговорен […]

Анкета: Џо Бајден фаворит за победа на претседателските избори во САД во 2020 година


Апсолутен фаворит за победа на претседателска трка во САД следната година е поранешниот американски потпретседател Џо Бајден, покажуваат резултатите од најновата анкета на „Фокс Њуз“. Истражувањето покажува дека Бајден, кој се јавува како кандидат од демократите, би добил 49 отсто од гласовите ако изборите се одржат сега, а не идната година во ноември, додека актуелниот […]

Anagnostopoulou: The two borders crossings with North Macedonia are bridges of friendship and cooperation


The two borders crossings with North Macedonia are the new bridges of friendship and cooperation in the Balkans, built with solid materials and a plan for growth, prosperity, solidarity and peace in our neighborhood, said Greek Alternate Foreign Affairs Minister Sia Anagnostopoulou. According to Anagnostopoulou, the overwhelming approval of the local population of the Greek […]

Би-би-си: Импресивниот настап на Тамара овозможи да научиме географија


Уметничката вредност на Изборот за песна на Евровизија е секогаш дискутабилен, но нема дилема дека му помага на светот во совладување на географијата. Благодарение на импресивниот настап на Тамара Тодевска светот дозна за новото име на земјата што ја претставува. Ова го вели Би-Би-Си во коментар за синоќешната манифестација што се одржа во Тел Авив, […]

Бој Џорџ ја поддржа поранешната соработничка Тамара


Лавина од реакции и еуфорија кај македонската јавност се случи откако светски познатиот музичар Бој Џорџ на твитер даде поддршка за настапот и песната на Тамара на Евровизија. „Македонија е мојот фаворит“, напиша англискиот музичар и диџеј кој најдобро го знаеме по некогашниот бенд „Калчр клаб“. Во 2007 година Бој Џорџ настапуваше во Метрополис арената […]

Zaev congratulates Tamara: We haven’t been so proud in a long time


North Macedonia’s Prime Minister Zoran Zaev congratulated the country’s Eurovision representative Tamara Todevska after finishing 8th at the Grand Final of the Eurovision Song Contest in Tel Aviv. Israel. “Congratulations Tamara, congrats #TeamTamara. These moments of unity you made for us through music are precious. We haven’t been so proud in a long time!,” Zaev […]

(ВИДЕО) Исланѓаните со палестински знамиња среде Израел


Исландските претставници на годинешната Евровизија го искористија моментот на внимание за да протестираат. Додека водителите ги соопштуваа поените од публиката за исландскиот бенд „Хатари“ тие подигнаа палестински знамиња. По ова бурно реагираѓе публиката, а водители се обидоа да продолжат понатаму како ништо да не се случило. Во перформансот на Мадона повторно се појави палестинското знаме […]

Твитерџиите за Евровизија: „Тамара за Мадона е Калиопи“


Холандскиот претставник Данкан Лоренс со песната „Arcade“, победи на овогодинешниот избор за песна на Евровизија, што се одржа во Тел Авив, Израел. Нашата претставничка Тамара Тодевска со песната Proud („Горда“), се пласираше на осмото место, и го освои највисокиот пласман на земјава досега на Евровизија. Второпласирана е Италија, а третото место го освои претставникот на […]