(ВИДЕО) Обезбедувањето веднаш ги одзеде палестинските знамиња од исландските музичари


Откако исландскиот бенд „Хатари“ ги развеа палестинските знамиња за време на бодирањето на евровизиската финална вечер, обезбедувањето веднаш се упати кон нив. Едниот член на бендот тајно снимаше со телефон како им ги одземаат знамињата.

 

View this post on Instagram

 

?? #eurovision2019

A post shared by Einar Stef (@einar.stef) on

Тие во знак на протест поради воениот конфликт меѓу Израел и Палестина, ги подигнаа знамињата пред камерите.

„Хатари“ важат за контраверзен бенд кој секогаш ги лоцира проблемите и гласно зборува за тоа. Тие биле и предупредени дека не смеат да направат никаков скандал за време на нивниот настап. Тоа го испочитувале, но нивните „пет минути“ слава дојдоа за време на соопштувањето на гласовите од публика.